Споредби Сена со Шумахер неам проблем. Споредби Алонсо со Шумахер и Сена неам проблем.
Али кога ќе ми го споредите Хамилтон со овие е тогаш очигледна е субјективноста. За тоа не ни морам да го зеам фактот како во еден момент статистиката е небитна а во друг ( моментот кога Хамилтон има повеќе пол позиции ) наеднаш станува битна.
Го забораваме фактот дека Шумахер со просечен Ферари завршува се бори за титула секоја сезона. Или на фактот дека со еден мочан Бенетон освојува две титули. Али океј, Бенетонот е спорен, илегален. Тие 2 не му се важат. Со Ферари е доминантен болидот, нема конкуренција, тие не се важат. Муабетиве ви се во најмала рака банални.
Во понова историја ( 2000та наваму ) има само двајца возачи што се истакнуваат убедливо Шумахер и Алонсо. Дека Хамилтон е страшен возач, неверојатно брз, агресивен во прави моменти ( во последниве 2 сезони ) никој не може да негира. Дека Хамилтон со просечен или еднаков болид ќе биде во трка за титула секоја сезона може да заборавите.
Разликата помеѓу него и Алонсо или Шумахер е што кога и да не им оделе работите, може се жалеле, возеле валкано, али за разлика од Хамилтон го ваделе апсолутниот максимум од болидот, каде овој ќе чека на тимот.
Само рано е, има Луис уште добри 5-6 сезони во него, ако успее да си го смири уште троа понашањето. Да се фокусира на Ф1, не на тоа колку е познат, колку жени ебал или колку е „кул“. Па на крај на кариерата ќе коментираме, ама сеа за сеа сеуште е претерано далеку.