Frasier

  • Креатор на темата Креатор на темата Old Possum
  • Време на започнување Време на започнување
Ме чуди што Рокенрола нема пишано на темава :)

Освен јас, Рокенрола и Никола, ја гледа некој друг моментално или јок?
Изгледана одамна, иако се мислам одново да ја симнам и пак да ја изгледам цела :)
 
Сношти ја почнав втора сезона, до кај трета епизода сум. Од прва имаше неколку легендарни моменти кај што паѓав од смеење.
Нема да ја заборавам епизодата кога беа на патување и кога и кажаа на Дафне ( :love: ) дека се во Канада.:pos:
Останува да видам што ќе понуди втора сезона. Бене, викаш појака е од првата?:)
 
Да да, појака е...
Од третата ја изгледав само првата и ако се и останатите исти тогаш иде на се подобро и подобро.

Во првата лошо беше тоа што немаше нови ликови и едни исти дешавки ми беа... Од втората 8мата највеќе ме изнасмеа мислам, кога ќе ја изглеаш кажи што мислиш.
 
Освен јас, Рокенрола и Никола, ја гледа некој друг моментално или јок?
Пред неколку месеци не знам во која тема, за серии комедии нешто, Iosono ја фалеше ептен, и си викам дај да ја изгледам цела. Ги собрав сите сезони, сега сум на крај на деветтата :) Ми се свиѓа што има интелигентен хумор, не изнуден..
Иначе не се фалам, ова ти дека праша :D
 
Пред неколку месеци не знам во која тема, за серии комедии нешто, Iosono ја фалеше ептен, и си викам дај да ја изгледам цела. Ги собрав сите сезони, сега сум на крај на деветтата :) Ми се свиѓа што има интелигентен хумор, не изнуден..
Иначе не се фалам, ова ти дека праша :D
Значи при крај си ти....
Не важи фалењето за тебе, туку за тие што ја изгледале пред 2-3 години :)

Јас ја гледав и тогаш, али чат-пат, кога ќе ја фатев на тв ја гледав, никогаш не сум седнувал специјално за серија, освен за CSI...
 
Бене во право си, и јас се чудам како сум утнала да пишам за мојата омилена серија. За мене Фрејзер е врвот во сит-комот. Си ги сакам јас и Пријатели, ама хуморот во Фрејзер ми е број еден. Да не зборувам за тоа колку само интелегентен хумор има, секоја чест за сценаристите, и за актерите кои се неверојатни. Кој е фан на ситком не смее да го утне Фрејзер.:)

Една од моите омилени епизоди од серијава.
 
Ме чуди што Рокенрола нема пишано на темава :)

Освен јас, Рокенрола и Никола, ја гледа некој друг моментално или јок?

Самошто ја догледав по кој знае кој пат. Еве некои од моите омилени цитати:

Niles: Anything else in the box, Pandora?!

Frasier: Copernicus called, and YOU are not the center of the universe!

Frasier: (trying to convince the people at the pub that he's an anglophile) I spell 'colour' with a 'u'!

Најлс и Дафни се најслаткиот пар во историјата на телевизијата. Сценава е совршена:

 
Ејјјј, немојте бе вака.:( Знаеме дека е стара, ама имајте малку грев кон нас.
 
Брао бе срце, онака некое спојлерче плус? :)

Ццц....


Ејјјј, немојте бе вака.:( Знаеме дека е стара, ама имајте малку грев кон нас.
Не се палајте за џабе. Видете ја сцената слободно, нема спојлери ама ич!! И ако е некој најсладок пар - можеби мислев на имагинарен. И Барни и Робин од HIMYM ми се сладок пар па не се заедно.
 
Јас сум единствениот тука кој има crush on ДафнИ??
Одлична серија , добра како конзумирање на старо квалитетно вино покрај топол камин , обвиткан во топол џемпер! Милина!

Изгледана оддамна , дел на Канал 5 дел на Пц! И ако веќе би бирал дали да ги гледам
Пријатели повторно или Фрејзер , би го гледал Фрејзер! Чисто ради хуморот и ради фактот што е најкомплетна серија во поглед на карактерите - доста специфични и несекојдневни ликови!

А , да , и поради ДафнИ :love:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom