Фудбалски/трансфер дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
Многу јака ствар направил Дортмунд. Му отстапил 6 титули на Баерн, за да освои една, во лоша сезона на Баерн. Генијално, орден заслужуваат.

Убо вака со една реченица кога сакаш цел свет да го објасниш. И тебе ќе ти повторам. Баерн има дупло поголем буџет и обврт и нормално е да биде пред Дортмунд. Значи во нормална година тоа е факт. Е сега последниве години Баерн имаше златна генерација и за клуб како Дортмунд немаше шанса да освои лигата. Годинава е друга приказнава. Дортмунд одлично изработи а Баерн ни пола од можностите не ги искористи. Ти како прајш муабет демек исти им биле силите. Не се и нема да бидат уште многу долго.[DOUBLEPOST=1545661932][/DOUBLEPOST]
Добро бе, Игорче цело време пробува да објасни дека амбициите на Дортмунд не се да имаат константни фудбалски успеси, туку секоја година да наоѓаат по некое дете кое ќе може да го продадат за многу пари, и така во круг. Ама никој не го сфаќа.

Амбиции се едно реалноста е друго. И Вардар сака да освои ЛШ ама ете глупи се па не успеваат. Така некако ви е муабетот. Дортмунд не сака да продава играчи но има ситуации кога тоа е најдобра опција, пример ако играчот не сака да продолжи договор или кога се нудат астрономски суми. Дортмунд успева со тие пари да направи многу и да го појачи тимот. Нема држава или олигарс или огромни тв-пари зад себе. Дортмунд тоа го прави без кредити напротив има уште добра пара на страна. Мислам од клуб кој беше пред банкрот десет години подоцна да дојш до таква ситуација е за секоја чест. Иначе Дортмунд е втор најтрофеен клуб во Германија и има и на Европско и светско ниво скоро све освоено. Знаат како се освојуваат титули ама залудно е да се очекува од нив секоја година да мора да освојува.[DOUBLEPOST=1545662338][/DOUBLEPOST]
ремонт е кога ги мењаш дотраените со свежа крв, продавање таленти и игрчи кои баш треба да го дадат максимумот не е баш дефиниција за ремонт

Sent from my iPhone using Tapatalk

Кого продадоа? Дембеле? Па за 150милиони Евра не да го продадат туку и ќе го однесат таму експресно.

Се гледа колку го следите Дортмунд годињево. Дортмунд имаше проблем во средина - ги зеде Вицел и Дилејни. Проблем решен. Имаше проблем во одбраната - ги зеде Аканџи (лани зимоска) и Диало. Загаду и Топрак исто така се тука. Проблем решен. Имаа потреба од страничен бек - го зедоа Хакими (иако на позајмица). Проблем решен. Обамејанг замина имаа потреба од шпиц, го зедоа Алкасер. Проблем решен. Имаа потреба од добар тренер - го зедоа Фавре - проблем решен. Така за мене изгледа сериозна политика. А не, Горецка е достапен без пари, ај да го земеме. Па дали пасува во тимот или не нема врска. Имаш потреба од тренер, земаш тренер без искуство како Ковач. Една година немаш Спортски директор и земаш Салихамиџич. Доброто во фудбалот е што резултатот е одма видлив. Дортмунд не смее да си дозволи да киксне, Баерн може и пак во Германија ќе биде меѓу првите ама слабиот резултат до сега не е случајно. Околу тоа се врти цел муабет.

Дортмунд има 4-5 нови првотимци во споредба со лани. Дортмунд летово имаше над 20 трансфери ја не знам што треба поќе за ремонт?
 
Последно уредено:
Колку мизерен е станат се со истите муабети и оправдувања. Како го кажува ова за Баерн дека имаат премногу пари чиниш на еден сончев ден шетајќи се Ули и Румениге ги нашле парите на земја, некој ги загубил и овие ги нашле, земале и започнале да градат клуб. :pos:
А како тоа Дортмунд со многу малку пари (пошо според него Дортмунд се многу слаби финансиски и се за жалење) се моментално први на сред сезона и имаат шанса за титула во Бундес после 6 години. Што е уште посмешно во секој втор пост ја кажува лигата дека е катастрофална слаба, во лига каде моментално Дортмунд се први, но тоа не важи во таков случај чим тие се први моментално. Во тој случај се гордее на Дортмунд и сега сите играчи на Дортмунд се едни од најдобрите. Кога му кажуваше еден член дека Пако не е ништо посебен играч и дека лигата е слаба па затоа постигнал многу гола, тогаш тоа не важи дека лигата е слаба туку играчот си е многу јак. Каков лик човече :pos:Како му одговара така си ја врти. И ВиксаЛАЛ би му подзавидел пошо ќе помисли дека Игроче трола, а тој мртов сериозен.

Пред неколку месеци
Горецка има одличен потенцијал, можеби не е спектакуларен ама е важен за тимот. Шалке е погрешен тим за него и тоа ќе се види ко ќе замине во Баерн, го чека одлична кариера.

а денеска..
Така за мене изгледа сериозна политика. А не, Горецка е достапен без пари, ај да го земеме. Па дали пасува во тимот или не нема врска.
Колку несериозни и аматери овие од Баерн, без пари го земаа играчот со одличен потенцијал и играчот кој го чека одлична кариера :pos:
 
Има потенцијал сеуште ама не под Ковач. Чудо ни за него ни за Хасан нешто коментирате [emoji16]

Gesendet von meinem SM-G930F mit Tapatalk
 
Логично решение, баш ова сакав да го пишам вчера, ако веќе решил Лукас да си оди, поради добрите односи со Баерн ќе остават на лето да се преговара за играчот, Баерн нема да притиска за транферот а за Атлетико, да го изгубат Лукас на сред сезона сега кога се јадат за прво место во Ла лига и играат на три фронта лошо ќе биди за клубот.
 
Te molam nareden pat koga postiras tweet ili vest na shpanski a ne e la liga temata stavi i prevod, 5 min izguvbiv od zivotov dodeka se otvori tweetot posho 4 pati mi izleze da spustam twitter na telefonov dodeka stegnav na translate tweet.
 
Логично решение, баш ова сакав да го пишам вчера, ако веќе решил Лукас да си оди, поради добрите односи со Баерн ќе остават на лето да се преговара за играчот, Баерн нема да притиска за транферот а за Атлетико, да го изгубат Лукас на сред сезона сега кога се јадат за прво место во Ла лига и играат на три фронта лошо ќе биди за клубот.

Те имам повеќе пати забележано со Шпанскиот јазик не ставаш превод и се понашаш како сите да знајме...што ќе биди сега ако Игорче или Ули да застанат на Германски да ставаат твитој бидејќи таму живеат ?..или некој од Албанците да става на Албански вести/твитој?...во форумот освен Англискиот прифатлив е Српско/Хрватски и Бугарскиот...за другите јазици строго превод.
 
Па пишав превод горе долу бе Џони, не читаш, дека Лукас поради доброте односи помеѓу двата клуба Баерн нема д протиска за зимава да го собери Лукас туку ќе остават на лето да преговараат, Атлетико сака да му го обнови договорот ама поради некој лимит дури на лето смеат да преговараат за нов договор. Каде во Европа со два јазици бееее ?? [emoji16]

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Секоја чест за Борусија али никако во иста реченица со Баерн неможе да оди уште многу години. Борусија е станата буквално како Наполи и Рома во Италија, кој играч посака Баерн да им го купи го купува без поголеми потешкотии така да сите објаснувања кој ѓи читам како Борусија исправно работела или незнам што, паѓаат во вода. Исправното и правилно работење носи титули, не носи секоја година ремонт на екипата.
 
може некој под исправно и правилно водење на екипа, мисли на тоа да купиш играч за 3 мил, да го продадеш за 100+...што ќе ти се титули и престиж кога имаш пари..
 
Секоје лето има стотици трансфери сте се запнале на Дортмунд. Има ситуации кога треба да продаваш па во тако случај добро е да земеш што поќе пари. Тие таленти што ги зема Дортмунд ги зема оти се добри и му носат бодови а не само затоа што се таленти. Дортмунд летоска зеде и поќе изградени играчи как8 Вицел, Дилејни или Алкасер.

