Фудбалски/трансфер дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
Џабе е, не разбираат луѓево. Така се водеше клуб, ајде титули ќе освојуваме готово. Добра политика тера Дортмунд засега со оглед на околностите. Уште некоја година ќе мора вака да работат и да трупаат пари па после лека полека да ја сменат политиката. Сега тешко таква работа
 
Па ако гледате така и Јувентус доста клучни играчи продаде кога зачукаа парите на врата, Погба за 100ка одма летна, Видал исто го дадоа, Мората (ок овој не беше клучен и имаше бај бек клаузула ако не се лажам али чисто за пример), Бонучи и не знам дали заборавам некој, небитно. Што сега да не го продадат Дембеле за 150м? Со панделка ќе им го завиткам, ќе ти ебам и Дембеле и све, со тие пари 3 екипи може да се направат.

Доброто кај Дортмунд е што се стабилизираа финансиски, сега им треба да ја задржат основата на тимот која секако им е составена од млади играчи и да си бидат во борба за титула секоја година.
 
Ја навивам за Дортмунд од среде 90тите, поќе од 20 години. Верувај су видел врвови пример 1997 и дноа пример 2002-03. Среде 2000тите години Дортмунд беше пред бришење со долг поголем од 200м ЕУР. Стадионот беше продаден. 10 години подоцна имаш клуб кои освои неколку матични титули и е редовен гостин во ЛШ со солиден успех во тој куп. Стадионот е пак во сопственост на клубот, клубот има 50-100м ЕУР кеш на страна и тимот вреди околу 500м ЕУР. Како да не бидам задоволен како фан кои знае каде беше клубот пред десет години? Бидете реални ова не е фудбал менаџер на компјутер ове е рил лајф. Секојпат имајте на ум од каде дојде Дортмунд и што успеа со свој сили. Без шеик, без катар, без Абрамович.

Правиш муабет за Лева, Геце и Хумелс а не знаеш кои беа околностите што си одеа. Лева му истече договорот Баерн му ја дуплира платата, Геце имаше клаузула и стана на старт најплатен играч на Баерн. Дортмунд тогаш втора година по ред беше на врвот значи не ни се знаеше дали е привремен период или траен плус финансиски уште беше нестабилен. Мислам глупо е да очекуваш дека Дортмунд може да држи секој играч тоа не можат многу тимови.

Добрата политика на Дортмунд е што за 10 години со свои сили успеа да се врати на врвот и да биде константно тука. Не секојпат прв ама редовно во ЛШ и меѓу првите во Германија. Исто така мислам дека моментално имаат одличен и млад тим со одлична перспектива. Успехот годинава не е случајност. Е сега Дортмунд нема никојпат да биде Реал или Барса или да има финансиска моќ како ПСЖ или Сити.

ЈА овде се правдам оти Дортмунд не бил секојпат прв абе ај олабете малце :pos::D

Како прво не ти ја разбираат поентата што сакаш да му ја кажиш дека не е се во фудбалот и во спортот да освоиш титули и да бидиш прв...не разбираат дека Дортмунд се крена од бездната како никој друг,дека беа во банкрот и немаа годината да ја поминат па мораше другите клубови да му позајмуваат пари..дека со свои средства и напорна работа стигнаа да бидат втора сила во Германија и редовен учесник во ЛШ со млади играчи и костантен ремонт на екипата...и спортски и фудбалски се издигнаа од мртвите и станаа фактор во Германија..Не разбираат дека Дортмунд неможат да си дозволат да даваат толку големи плати како Баерн и затоа не е благодарно да се споредваат со нив и дека за нивни стандарди успех е самиот пласман во нокаут фазата.

Дортмунд,Атлетико и Јувентус се пример во модерниот фудбал како се станува од ништо нешто..додуша Јувентус и порано беше гигант но тие беа во пеколот и со паметна работа стигнаа до ова ниво како што се денес...тука можи и Ливерпул да се вметни во ова друштво.
 
па што
битно е да се учествува

Sent from my iPhone using Tapatalk

Ако прочитате внимателно ќе видите дека напишав 'не е се'..ама добро нормално ќе си прочитате тоа што ви одговара...вие од самиот старт правите погрешна споредба со тоа што ги ставате на вага со Баерн Минхен, а двата клуба не се на исто ниво,како да ви се објасни дека не е возможно Дортмунд да има шампионски амбиции и да не ги продава фудбалерите со дупло помал буџет од Баерн Минхен...не знам како да ви се објасни дека беа во банкрот и буквано од нула го изградија тимот,не знам како да ви се објасни дека и Баерн Минхен некогаш биле на вакво ниво и се станале ова што е денес и зошто да не биди Дортмунд?..некој порано,некој подоцна..

И вие фановите на Јунајтед се посмевавте на Сити кога Арапите влегоја во 2009 со силни вложувања дека никогаш нема да го стигнат вашето ниво па каде се сега?...времињата се менуваат,Дортмунд се/беа приморани да продаваа/т за да го изградат клубот на повисоко ниво..кога ќе дојди моментот да даваат попристојни плати тогаш ќе можат да ги задржат нивните фудбалери и да бидат поамбициозни..неможам да ве разберам искрено..како мислите дека се води еден спортски клуб?..преку ноќ се станува најдобар и се освојуваат титули?
 
Кај се Сити сега? На местото кај што беше Јунајтед лани! Јак напредок од 2009! Ок се шалам, се поклопи така да се втори и да ги издува еден Палас ко кошава.
Со цел памет Јувентус го акна со Атлетико и Дортмунд?
После Реал се најпривилигираниот тим у Европа, немој!
Ако мислеше на трансфер политика пак не се исто ниво.
Инаку секој респект за Борусија!
 
Јувентус бил привилигиран :pos:
Во Италија мислев не во Европа. Таму прави што сака, кога ќе претера го праќаат во втора лига, ама кога ќе се врати пак иста песна.
 
Во Италија мислев не во Европа. Таму прави што сака, кога ќе претера го праќаат во втора лига, ама кога ќе се врати пак иста песна.

Тоа беа деведесетите, тогаш сите местеа у Италија
 
Во Италија мислев не во Европа. Таму прави што сака, кога ќе претера го праќаат во втора лига, ама кога ќе се врати пак иста песна.
Кај и да е и сега ќе го пратат Јуве во втора лига, да ја заокружиме 10тата по ред само.

:(
 
Кај и да е и сега ќе го пратат Јуве во втора лига, да ја заокружиме 10тата по ред само.

:(
Чекај, ги собираат доказите со ВАР системот, кај и да е ќе не испратат во 5та лига.
 
Кај и да е и сега ќе го пратат Јуве во втора лига, да ја заокружиме 10тата по ред само.

:(

Како ви се навива за местачка екипа?
 
Дечки ај бе едни исти дискусии веќе 15 години, оставете ја оваа за трансфери, ептен е муабетов ко за пред коперација
 
Како ви се навива за местачка екипа?
Еј, те молам прекини со суптилниов форс во секоја тема во која што ќе влезеш, ќе одиш на перманентен бан од форумов, жими се'. Те глеам и во ЉиС ко Анон филм фураш, суптилно подјебавање а и во овој подфорум го фураш истиот филм.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom