Формула 1 - сезона 2015

  • Креатор на темата Креатор на темата M1K1 007
  • Време на започнување Време на започнување

Шампион за 2015 според Вас...


  • Вкупно гласачи
    71
  • Гласањето е завршено на .
Со новиот "нос" и изгледот е тапа...


2015 АВСТРИЈА ГП: НИКО РОЗБЕРГ ПОБЕДНИК, ФЕРАРИ ГУБИТНИК


Нико Розберг ја забележа својата трета Победа во 2015 сезоната на денешната Голема Награда на Австрија. Луис Хамилтон и покрај стартот од Пол позиција немаше одговор за темпото на својот тимски колега. Трет финишира Фелипе Маса кој го забележа својот прв пласман на Подиумот.

Денешната трка беше решена уште по првиот свиок, кога Нико Розберг успеа да го помине Луис Хамилтон за водечката позиција. Тоа беше и највозбудливиот дел од целата трка, плус Кими Раиконен, кој стартуваше 14-ти, имаше инцидент со забрзаниот Фернандо Алонсо, кој стартуваше 19-ти за Мекларен. Судирот ги лансираше двата болида во бариерите, еден над друг. Добро беше што двајцата возачи излегоа неповредени.

Веднаш беше распоредено безбедносното возило за да бидат расчистени двата болиди и многуте делови од нивната шасија. Дањил Квјат со Ред Бул, кој имаше оштетено предно крило во борбата за што подобра позиција на стартот го искористи овој период за влез во боксот по нов нос, без поголеми последици по неговата трка, плус ги замени супер-меките со меки гуми на Пирели.

Трката беше рестартирана во седмиот круг. Розберг го задржа првото место пред својот тимски колега, со Ветел на третото место, пред Маса, Хулкенберг, Ферстапен и Ботас. По несреќата на Алонсо, фрустрирачкиот викенд за тимот на Мекларен беше завршен во 9-от круг, кога од Батон беше побарано да се повлече од трката и да го врати болдиот назад во гаражата.

Да ја забележиме и казната што Маркус Ериксон ја заработи поради предвремен старт. Набрзо трката за Победа стана битка помеѓу двата возачи на Мерцедес АМГ. По 16 круга тимските колеги беа во растојание од 1.7 секунди, додека Себастијан Ветел не можеше да го следи нивното темпо и почна да заостанува со повеќе од седум секунди разлика.

Роман Грожан беше првиот што повлече нога за промена на гуми во 23 круг. На водечкиот во трката Нико Розберг, му требаа уште 10 круга за да се реши на промена на своите гуми. Хамилтон следуваше еден круг подоцна, но повторно се врати зад својот тимски колега. Дека на оваа трка на Хамилтон ништо не му поаѓаше од рака сведочи и бизарната казна од пет секунди (која ако болидот до крај на трката не застране во бокс, му се додава на вкупното време по завршување на трката) за преминување преку белата линија на излез на боксевите.

При првата и единствена замена на гуми, дебаклот на Ферари беше потврден, кога Ветел имаше проблематичен пит-стоп од 14-тина секунди. Задното десно тркало со сила беше намонтирано на неговиот болид, поради проблем со пневматскиот пиштол. Тоа го чинеше Германецот пласман на Подиумот, кој му го предаде на Фелипе Маса. До крајот на трката од Ферари настојуваа да му се доближат на Бразилецот на доволно растојание за Ветел да проба напад, но Вилијамсот беше непогрешлив.

Зад нив, Ботас заврши на 5-то место пред Нико Хулкенберг, Победникот од 24 Ле Ман, на 6-тото место. Во последните моменти Малдонадо го помина Ферстапен за 7-то место, додека Перез се одбрани пред Даниел Рикиардо кој го заокружи пласманот на освојувачи на поени.

Со оваа Победа Нико Розберг ја намали својата негатива на 10 поени зад неговиот тимски колега на првото место од генералниот пласман на возачи. Следната трка од 2015 Формула 1 Шампионатот се вози за две недели, 3-5 Јули, на патеката Силверстоун, Англија.

Голема Награда на Австрија, Ред Бул Ринг
 
Последно уредено:
Ај што се намерачија на Малдонадо, ама сеа и на мекларен-хонда им удрија мерак.
http://hasmclarenhondawonyet.com/
P.S Кој не знае има сајт за Малдонадо и акаунт на твитер
http://hasmaldonadocrashedtoday.com/
Слично некако беше и името на твитер :D
 
Надградбите во Канада беа многу ефикасни,кои заедно со новото гориво на Шел донесоа 20-30 КС. Направени беа промени на лежиштата на вентилите на главата од моторот,клиповите и самите комори за согоревање. Со овие надградби разликата во однод на Мерцедес или ја нема или е многу мала на самата трка.

