Фудбалски/трансфер дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
DS5T7yGW0AEBj2R.jpg

:vozbud:

деца некои си играле со фотошоп
 
Секако дека им се планирани парите. Исто како што им е планирана инфлацијата на пазарот. 100 милионски трансфери станаа/ќе станат нормала во фудбал.

Така да, тие 75 милиони за дефанзивец може се многу пари во моментов, ама некој во управата на Ливерпул проценил дека нема да изгледаат како многу за година-две од сега. Нема тука некои огромни завери или вистина што треба да е откриена.

Проблемот за кои се натегате неколку страни наназад е што ти не веруваш дека Ливерпул, како и 90% од англиските клубови, е финансиски многу помоќен од клубовите надвор од Англија. Сити и Јунајтед се моментално финансиски помоќни од Реал и Барселона (тоа никогаш не било така до пред 3 години), Ливерпул можеби не е на ниво на Барселона, ама е многу блиску.

И кога викам финансиски помоќни, не мислам на фудбалски поактрактивни. Реал и со помала финансиска моќ од Јунајтед е поатрактивен клуб за играч.

Ливерпул се сеуште многу далеку од Барселона и Реал. Тука се негде со Атлетико, нешто ситно над нив.
Реал и Барселона се сеуште над сите клубови во поглед на финансиската заработка, иако разликата драстично ја намалуваат англиските клубови.
По никоја логика нема Јунајтед повеќе пари од Реал и тоа не ради популарност, туку ради спортските успеси. Дури Јунајтед играше ЛЕ и завршуваше 6-то место Реал освои 3/4 ЛШ и тука сврти огромна, огромна пара. Истото важи и за соодносот Барселона-Јунајтед.
Е сега проблемот за Реал, Јунајтед и Барселона како водечки играчи е што тука се јавуваат играчи кои не функционираат на принципот колку пари толку музика(Сити и ПСЖ). Баш заради тоа имаше и итен состанок меѓу клубовите од тој блок, со цел да се почитува ФИФА фер плејот.
Но. изгледа ништо од тоа, и ако остане вака ПСЖ и Сити ќе бидат новите Реал и Барселона.
 
Сега на Реал 250 милки за Кејн минимум ќе им бара евреинов, ќе ги исцеди ко лимони
 
Нели Мбаппе беше купен за 165 милиони фунти?
 
Англиските клубови први станаа перални на пари за Американци и Азијци. Па така потпишуваат чудни спонзорски договори. Нема таму никаква спортска логика. Ама и шпанските ќе го фатат трендот за многу брзо. Затоа и сумите за трансфери одат во небеса.

Арапите се друга приказна, тие се политички проекти.
 
Сериозно им се објаснувате на Барса фан бојс за Ковачиќ? Нели гледате дека мислењето си го имаат оформено од последното Ел Класико каде што мислат дека грешка на Ковачиќ е првиот гол на Барса. Забораваат како ги доминираше на средина на претходните две класика во Супер Купот.
 
Сега на Реал 250 милки за Кејн минимум ќе им бара евреинов, ќе ги исцеди ко лимони

Ништо нема да исцеди..Реал нема пари потрошено три години, а свртија огромна сума што од трансферите што од успесите во ЛШ и на светско ниво...како што веројатно ќе останат со 0 титули би требало јако да испукаат наредното лето и да го купат светот буквално...јас типувам дека еден од Тотенхем ќе земат..е сега дали ќе биди Али или Кејн ќе видиме....ништо чудно и од кај Ливерпул да испазарат нешто
 
250м ако не е исцедување незнам па колку сакаат нека заработиле. Со Леви никој на крај не излегол ако не е по негово
 
"I wasn't manager when Suárez was sold. I wasn't manager when Sterling was sold. I'm manager now and we're not selling Coutinho."

- Jürgen Klopp in August.
:D
Затоа никогаш нема да бидат добар клуб, лагано со тие играчи ќе освоеа Премиер.
 
"I wasn't manager when Suárez was sold. I wasn't manager when Sterling was sold. I'm manager now and we're not selling Coutinho."

- Jürgen Klopp in August.
:D
Има голема разлика кога ќе каже самиот играч дека сака да си оди и крај.
Плус, да не почнеме со ваквите изјави на чичко Венгер, фељтон цел ќе излезе :D
 
Ги читав последните 10тина страни сега и уште не може да ми стане јасно како во 2018 година, клубовите од светски ранг кои што се компании кои вредат милијарди, всушност многу повеќе од тоа во реалноста, немаат вредност што може да се плати која ќе вкалкулира се што поседуваат, од материјален и нематеријален аспект, ги гледате низ така проста и едноставна призма. Толку пари од трансфери, толку за трошење, толку за спонзорски договор, приходи од карти (кои сигурно не надминуваат годишни плати на двата најплатени фудбалери во тимот, дали и толку) и така натаму.

Ова не е однесува само на Џони, туку на голем дел од членовите. Живееме во премногу напредно време, за работите да се гледаат како што би се гледале пред 30тина, можеби и повеќе години.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom