Вака стојат работите со Ферари....
нешто имаат сјебано со задниот дел и немаат даунфорс на задниот дел од болидот. Поради тоа на тестирањата во Барселона се одеше со поинакви подесувања. Има информации дека податоците од симулаторот и ЦДФ програмите со тие од патеката не се совпаѓаат. Поради тоа се појавуваше ефектот на ,,oversteer¸¸ или преуправување кога задниот дел од болидот бега према надвор во кривината.
Истото се повтори на првиот тренинг во Австралија, и тогаш одлучија да одземат и од предното крило се со цел да се исползува баланс на болидот. фактички тоа значи дека на патека каде е потребен максимален даунфорс, тие одеа со среден ДФ подессувања. Резултат на ова беше ефектот на ,,understeer,, или подуправување на болидот, каде со предниот дел на болидот неможи да се погоди апексот на кривината(местото каде се сечат тангетата и кривата ), но позитивна страна е поголема максимална брзина и неможност некој да го престигне тој болид, што и се случи на самата трка
на следната трка во бахреин ферари ќе испроба да го испегла овој проблем со поинакви подесувања(помал ,,рејк,, на болидот, или понизок заден дел, како што тоа го направи Мерцедес на почетокот на 2017 година), и малку во прилог им оди карактеристиката на стазата која бара средно подесување на ДФ.
За трката во Кина се спрема нов под на болидот, со надеж дека ќе го среди проблемот.
ПС.Гратис доаѓа информацијата дека Луис го прегреал моторот возејќи зад Фетел и не се знае дали моторот е оштетен или не. ќе се знае во петок