Фудбалски/трансфер дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
Де бе па и ти, само дискутираме. Ќе го земат на крај секако, загреани се многу. Како што ќе прогресира трансфер периодот, ќе напредуваат во наоѓање заеднички јазик. Мислам дека ќе ја платат клаузулата на крај, сега само опипаваат терен.

Ама ќе им биде проблем да го шитнат Гендузи за добра пара, памти ми зборов.

Нема врска, не се лутам само многу за сигурни ги земате информацииве а се е во ранг на шпекулација. Ако освоиме ФА може и ќе платат клаузула инаку нема шанси, а за Гендузи ќе го шитнат 20м+ без проблем

Sent from my JSN-L21 using Tapatalk
 
Мене со Аке ми е чудно и како би функционирале двајца левоноги стопери, знаејќи дека Лапорт си е стандард стартер.

Вака барем на прва мисла, не ми текнува на друг таков стоперски тандем.
 
Сити се изгорени од централните па сега тргнаа да купат све што мрда на таа позиција! Од друга страна може да се разбере Пеп, пола сезона Фернандињо му игра централен.
 
Мене со Аке ми е чудно и како би функционирале двајца левоноги стопери, знаејќи дека Лапорт си е стандард стартер.

Вака барем на прва мисла, не ми текнува на друг таков стоперски тандем.

Ако може двајца деснаци да играат заедно....
 
Сега уште 170 милиони фунти на лев и десен бек и наместо -18, следната сезона ќе биде на -10 од Ливерпул.

Иначе супер трансфер и за двете страни. Можеби Аке повеќе му требаше на Сити отколку на Челзи во моментов, ама секако дека ми е криво што не се врати назад.
 
Може и замена за Лапорт да биде, кој му ветува одма прв тим :D

А чекајте малце, што е проблемот со Гендузи освен што избувна против Брајтон и очигледно е дојдено до расправија со Артета, и претходно ли има правено глупости?
 
Имаше уште еден инцидент кога биле на тренинг во Дубаи, за кој Артета јавно обелодени, ама мое мислење е дека има и некои други епизоди, по што Артета оценил дека Гендузи не е веќе за во клубот
 
Со банот само го наљутија Сити, сега шеиците има да го купат светот. Очекувам и по напаѓач да тргнат и по бекови.
 
Може и замена за Лапорт да биде, кој му ветува одма прв тим :D

А чекајте малце, што е проблемот со Гендузи освен што избувна против Брајтон и очигледно е дојдено до расправија со Артета, и претходно ли има правено глупости?

Има историја на проблематично однесување, уште од Франција...

Убаво ми текнува, пред 2-3 години друга теорија имаше на темава :)

На што конкретно мислиш, не можам да се сетам на дискусијата?
 
На што конкретно мислиш, не можам да се сетам на дискусијата?

Двајца леваци и двајца деснаци.
Дека деснак е научен да игра со партнер деснак или левак додека левак со партнер само деснак.
Дека двајца штопери леваци не можат едноставно да функционираат. Нешто беше за Ливерпул, можни трансфери и Агер мислам беше у муабет (значи има повеќе од 2-3 години и не сум баш сигурен уствари дека беше за Агер муабетот)
 
Ако може двајца деснаци да играат заедно....
Воопшто не е исто, деснаците се снаоѓаат и на двете страни, леваците се ограничени.

Аке ќе игра или лев бек прва постава или ако Пеп планира 3ка позади па овој да игра лев штопер, или резерва на крај краева.

Не глеам како би играл у пар со Лапорт во одбрана со 4. Ама ај може ќе бидеме сведоци на уште еден револуционерен потег од Гвардиола.
 
Аке не беше десен штопер или лошо памтам? Се си мислам десно играше, ако е така, нема да има проблем да игра со Лапорт.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom