Кај секој спорт можеме да најдеме неправди, ама тоа кај спортовите како Ф1 каде не зависи се од човечкиот фактор е најизразено. За да некој биде шампион треба да има конкурентен болид. Без тоа ништо. Едноставно треба да се најде во право време на право место.
Алонсо е подобар возач и од Хамилтон и од Фетел. Не дека овие двајца се дрва, имаат квалитети за титули. Ама драстична е разликата меѓу две и пет шампионски титули. Не постои ни приближна таква разлика во квалитетот.
Дека Алонсо возел во најдобрите тимови не е баш така. После двете титули со Рено имаше реално само три шанси за шампионска титула. Во Мекларен во 2007 и во Ферари во 2010 и 2012. Во другите сезони беше во тим кој во тој момент немаше конкурентен болид.
Споредбата меѓу Меси и Овен ти е крајно лоша. Па Овен е едно 500 класи под Меси. Што не зеде некој друг за пример?

И во фудбалот имаш неправди. Еве чим го спомна Меси. Тој сигурно заслужува повеќе светска титула од Нзонзи, ама еве нема. Ама фудбалот е тимски спорт, па не може да има споредби со индивидуалните спортови.