Дефинитивно е потврдено дека Ферари има старт систем на својот болид кој уште на зимските тестирања(Хорнер) се покажал убедливо најбрз. Дали ќе биде тоа стандард на сите трки, останува времето да го покаже.
Иначе во Бахреин во 2015 година Ферари ја имаше најмалата разлика на квалификации во однос на Мерцедес, плус за прв пат од промовирањето на новиот болид ќе носи надградби...па би требало да биди интересно.
Трката во Бахреин го има еден од подолгите правци на стартот, па би требало ферари болидите да имаат предност на самиот старт. Вероватно поради тоа тие се откажаа да го возат последниот обид во Q3 во Аустралија.
Би требало да биди интересно.[DOUBLEPOST=1459090428][/DOUBLEPOST]Една од работите која му помага на Ферари во побрзиот старт , е користењето на една многу подолга полуга за кумплугот наместо како досега пократките. Имено од оваа годинае забрнето користење на две полуги за кумплугот, а тоа мора се прави со една. Можат да постојат и две, ама во трка се користи само една..
Мало потсетување како до лани работеше кумплуг системот за стартување.со едната полуга се отпушта кумплугот во т.н. ``груб мод``, обично со левата рака. Кога тркалата ќе зафатат да вртат, тогаш со десната полуга се врши фино отпуштање на квачилото, за да нема проклизување на погонските тркала. Од оваа година е забрането користење на две полуги , и болидот се стартува со киристење на само една полуга.
Ферари направи една долга полуга од едниот крај до другиот на воланот, и така работниот опсег за користење е поголем. Во исто време Ферари има најагресивен мапинг на моторот, кој годинава на ниски обртаи звучи како трактор, а тоа е со цел да се подеси обртниот момент на посакуваното ниво.
Еве закачив некои слики на некои балкански форуми(јас ги цртац овие графиците), па се надевам ќе се долови за што зборувам ,иако пишував на српски