Формула 1 - сезона 2018

Шампион за 2018 според вас е...

  • Sebastian Vettel

  • Lewis Hamilton

  • Valtteri Bottas

  • Fernando Alonso

  • Kimi Räikkönen

  • Nico Hulkenberg

  • Daniel Ricciardo

  • Pierre Gasly

  • Kevin Magnussen

  • Max Verstappen

  • Stoffel Vandoorne

  • Marcus Ericsson

  • Carlos Sainz

  • Esteban Ocon

  • Sergio Perez

  • Charles Leclerc

  • Romain Grosjean

  • Lance Stroll

  • Brendon Hartley

  • Sergey Sirotkin

Резултатите може да се погледнат само после гласање.
Тешко дека ќе бојкотирам, само се прашувам за кој ќе сум. Со исклучок за моментот кога почнав да навивам за Алонсо по пензионирањето на Френцен, секогаш бев за клубскиот колега на пензионираниот. Ама сега тешко дека ќе продолжам за Стофел.

Сега можеш за Фетел или Хамилтон, бар ќе идеш на сигурно
 
Хамилтон нема шанси. Кога би бирал за нив двајца за Фетел би бил, ама секако нема да "одам на сигурно".

Да возеше Розберг, немаше ич да се мислам, ама... И Кими го сакам, само и него би требало да го менувам за година, две. А од младиве, нема никој кој наговестува нешто големо, некој налик на она што беше Алонсо во Рено првата сезона.
 
Верстапен и Леклерк еден ден ќе бидат шампиони, Верстапен може дури и догодина да земе РБ ако направи добар болид, подобар возач е од скоро сите на патеката.
 
Верстапен веројатно го мразам повеќе од било кој друг возач, значи не. Леклерк е ОК, има солидни перформанси со доста слаб тим. Ако отиде во Ферари, како што се шпекулира, би можело да биде нешто од него.
 
И мене ме нервираше али мислам дека е ок типче, само таков е, превише компетитивен:D
 
Е па јас никогаш не сум ги сакал таквите ликови - како Шумахер и Монтоја, на пример. Па и Хамилтон, до некаде.
 
Тоа е, без Алонсо од догодина :(:(:(

И кога ќе видиш дека тој се повлекува со две титули, а Хамилтон може наскоро да има пет, ќе сфатиш колку уствари е нефер овој спорт.
 
Многу кукате. Ок Алонсо е легенда на спортот, еден од најдобрите шофери, баксуз и се е тоа ок...Ама да викате дека спортот не е фер затоа што Хамилтон имал 4 титули а он 2 е повеќе од безвезе.
Алонсо возеше своевремено во најдобрите клубови и не успеа да освои титула. Тоа што остана со Мекларен и возеше тапа болид никој не му е крив освен самиот он.
Ова исто ко да плачете што Мајкл Овен има помалце златни топки од Меси и затоа фудбалот не е фер.
 
Кај секој спорт можеме да најдеме неправди, ама тоа кај спортовите како Ф1 каде не зависи се од човечкиот фактор е најизразено. За да некој биде шампион треба да има конкурентен болид. Без тоа ништо. Едноставно треба да се најде во право време на право место.

Алонсо е подобар возач и од Хамилтон и од Фетел. Не дека овие двајца се дрва, имаат квалитети за титули. Ама драстична е разликата меѓу две и пет шампионски титули. Не постои ни приближна таква разлика во квалитетот.

Дека Алонсо возел во најдобрите тимови не е баш така. После двете титули со Рено имаше реално само три шанси за шампионска титула. Во Мекларен во 2007 и во Ферари во 2010 и 2012. Во другите сезони беше во тим кој во тој момент немаше конкурентен болид.

Споредбата меѓу Меси и Овен ти е крајно лоша. Па Овен е едно 500 класи под Меси. Што не зеде некој друг за пример? :) И во фудбалот имаш неправди. Еве чим го спомна Меси. Тој сигурно заслужува повеќе светска титула од Нзонзи, ама еве нема. Ама фудбалот е тимски спорт, па не може да има споредби со индивидуалните спортови.
 
Алонсо 2010 возеше ненормално иако Ред Бул имаа многу подобар болид, блокада му се случи во Абу Даби кога не можеше да стигне до 6 место неколку круга. Заслужи титула тогаш ама кој го знае што му се случи.
 
Кај секој спорт можеме да најдеме неправди, ама тоа кај спортовите како Ф1 каде не зависи се од човечкиот фактор е најизразено. За да некој биде шампион треба да има конкурентен болид. Без тоа ништо. Едноставно треба да се најде во право време на право место.

Алонсо е подобар возач и од Хамилтон и од Фетел. Не дека овие двајца се дрва, имаат квалитети за титули. Ама драстична е разликата меѓу две и пет шампионски титули. Не постои ни приближна таква разлика во квалитетот.

Дека Алонсо возел во најдобрите тимови не е баш така. После двете титули со Рено имаше реално само три шанси за шампионска титула. Во Мекларен во 2007 и во Ферари во 2010 и 2012. Во другите сезони беше во тим кој во тој момент немаше конкурентен болид.

Споредбата меѓу Меси и Овен ти е крајно лоша. Па Овен е едно 500 класи под Меси. Што не зеде некој друг за пример? :) И во фудбалот имаш неправди. Еве чим го спомна Меси. Тој сигурно заслужува повеќе светска титула од Нзонзи, ама еве нема. Ама фудбалот е тимски спорт, па не може да има споредби со индивидуалните спортови.
Абе се тоа е ок, ама не успеа да освои титула ни со Мекларен ни со Ферари. На крајот логиката вика дека ако бил најдобар шофер ќе го земеле во најдобриот тим. Јасно е дека болидот игра голема улога (сигурно околу 70% од перформансите зависат од болидот а не од шоферот) и човекот ги надополнуваше тие недостатоци, али јебига друже судија. Глупо е да кажеш дека спортот е нефер затоа што Хамилтон и Фетел имале по 4 титули а Алонсо само 2.
Иначе да Овен и Меси е глупа споредба, се сложувам!
 
Хамилтон испадна најголемата пречка у кариерата на Алонсо, паметен потег направи што отиде у мекларен на времето ама штета што му се погоди хамилтон за колега, да не беше он лагано ќе освоеше уште 2 титули може.
 
Абе се тоа е ок, ама не успеа да освои титула ни со Мекларен ни со Ферари. На крајот логиката вика дека ако бил најдобар шофер ќе го земеле во најдобриот тим. Јасно е дека болидот игра голема улога (сигурно околу 70% од перформансите зависат од болидот а не од шоферот) и човекот ги надополнуваше тие недостатоци, али јебига друже судија. Глупо е да кажеш дека спортот е нефер затоа што Хамилтон и Фетел имале по 4 титули а Алонсо само 2.
Иначе да Овен и Меси е глупа споредба, се сложувам!

Па добро сега, и тој направи неколку погрешни одлуки во кариерата. Не можеа да функционираат заедно со Хамилтон во Мекларен во 2007, па сепак можеби требаше да остане во 2008 и да атакува на титулата.

Како и да е пак ќе кажам дека ситуацијата со Алонсо во споредба со таа на Хамилтон или Фетел не е фер. Некој што за 30-40 години ќе гледа статистика ќе помисли дека овие двајцата биле богови на возењето во споредба со Алонсо или Раиконен на пример, а во пракса тоа воопшто не е така.
 
Титулите се бројат...и не би се сложил дека Фетел и Хамилтон не се барем еднакво добри шофери ко Алонсо.
Еве на пример и Росберг не се сложуваше со Хамилтон, па пак освои титула. Добар спортист си ако си добар во целост и носиш мудри одлуки, не само колку си добар на патеката.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom