УТВРДЕНА ПРИЧИНАТА ЗА СУДИРОТ МЕЃУ АЛОНСО И ГУТИЕРЕЗ

Стјуардите ја утврдија причината за ужасниот судир во 17-от круг од трката, кој сите не остави без здив, во моментот кога ги видовме остатоците од болидот на Фернандо Алонсо. Истиот е оценет како тркачки инцидент и нема санкции за нити еден од двајцата возачи. Во моментот на судирот, Фернандо Алонсо возел со 310 км/ч, додека Естебан Гутиерез со 307 км/ч. Секунда подоцна Мекларенот удри во заштитната бариера покрај патеката и прелета над 100 метри во воздух, за на крај да се запре во втора заштитна бариера. За среќа, Шпанецот набрзо излезе од својот кокпит, видно потресен, но неповреден.
"Сакав да излезам што побрзо и да им покажам на моето семејство дека јас сум во ред."- изјави Алонсо подоцна во Ф1 падокот.
Следните денови ФИА и подетално ќе ја истражи црната кутија во неговиот болид. Првично се шпекулираше дека Гутиерез прерано притиснал на сопирачките, но телеметријата покажала дека започнал да кочи во истата точка како и во претходниот круг. Но, тој не го поминал баш најдобро претходниот втор свиок, така што Мекларен беше во можност да го стигне користејќи ја неговата заветрина.
Тогаш се случува нешто што е карактеристично за хибридната ера на болиди. Имено, при крајот на правецот, болидот на Хас преминал во мод на "собирање" на кинетичката енергија, за да се наполнат празните акумулатори на ЕРС-системот. ПЕ одеднаш останува без 150 КС и болидот има одредено моторно кочење. Возачот што е зад болид во ваква состојба добива предупредување преку трепкачкото црвено светло на задната страна.
Очигледно, Алонсо во тој момент видел шанса за престигнување користејќи го ДРС-системот. Гутиерез тргна малку на лево од центарот на патеката, а Шпанецот сакајќи да ја искористи заветрината до последен момент, тргнал налево предоцна и максимално ја пропуштил точката на сопирање. Како последица на овие фактори се случи тоа што следуваше.
"Јас сум прилично разочаран што пропуштивме убава можност за добар пласман, но и благодарен дека излегов без сериозни повреди. Фрустрацијата е што не можевме да ја завршиме трката, дека имаме нула поени и веројатно изгубивме една ПЕ. Болидот е целосно уништен."
http://mkformula1.blogspot.mk/