Fringe

  • Креатор на темата Креатор на темата Акаша
  • Време на започнување Време на започнување
Многу ми е забавно да ги читам старите мислења со предвидувања, кога само што ја изгледав серијава. Искрено се утепав од смеење, ова да ти била најзабавната тема за серија.:pos:

Туку вака сега, Бројлс ми е фаца намбр уан од серијава, го обожавам, мада другиве не заостануваат нешто многу. Оливија единствено не успеав да ја сварам ко што треба, на почетокот не можев ни да ја поднесам. После ја навикнав некако. Моментот кога Вилијам Бел и го запоседна телото и оваа се обидуваше да го изимитира неговиот глас-мајке ми полоша глума амин. Ем се смеев, ем ми идеше да ја телепортирам во некој боливудски паралелен универзум!

Друга работа, дупки серијава има како швајцарско сирење. Уште во прва сезона пази што се случува, Питер претставен како мистериозен момак кој има проблеми со некои мафиози. Они го бараат, па се појавува една типка во ресторан, вика ама Питере лебами, шо бараш овде, ќе ти ја скршат кичмата? Он иде нокаутира тип, за кој никој не дозна што е работата иде даље и ни А ни Б од неговото проблематично минато. Мислам ало, кој го пишувал сценариово требало со ДВД под мишка да шета, да се потсети што пишал претходно како римајндер.

Ова со паралелните универзуми е своја прича. Значи Набљудувачите се појавуваат само во еден универзум, во другиов троа поретко, а некогаш ич, така ќе му дојде. Што друго не можам да им преболам? Да ја проверам листата: Питер се материјализирал од љубов (така рече Набљудувачот)?!? Оливија стана Брус Вилис само со натприродни моќи, само таа може да го спаси светот, на крајов така излезе, после тоа еден тип од цртан филм ко боже требаше да ја убие во иднина, ама типот остаре и се претвори во Волтер, Набљудувачите се појавуваат на поважни настани, за кој ѓавол кога на крај сакаат да ја запоседнат Земјата и онака, што значи не морале да го прават тоа можеле директ опсада...

Ај сега со фино. Се заразив на чисто со серијава и ја изгледав прилично брзо. И покрај дупките има нешто во неа што ве влече да ја гледате. Волтер е една голема причина и секако Набљудувачите. Убав основ за приказна се, се надевам во петта сезона ќе ги подобјаснат поубаво и ќе и дадат еден фин крај. И Џеј Џеј нека не ме убедува дека овде се е објаснето и има смисла, оти нема. Ама ај навикнати сме ние, ќе си трпиме.:icon_lol:
 
Според мене нема потреба да се истражува дополнително минатото на Питер. Направил превара, му должел пари на некој си Биг Еди и побегнал во Ирак.

Што се однесува до Обсерверите, мислам дека само еднаш се имаат појавено во паралелниот универзум и тоа кога Септември несакајќи му попречи на алт-Волтер во пронаоѓањето на лекот за Питер. Откако сфатиле дека заебале работа можеби решиле повеќе да не се плеткаат таму. Друго, оние набљудувачи кои се појавуваат на важни настани можеби се' уште ја немаат окупирано планетата. Нели и Септември во последната епизода рече дека за нив времето функционира на поинаков начин.

И не знам што е финтата што до сега само лица од женски пол ми се имаат пожалено од Оливија. Не дека имплицирам нешто.
 
Fringe ќе ја даваат на МТВ.
 
Од кога ќе оди на мТВ? и колку сеозни?
 
Па луѓе спремајте се за петата последна и можеби најдобра сезона која почнува од 28 Септември:vozbud:


 
После долго молење ја почнав и јас серијава и шта реќи.....ФАКИНГ АМЕЈЗИНГ.
Ја завршив 3та сезона, одамна на финале на серија немам останато со ВТФ момент. Серијава моментално оди во топ 5 серии на сите времиња за мене заедно со Prison Break, Breaking Bad, Game of Thrones и NCIS/Lost.
И единствено лошо е што поради серијава ми отиде испитнава сесија од рака, ама ајде нешто мора да трпи....
 
Ја догледав и јас пред 15тина минути. Одлична серија, ама само за пополнување време, meaning... не е да падниш во несвест.
Премногу несериозно е настапено од страна на сценаристите и продуцентите во врска со одвивањето на комплетната сторија. Можам да разберам дека е поради рејтинзите и притисоците од телевизиските куќи, но сепак тие "wtf" моменти можело да се постигнат посуптилно и без премногу дупки и бегање од оргиналната замисла.
Јас сум сигурен дека на почетокот на прва, па дури и втора сезона ни самите сценаристи не би претпоставиле дека 5тата сезона ќе е борба против обзерверите, а сите дотогашни преминувања од еден во друг универзум, тајмлајн, пичкесиматерине со Питер, ќе се тривијална работа.

Не сфаќајте ме погрешно, се забавував доста со серијава, има доста интересни моменти и ликови, ќе ја гледам и 5та сезона сигурно. Но сепaк, не ми е ни во топ 10 серии на сите времиња. Ај лека ноќ.
 
Пред две три недели испровоциран од темава, ги симнав сите четири сезони и ги изгледав.. сега нестрпливо ја чекам петава сезона...
..е ..јбг... како и секоја серија и оваа има немалку неврзани епизоди ради пополнување на простор и одолговлечување... ама затоа тука е предноста што можеш да „моташ“ напред..
... паралелно со оваа серија ги гледав и сите до сега излезени епизоди на WAREHOUSE 13 ... ликовите т.е. карактерите некако ми се слични... и двете серии имаат нешто откачено во себе кое те тера да ги гледаш..
 
Аспирин да ти е мерак да ја гледаш :)
Посебно од другиот универзум, без стоп копче е :)
Aстрикс ќе ја гледаме пак на самиот крај од месецов.:)
Dr. Walter Bishop: Astral...
[pause]
Astrid Farnsworth: [slightly annoyed] Astrid!
Dr. Walter Bishop: ...projection...
:pos:
Иде 28ми, спремајте се :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom