Формула 1 - сезона 2015

  • Креатор на темата Креатор на темата M1K1 007
  • Време на започнување Време на започнување

Шампион за 2015 според Вас...


  • Вкупно гласачи
    71
  • Гласањето е завршено на .
Кога зазборевте за убави болиди овој ред бул ми остави најголем впечаток, со ваков дизајн возеа само една трка мислам, целиот беше обвиен со ситни сликички од нивните фанови, многу беше кул
Mark_Webber_2007_Britain_2.jpg

2007-Red-Bull-RB3-F1-Faces-for-Charity-Wings-for-Life-2-1920x1440.jpg
 
2015 БРИТАНСКО ГП: НИКО РОЗБЕРГ СО ПРОБЛЕМИ ДО НАЈБРЗОТО ВРЕМЕ

Mercedes%2BDuo.jpg

Тркачкиот викенд за Големата Награда на Британија, започна со првиот слободен тренинг на кој најбрзото време како по обичај го забележа тимот на Мерцедес АМГ. Нико Розберг ја доби првата рунда со својот најголем ривал и тимски колега, Луис Хамилтон, кој е на својата домашна патека.

Но, не изгледаше се така лесно за Германецот по појавата на истите проблеми од минатата сезона кога поради истекување на хидрауликата од менувачот не ја заврши трката. Неговите инженери во рекордно време направија промена на менувачот за да во послените моменти од сесијата го постави најбрзото време.

Неочекувано, но заслужено болидите на Торо Росо веднаш зад Сребрените стрели. Ферари резервиран и без брзи времиња со многу малку гориво, по инструкции на својот тимски шеф, кој е против давање лажна надеж на своите фанови. Исправно!!!

Оваа патека е домашна за повеќето Ф1 тимови кои имаат седиште во Англија. Мерцедес АМГ се фаворити за Победата и ништо не е изменето и по завршувањето на претпладневниот тренинг. Видовме неколку резервни и тест возачи, Џолион Палмер повторно го замени Роман Грожан во Лотус, Сузи Волф беше замена на Валтери Ботас во Вилијамс и Рафаеле Марсело го замени Маркус Ериксон во Заубер.

Најголем интерес предизвика болидот на Форс Индија, кој е единствениот со значителни надградби кои ќе се испробуваат во текот на денешните две тренинг сесии. Тие се решени на крајот од сезоната да бидат пласирани повисоко од тимот на Ред Бул.

Мекларен е тимот кој има големи проблеми со издржливоста, што беше потврдено и ова утро. Фернандо Алонсо, очекувано поради старата и можеби оштетена Хонда ПЕ од судирот со Кими Раиконен, не помина многу време на патеката. Но, отсуството на Џенсон Батон не беше планирано, а се случи поради проблеми со истекување на хидроуличната течност во неговиот болид.

Вториот слободен тренинг кој треба да ни донесе многу порелевантни времиња како показател за перформансите на болидите ќе започне во 15:00 часот.

РЕЗУЛТАТИ
 
2015 БРИТАНСКО ГП: ПЕТОКОТ РЕЗЕРВИРАН ЗА НИКО РОЗБЕРГ


Нико Розберг го имаше најбрзото време и на вториот попладневет тренинг за Британското Гран При на патеката Силверстоун. Следуваа болидите на Ферари, Кими Раиконен за 0.020 секунди пред Себастијан Ветел, додека Луис Хамилтон мораше да се задоволи со четвртото најбрзо време по направената грешка во својот брз круг.

Може да се каже дека ова беше фрустрирачки ден за Хамилтон, кој во неколку наврати преку тимското радио кажа дека не е задоволен од стабилноста на неговиот болид и дека тој е насекаде низ патеката. Тоа се двата главни тимови кои ќе се вмешаат во борбата за Подиумот и првите стартни позиции, на кои може да се приклучи и тимот на Вилијамс, за кој знаеме дека во петок не го покаќува својот вистински потенцијал.

Програмата продолжува утре со Саботниот тренинг и Квалификационата сесија која започнува во 14:00 часот.

ВТОР СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
 
Абе овие Ферари требаат само да го подобрат болидот за квалификации за да излезат пред Мерцедес па после полесно ќе е за на трка, тоа мора да го направат ако сакаат подобри резултати. Инаку на трка добро темпо имаат.
 
http://www.krug.mk/?p=1400
Вилијамс пред Ферари
Очигледно беа во право кога изјавуваа дека овој дел од сезоната 'им лежи'
 
http://www.krug.mk/?p=1400
Вилијамс пред Ферари
Очигледно беа во право кога изјавуваа дека овој дел од сезоната 'им лежи'
Ako se sluci da procitate deka nekoj od Kumanovo izvrsil samoubistvo da znaete deka sum jas ... Pri kraj sum so nervite zaradi rezultative na Ferrari :/

Sent from my HTC Desire 610 using Tapatalk
 
Ете колку сме блиску до Мерцедес :D Врска си нема...
Ете се покажа и немаме ни шасија толку најдобра за вакви стази како Силверстон па Вилијамс се пред нас.
Али нема везе, се знаеше дека Ферари нема да целат на титула, така изјави и Аривабене пред сезонава, така да наредна сезона, очекувам појако.
 
Ете колку сме блиску до Мерцедес :D Врска си нема...
Ете се покажа и немаме ни шасија толку најдобра за вакви стази како Силверстон па Вилијамс се пред нас.
Али нема везе, се знаеше дека Ферари нема да целат на титула, така изјави и Аривабене пред сезонава, така да наредна сезона, очекувам појако.
Se poeltavme na startot dodeka Mercedes ne gi napravi prvite nadgradbi, i tolku so prvite nadgradbi izgubivme cekor :/

Sent from my HTC Desire 610 using Tapatalk
 
Овие Ферари наместо да ги поминат Мерцедес, беа поминати од Вилијамс... Убаво си рече Алонсо дека веќе му е здосадено од тоа да биде втор.
 
Овие Ферари наместо да ги поминат Мерцедес, беа поминати од Вилијамс... Убаво си рече Алонсо дека веќе му е здосадено од тоа да биде втор.
А кога бил Алонсо втор? :) У ферари барем стигаше до 5то место и 3то во генерален пласман на конструктори.
 
А кога бил Алонсо втор? :) У ферари барем стигаше до 5то место и 3то во генерален пласман на конструктори.
2010, 2012 и 2013 втор, со 2010 и 2012 големи шанси да освои WDC.
 
Сеа прочитав дека на Ферари му сметал ветерот на патеката па завршиле таму кај што се, а не дека имале некакви проблеми со болидот. И како што забележав само медиум гумите ги користеа сите болиди, а зошто е тоа така?
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom