Формула 1 - сезона 2018

Шампион за 2018 според вас е...

  • Sebastian Vettel

  • Lewis Hamilton

  • Valtteri Bottas

  • Fernando Alonso

  • Kimi Räikkönen

  • Nico Hulkenberg

  • Daniel Ricciardo

  • Pierre Gasly

  • Kevin Magnussen

  • Max Verstappen

  • Stoffel Vandoorne

  • Marcus Ericsson

  • Carlos Sainz

  • Esteban Ocon

  • Sergio Perez

  • Charles Leclerc

  • Romain Grosjean

  • Lance Stroll

  • Brendon Hartley

  • Sergey Sirotkin

Резултатите може да се погледнат само после гласање.
Неколку круга на борба Хамилтон VS Ветел е она што го бараме од Формула 1 Шампионатот. Тоа е онаа вистинската магија на нашиот омилен мотоспорт, а адреналинот кај нас и најверојатно повеќето Ф1 фановите беше на највисоко ниво. Но, исто и кај самите возачи...

http://mkformula1.blogspot.mk/2016/03/2016_20.html
 
Дефинитивно најдобриот коментар на кој налетав денеска на социјалниве мрежи.
ZZiIW7w.png
 
УТВРДЕНА ПРИЧИНАТА ЗА СУДИРОТ МЕЃУ АЛОНСО И ГУТИЕРЕЗ

Стјуардите ја утврдија причината за ужасниот судир во 17-от круг од трката, кој сите не остави без здив, во моментот кога ги видовме остатоците од болидот на Фернандо Алонсо. Истиот е оценет како тркачки инцидент и нема санкции за нити еден од двајцата возачи. Во моментот на судирот, Фернандо Алонсо возел со 310 км/ч, додека Естебан Гутиерез со 307 км/ч. Секунда подоцна Мекларенот удри во заштитната бариера покрај патеката и прелета над 100 метри во воздух, за на крај да се запре во втора заштитна бариера. За среќа, Шпанецот набрзо излезе од својот кокпит, видно потресен, но неповреден.

"Сакав да излезам што побрзо и да им покажам на моето семејство дека јас сум во ред."- изјави Алонсо подоцна во Ф1 падокот.

Следните денови ФИА и подетално ќе ја истражи црната кутија во неговиот болид. Првично се шпекулираше дека Гутиерез прерано притиснал на сопирачките, но телеметријата покажала дека започнал да кочи во истата точка како и во претходниот круг. Но, тој не го поминал баш најдобро претходниот втор свиок, така што Мекларен беше во можност да го стигне користејќи ја неговата заветрина.

Тогаш се случува нешто што е карактеристично за хибридната ера на болиди. Имено, при крајот на правецот, болидот на Хас преминал во мод на "собирање" на кинетичката енергија, за да се наполнат празните акумулатори на ЕРС-системот. ПЕ одеднаш останува без 150 КС и болидот има одредено моторно кочење. Возачот што е зад болид во ваква состојба добива предупредување преку трепкачкото црвено светло на задната страна.

Очигледно, Алонсо во тој момент видел шанса за престигнување користејќи го ДРС-системот. Гутиерез тргна малку на лево од центарот на патеката, а Шпанецот сакајќи да ја искористи заветрината до последен момент, тргнал налево предоцна и максимално ја пропуштил точката на сопирање. Како последица на овие фактори се случи тоа што следуваше.

"Јас сум прилично разочаран што пропуштивме убава можност за добар пласман, но и благодарен дека излегов без сериозни повреди. Фрустрацијата е што не можевме да ја завршиме трката, дека имаме нула поени и веројатно изгубивме една ПЕ. Болидот е целосно уништен."

http://mkformula1.blogspot.mk/
 
Ме исплаши Алонсо и мене, добро е што излезе неповреден. Инаку осеќам ова ќе биде понеизвесна сезона од лани, Ферари се надевам ќе парира на Мерцедес на секоја трка.
 
Има подобрување во Ферари од лани, али сепак Мерцедес мислам дека и оваа година ќе доминираат. Нај разочаран сум од Вилијам тапа перформанс вчера... Е сега да се надеваме на добра тактика на Ферари и стартови ко вчера за да можат да конкурираат
 
BREAKING NEWS: Квалификациите остануваат по новиот формат кој беше применет за ГН на Австралија. Нема враќање на стариот формат на квалификации (барем за Бахреин)
 
BREAKING NEWS: Квалификациите остануваат по новиот формат кој беше применет за ГН на Австралија. Нема враќање на стариот формат на квалификации (барем за Бахреин)
Да се надеваме ќе додадат повеќе секунди пред елиминација или нема да го сечат возачот на сред круг. Ако го направат ова, може да испадне квалитетен формат.
 
Да се надеваме ќе додадат повеќе секунди пред елиминација или нема да го сечат возачот на сред круг. Ако го направат ова, може да испадне квалитетен формат.
Се е исто засега, никави промени нема новиот формат .

ПС: инаку не го сечат, доколку возиш меречки/брз круг а ти истече времето при возењето на кругот, возачот смее да го заврши кругот, доколку е подобар, и напредува неколку позиции не испаѓа.
 
Како смее нели ги исекоа и двата болида на Хас на пола круг то ест на крај на втор сектор испаднаа :/

Sent from my HTC Desire 610 using Tapatalk
 
Како смее нели ги исекоа и двата болида на Хас на пола круг то ест на крај на втор сектор испаднаа :/

Sent from my HTC Desire 610 using Tapatalk
Не не не грешка си. Знам и кога ги гледав тренинзите на Скај после имаше некоја анализа на новите квалификации и го споменаа тоа, ќе се почека возачот да си го доврши кругот доколку го вози секако.

Абе проблемот е тоа што на пример еве 10ти е Алонсо и се извлекува на 9 место, тој има само 70 секунди време за да се извлече и од 9 место, а не може да влезе во бокс да надополни гориво или да смени гуми. Ако се извлече и од 9 и го подобри времето за 8 место, после пак има само 70 секунди време... Немаат смисла вакви квалификации. Тоа е исто како на фудбал да направиш да ако противникот ти даде гол ти потоа да имаш само еве да речеме 5 минути за да дадеш гол, ако не дадеш во рок од тие 5 минути гол ти си загубил. Па 90 минути е фудбалски натпревар бе ало. Исто и на квалификации во Ф1. Немаат никаква смисла овие квалификации....
 
Мислев поинтересно ќе е вака ама тапа. Има некоја акција на старт ама после тапа. Мора да се менува нешто :/

Sent from my HTC Desire 610 using Tapatalk
 
Ситуацијата во Ф1 вака ми изгледа моментално. :D
uploadfromtaptalk1458854467255.jpg
 
Абе не викам не (да не бидам погрешно разбран), добредојдени се промени, но "нормални промени". Промени кои ќе бидат прифатени од сите, најмногу од фановите. Ова ем не е прифатено од никого ем го форсираат. Why??? Која е поентата во ваквата промена?
 
Затоа што старец ја води ф1 кој што ја загубил визијата за тоа како треба да изгледа ф1

Sent from my HTC Desire 610 using Tapatalk
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom