Јака работа. Ако „си над“ “хуморот“ од Френдс, тогаш... не си во ред.
Ок, твое мислење. Не го почитувам, ама не можам ни да го сменам.
--- надополнето: Jul 15, 2011 11:29 PM ---
Точно, ама аргументи од типот „абе ти бе будала ли си, го виде ли Чендлер пеер, како така“, нема да помогнат.
Сеа и ти, лош хумор и Чендлер ги стави во иста реченица. Не иде така.
Да ставеше било кој друг може ќе преминев преку тоа, али Чендлер? Не зезај
--- надополнето: Jul 16, 2011 5:53 AM ---
Би ти рекол, сите освен Френдс, ама тогаш ќе добијам лавина реплики. Или не?
Кој знае дали има „такви“ серии.
Мене општо ми се свиѓа „Онли фор фулс енд хорсес“.
У моментов, не ми текиња на нешто слично или поарно.
Којзнае на што се должи тоа. Можеби на потешкотиите за да се „пробијат“ кон светлината на денот од ѓубрето како... знаеш.
--- надополнето: Jul 16, 2011 12:02 AM ---
Потешко е да напишеш строфа и бескраен рефрен или да напишеш песна ко Стервеј ту хевн?!
Крај краева, музика е, не е ова роман од Достоевски...
@ вондерфул... класификациите нека бидат какви сакаат
Friends е американско срање кое ја привлекува широката публика на ефтин начин.
Тука се согласувам со тебе, дека ми ја спомна омилената серија(види аватар).
Има едно нешто кај сериите, прво идат британските серии(OFAH, Allo-Allo, Yes Minister(фала wot), и други што ќе ги гледам), па 10тина празни места, па Американските срања(вклучувајќи ја и Friends).
Ми се свиѓа Friends, добра серија, ама од 6 ликови, само 1 да ме воодушеви, другиот да ми е океј ради она How u doin', не може да помине кај мене во екстра серија.
За споредба да ја земеме OFAH, Дедото не беше нешто посебно, али
Uncle Albert (К-15 скеч?) +
бонус, Дел, Родни и Тригер можеа да те изнасмеат до солзи.
Е сеа, и во ОФАХ немаш реални ситуации, често имаше невозможни ситуации, али тоа е за да се направи поинтересна серијата, на крајот ја зезнаа, требаше да се прекине кога
(спојлер не читај) станаа милионери.
Добра е бе Friends, али далеку од некое совршенство, далеку од 10 од 10, солидна 8ца
--- надополнето: Jul 16, 2011 6:04 AM ---
Можеби
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
Но како за кого. Толкавите цифри на гледаност и опстојувањето и гледањето на овие епизоди кое се уште се одвива помеѓу гледачите сигурно кажува дека ова не е пет-парачка серија со тапа хумор.
И јас ги сакам и Монти Пајтон, Фулс енд Хорсис, Ало Ало, Црна Гуја, но смешна ми е и Friends и уште ги гледам епизодите. Исто како кај филмовите, филмови како Кум, Кога јагнињата ќе стивнат, Шесто сетило, Глупиот и поглупиот ќе бидат класици и сигурно уште наредниве 50 години минимум ќе се зборува за нив. Еве кога сме кај глупиот и поглупиот, не да е глуп хуморот што го прикажуваат, поглуп амин, ама се смееме. Комедија е. Истото важи и за Френдс, а богами, како што поминува времево, се поуверена и поуверена станувам дека Џои е Ајнштајн за некои 30 годишни што ги имам запознаено.
Црна Гуја е Blackadder со Аткинсон претпоставувам? Ја почнав и после 2-3 епизода и направив перманентен делит. Таму имаш „глуп хумор“ кој што би требало да биде смешен, мене воопшто не ми беше.
Таков „глуп хумор“ има и кај глупавиот и поглупавиот, ама таму е смешен.
Сега баш ми текна на една збирка вицови, и започнуваше со една "приказна“ кој што е одговор на целата ваша дискусија(колку што го памтам):
Дошол некој во некоја читална кај што се читале вицеви, и поради тоа што сите веќе ги имале по 100 пати прочитано вицовите и ги знаеле по реден број. И слуша тој како некој ќе каже некој број, и сите се смеат до солзи, и овој ја зема книгата, чита неколку вицови и вика ај да кажам јас еден број, го кажува и никој не му се смее. Човеков целиот зачуден, го прашува тој до него, зашто никој не се смее, и овој му одговорил: Многу е битно како ќе го кажеш вицот!
(а кажувале само една ебана бројка)
Заклучок, како ќе го претставиш глупиот хумор многу зависи, не секој глуп хумор треба да биде смешен, тоа е тоа, затоа можеби глупавиот и поглупавиот ќе биде класика уште 1000000000000 години.
Се напраив ептен паметен што во еден пост ви солам памет, а вие 3 страни наназад дискутирате
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)