Прво, не се навредувај, ти пишав да направиш споредба пошто не ја направи. Викаш дека се лоши, дека сите серии освен Френдс се добри ама пак сите се лоши... освен Фулс анд Хорсес. Значи така те разбрав. Не даде конкретни примери на добри, интелегентни серии, спротивно од Френдс.
Второ, овде само ни натура некакви тези за хумор без интелегенција и навистина е тешко да се води дискусија кога збориме апстрактно. Дај ни некој пример за интелегентна шега, да видиме по што се разликува хуморот кој ти го сакаш од овој?
Се што е меинстрим е пропаганда... вака само убаво звучи да се најдеме во муабет. Веројатно и Кум не го бива, ова американците ни го имаат натурено.
Јас сум пишал на многу пати дека повеќето комедии се срање, човек со сила да се насмее три пати колку да пројде филмот... Но сит-коми има навистина добри, на Френдс се смеам од срце и многу епизоди ми се гледани по 10 пати и сеуште ми се смешни. Има многу „глупави шеги“ има и многу добро осмислени шеги или случки, и сето тоа е добро изведено од група карактери кои публиката ги засака. Мене ми прави мерак и тоа е тоа.
Не не, никаква навреда. Побара споредба, јас не успеав да ја направам, ете, ти кажав дека не сум „комотен“ да изберам серии кои можам да ги „токмам“ со пријателите.
Тезите не Ви ги натурав, туку тие се општи. Како што реков дека хуморот е хумор, дали е кажан или напишан на ѕид, или е екранизиран - хумор е. Може да е интелегентен, може да е исфорсиран, може да е лаички.
фулс енд хорсес ја извлеков, оти на таа помислив, и барем таа сум ја изгледал. Ете, и таа не е совршена, ама од друга страна пак, нема некоја голема популарност, и ако се стави до Френдс, одма ќе биде оценета како „слаба“, само заради тоа што ја нема „популарноста“ на пријателите.
Пропагандата, секако, си го прави своето. Да не се повторувам(е), ама многумина ќе стават некој друг филм како омилен, кој нема апсолутна врска со убавото, пред некој филм како Клокворк Оринџ. Или било кој ОК филм.... (мислам дека имав поента тука ... да ја најдам чек
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
)
Апстрактно ќе е ако ја споредам Френдс со некоја друга серија. И нејзиниот хумор со хуморот на друга серија.
Се согласувам дека постои хумор кај пријателите, за кој кажав дека се базира на „мајмунлаци“. Што е тука спорно? Јас не гледам.
За тебе и останатите е совршено изигравање глуп и правање шеги на тоа. За мене не е. И тука се раздвојуваат критериумите.
Можеби и затоа не сум некој особен фан на „сериските комедии“, туку лутам накај другите, како што се стенд-ап комедиите. И тука има sense, нели. Да бев, ќе гледав од се по нешто, завршувајќи со височеството Пријатели.
Само нејќам да им се изгради споменик на обичните шеги.
И вака, на крај. Ете, ти кажи ми, или било кој друг, што се повеќе посебни шегите на пријателите од другите филмови. Бидејќи пријатели се НАД просекот, мора да има нешто посебно во нивните шеги.
Или се уште поголеми мајмуни од мајмуните во другите серии?