Џони Вајсмилер
Don't share my food
Секако дека им се планирани парите. Исто како што им е планирана инфлацијата на пазарот. 100 милионски трансфери станаа/ќе станат нормала во фудбал.
Така да, тие 75 милиони за дефанзивец може се многу пари во моментов, ама некој во управата на Ливерпул проценил дека нема да изгледаат како многу за година-две од сега. Нема тука некои огромни завери или вистина што треба да е откриена.
Проблемот за кои се натегате неколку страни наназад е што ти не веруваш дека Ливерпул, како и 90% од англиските клубови, е финансиски многу помоќен од клубовите надвор од Англија. Сити и Јунајтед се моментално финансиски помоќни од Реал и Барселона (тоа никогаш не било така до пред 3 години), Ливерпул можеби не е на ниво на Барселона, ама е многу блиску.
И кога викам финансиски помоќни, не мислам на фудбалски поактрактивни. Реал и со помала финансиска моќ од Јунајтед е поатрактивен клуб за играч.
Јас во овој случај и во оваа дискусија не напишав дека Ливерпул не е финансиски моќен,јас напишав дека тие два трансфери имаа поврзаност и парите му беа планирани.