Gesendet von meinem SM-G930F mit Tapatalk
 
Не е финтата само да продаваш клучни играчи и да купуваш млади таленти, финтата е да градиш иднина врз тие млади играчи кои ќе ти носат успеси во иднина, Атлетико на пример си ги продаваше клучните играчи некогаш ама наоѓаше достојни замени за истите и за помалце пари, пола тим му е сега од школата па еве ги константно се меѓу првите три во Шпанија и имаат успех во Европските натпреварувања.
Џабе му е на Дортмунд све ако немаат успех со новите играчи, можеби финансиски да се подобруваат ама до титули тешко со таа филозофија.

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Ништо брату @Igorcemk, после муабетиве на задњиве страни ја мислам да престанеш да навиваш за Дортмунд. По логиката на некои овде, сите треба само за најдобрите (во моментов или историски) да навиваме. Пошто јебига, не дека се работи за избор, на членовиве овде од господ им е дадено за нивните шампионски тимови да навиваат, ние ја немаме таа привилегија :icon_lol:
 
Не станува тука збор за навивање, јас Јувнентус не сум го засакал зошто бил прв (не сум ни знаел тогаш дали е прв или десети да речеме ) туку ради боите, ради сплет на околности да го гледам првпат на ТВ и ради Алекс Дел Пиеро. Можда да играл Лацио тогаш ќе сум почнал за Лацио да навивам :D. Правиме муабет за менаџирање и раководење со тим. Борусија од тој апсект неможе да се најде во иста реченица со Баерн. Што прави Борусија изминативе 10 години? Што прави еве Лацио да речеме изминативе 10 години? Од екипи што биле страв и трепет во своите лиги се дојдени на стадиум на просечни екипи, нормално оти ќе продожите да навивате за нив, јас утакмица немав испуштено кога испадна Јувентус уште го памтам кошмарот со Римини мислев дека засекогаш ќе останеме во втора лига :D, али признајте дека моментално на газдите на двата клуба најголем интерес им е профитот а не трофеите. Погледни пример во Лацио што се прави, ја пумпаат цената на Савич за само да се наполни ќесето на Лотито, погледни само колку квалитетни играчи имате продадено низ годините, за тоа единствени кривци се газдите а не тимовите. И неможам да разберам како Игорче тука успева да убедува дека Борусија водела добра политика :confused: , ѓи продава Левандовски, Хумелс, Геце на директен ривал и водела добра политиика. Пратиш калчо сети се само што правеа навивачите на интер за Гуарин доволно е.
 
Ја навивам за Дортмунд од среде 90тите, поќе од 20 години. Верувај су видел врвови пример 1997 и дноа пример 2002-03. Среде 2000тите години Дортмунд беше пред бришење со долг поголем од 200м ЕУР. Стадионот беше продаден. 10 години подоцна имаш клуб кои освои неколку матични титули и е редовен гостин во ЛШ со солиден успех во тој куп. Стадионот е пак во сопственост на клубот, клубот има 50-100м ЕУР кеш на страна и тимот вреди околу 500м ЕУР. Како да не бидам задоволен како фан кои знае каде беше клубот пред десет години? Бидете реални ова не е фудбал менаџер на компјутер ове е рил лајф. Секојпат имајте на ум од каде дојде Дортмунд и што успеа со свој сили. Без шеик, без катар, без Абрамович.

Правиш муабет за Лева, Геце и Хумелс а не знаеш кои беа околностите што си одеа. Лева му истече договорот Баерн му ја дуплира платата, Геце имаше клаузула и стана на старт најплатен играч на Баерн. Дортмунд тогаш втора година по ред беше на врвот значи не ни се знаеше дали е привремен период или траен плус финансиски уште беше нестабилен. Мислам глупо е да очекуваш дека Дортмунд може да држи секој играч тоа не можат многу тимови.

Добрата политика на Дортмунд е што за 10 години со свои сили успеа да се врати на врвот и да биде константно тука. Не секојпат прв ама редовно во ЛШ и меѓу првите во Германија. Исто така мислам дека моментално имаат одличен и млад тим со одлична перспектива. Успехот годинава не е случајност. Е сега Дортмунд нема никојпат да биде Реал или Барса или да има финансиска моќ како ПСЖ или Сити.

ЈА овде се правдам оти Дортмунд не бил секојпат прв абе ај олабете малце :pos::D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom