2015 БРИТАНИЈА ГП: ПОБЕДAТА НА ДОМАШЕН ТЕРЕН ИМА ПОСЕБЕН ШМЕК

Луис Хамилтон е Победник на драматичната (во споредба со остатокот од сезоната) трка за Големата Награда на Британија, надминувајќи ги слабиот старт и подоцнежниот дожд на Силверстоун. Како што секогаш потенцира, победите на домашен терен секогаш имаат посебен шмек. Нико Розберг заврши на второто место, со претекнување на Валтери Ботас и Фелипе Маса на влажната патека, која се покажа како вистински предизвик за болидите на Вилијамс. Себастијан Ветел исто така со болидот на Ферари успеа да ги помине возачите на Вилијамс, по навреме направениот пит-стоп за интермедиа гуми за последното, трето место на Победничкиот Подиум.
Британското Гран При започна уште за време на загревачкиот круг кога Зауберот на Фелипе Наср имаше проблем, застанувајќи при Стоув свиокот. Болидот беше брзо вратен во гаражата на Заубер, но и покрај напорите на неговите механичари да го поправат дефектот, Наср не беше во можност да стартува.
Луис Хамилтон преку тимското радио ги најави проблемите што следеа при неговиот старт поради малиот грип на стартно-целната рамнина. Неговиот лош старт не го искористи нити тимскиот колега, кој најверојатно ги имаше истите проблеми. За разлика од нив Фелипе Маса, кој стартуваше од третата позиција, ја искористи укажаната прилика, и пролета помеѓу двата Мерцедеси за да ја преземе водечката улога во првиот свиок. Валтери Ботас, неговиот тимски колега, кој стартуваше веднаш зад него исто така успеа да го престигне Розберг, но кога се обиде да го нападне Хамилтон, направи почетнички потег, по што Британецот успеа да се одржи на второто место.
Добар старт имаше и Нико Хулкенберг со Форс Индија кој од 9-тата стартна позиција стигна на 5-тото место пред Кими Раиконен на шесто и Дањил Квјат на седмо место. Себастијан Ветел падна на осмото место пред Серџо Перез и Карлос Саинц ЈР од Торо росо.
Вистинските проблеми ги имаше во задниот дел од гридот каде се судрија двата болиди на Лотус и двата Мекларени, по што на патеката беше распоредено виртуелното безбедносно возило. Фернандо Алонсо беше единствениот болид, од 4-те кои учествуваа во овој инцидент, кој успеа да стигне до својата гаража по нов нос на болидот, а воедно и стави нови тврди гуми.
При рестартот на трката, Хамилтон со сите сили се обиде да го престигне Маса, но Бразилецот добро ја одржуваше тркачката линија, па возачот на Мерцедес АМГ беше принуден за момент да излезе надвор од патеката . Загубата на моментумот му овозможи на Валтери Ботас да премине на второто место. Изненадувачки болидите на Вилијам можеа да го држат своето темпо на високо ниво.
Веќе по осмиот круг се насетуваше дека Вилијамс беа изненадени од добриот старт и како да немаа поим како да продолжат по прашање на стратегијата за понатамошниот тек на трката. Имено, во тие моменти Финецот се доближи блиску до својот тимски колега, беше очигледно побрзиот болид, но Маса се бранеше со сите сили, да остане пред него. Се решија да нема тимски наредби, што можеби ги чинеше многу на оваа трка. Дуото на Мерцедес АМГ да се доближи многу блиску до нив, Хамилтон на само 0.7 секунди зад Ботас, со Розберг уште секунда поназад.
Редоследот остана непроменет до првите влегувања во боксевите, кои ги започна Даниел Рикиардо, во 14-от круг. Водечките чекаа до 20-от круг, а првиот потег го повлече Луис Хамилтон. Британецот имаше брза промена на неговите гуми од само 2.4 секунди, преминувајќи на тврдите гуми на Пирели. Тој се врати на четвртото место на патеката, само зад Перез, кој се уште ги немаше променето неговите гуми.
Вилијамс одговори веднаш, прво со Фелипе Маса, кој беше следен од Нико Розберг. Застанувањето на Бразилецот беше малку побавно и двата болиди еден до друг излегуваа кон патеката. На крајот Маса успеа да излезе пред Розберг, но, во меѓувреме, Хамилтон имаше супер брз круг за да заврши пред Маса.
Следен во бокс беше Ботас, кој го имаше во моментот првото место, но бавната работа на неговите механичари од 3.2 секунди, беше причината при излегувањето на патеката да се најде зад својот тимски колега на 3-тото место. Нико Розберг веднаш го нападна, но Финецот се одбрани. Германецот се соочуваше со можноста да изгуби значајни поени во борбата со неговиот тимски колега, па преку тимското радио беше советуван да ги искористи сите можности на својот болид за да почне да престигнува.
Позициите се одржуваа до 38 круг кога се јавија првите капки дожд на патеката. Веќе следниот круг Ботас јави преку тимското радио дека доколку продолжи дождот дека сака промена на интермедиа гумите, но од тимот поради тоа што дождот зафати само дел од патеката, го оставија надвор, иако почна многу да заостанува зад својот тимски колега, а Розберг виде шанса за напад.
Раиконен, кој беше шести, беше првиот од фаворитите што влезе во боксот по интермедиа гуми. Ботас повторно го загуби контактот со асфалтот, што беше доволно Нико Розберг да се најде на третото место. Германецот наскоро го стигна и Фелипе Маса, кој исто така лесно беше поминат за второто место. Болидите на Вилијамс делуваа изгубено на дождот.
Дождот засили при влегувањето на Луис Хамилтон и Себастијан Ветел во 44 круг, со тоа донесувајќи одлична стратегиска одлука за Победата, т.е. третото место. Колку беше добра оваа одлука покажа влегувањето на Нико Розберг веќе во следниот круг, кога веќе се беше доцна.
Со шест круга до крајот, Хамилтон водеше пред Розберг Себастијан Ветел. Следуваа болидите на Вилијамс, Маса пред Ботас. Последните пет што завршија како освојувачи на бодови се Квјат, Хулкенберг, Раиконен, Перез и Фернандо Алонсо со Мекларен, кој го одвои својот прв поен во оваа сезона.
Победата на Луис Хамилтон му донесе зголемување на преднста на 17 поени пред својот тимски колега, Нико Розберг во генералниот пласман на возачи. Следна требаше да биде трката во Германија, но од добро познатите причини таа нема да се одржи, па така Ф1 карванот се сели на Хунгароринг од 24-26 Јули.
Голема Награда на Британија, Силверстоун