Разликата ја прави Мерцедес на квалификациите каде хрибридниот систем е дозволено да испорача 4 МЈ по круг а на трка 2 МЈ по круг. Тука е Мерцедес засега појак. Од батериите извлекува повеќе струја.

Во Монца највероватно Ферари ќе има појак мотор од Мерцедес,бидејќи има повеќе токени за користење(дури 7) а Мерцедес своите ги искористи за да добие издржливост на моторот а не снага

Ферари влезе во сезоната со повеќе токени поради тоа што помалце го развиваше и унапредуваше својот мотор зимоска во споредба со Мерцедес.

Подобрениот Мерц мотор кој во Канада го возеа Мерц, Вилијамс и Лотус, а во Австрија и Форс Индија е подобрен само за издржливост и на него не се потрошени токени. Мерцедес си ги има сите токени од првата трка.

Ферари најавува подобар мотор во Италија, а деновиве прочитав и дека дополнително ќе го засилеле за САД. Ако се земе во предвид дека се на трети мотор во момемтов, во Монца би инсталирале 4ти, не ми се верува да одат на менување и казна бо САД, посебно кога Вилијамс почна да им зема подиуми.
 
Se prenasaat tokenite za naredna sezona ili reset ima sekoja sezona ?

Sent from my HTC Desire 610 using Tapatalk
 
Мерцедес ги искористи токените за да можи на трка да искористи што повеќе од снагата на моторот. Имено тие имаат еден проблем, така што од квалификации до трка снагата на моторот ја намалуваат од безбедносни причини. На квалификации одат со 100% од снагата, а на трка не. Сега со искористувањето на токените можат малку повеќе да го притиснат моторот.

Се шпекулира дека победата на Ферари во Малезија е добиена баш поради големо намалување на моќноста на агрегатот на Мерцедес на самата трка поради големите горештини.

Иначе иако Ферари е на третиот мотор,првите 2 можи да ги користи во петоци и на трки каде не се бара поголема снага на моторот(Унгарија)

За 2016 година ќе имаат нови 25 токени по мотор и секоја година све помалку.

Еве го распоредот по години и колку токени носи промена на секој дел од погонската единица

03a36e09adf825a46124fa0411e68194.jpg
 
Ф1 ФАНОВИТЕ ГО КАЖАА СВОЕТО, НА ПОТЕГ СЕ БЕРНИ И ФИА


Најпопуларен Ф1 тим и возач меѓу фановите!!! Очекувано?

Асоцијацијата на Ф1 возачи неодамна од 22 Мај до 8 Јуни спроведе анкета со која ги охрабри Ф1 фановите да ги искажат своите видувања околу минатото, сегашноста и иднината на овој врвен мотоспорт. Денес беа објавени резултатите од оваа анкета на која учество зеле 217.756 фанови од 194 земји, а најмногубројни биле фановите од Велика Британија, Франција, САД, Австрија, Германија, Холандија, Австралија, Јапонија, Италија, Бразил.

СТРУКТУРА НА Ф1 ФАНОВИТЕ:
- Повеќе од половината се на возраст од 25 до 44 години, со просечна возраст од 37 години;
- 3/4 од нив имаат стаж од над 10 години како Ф1 фанови;
- На 1/4 од нив Ф1 им е омилен спорт и го следат во детали;
- После Ф1, најчесто го следат WEC Шампионатот;
- Еден од пет биле на трка во последните 12 месеци;
- Присуството најмногу е мотивирано од добар место за следење на трката, прошетки низ боксевите и тури низ падок реоните;
- Повеќе од половината гледаат најмалку 12 трки во сезона;
- Идеално време за старт на трката е во недела помеѓу 12:00 и 15:00 часот;
- 3/4 од фановите ја гледаат целата трка од почеток до крај.

КАДЕ СЕ ГЛЕДА Ф1:
- 90% низ пренос во живо на Free-to-Air Телевизија;
- 45% гледаат на интернет;
- 30% на платeни on-demand платформи.
- Ф1 има 50% помала гледаност од преселување на Трките на платените ТВ платформи;
- Твитер е најпопуларната социјална платформа за следње на Ф1;
- Вебсајтовите за Ф1 се број 1 место каде фановите ги добиваат информациите поврзани со овој мотоспорт;

КАКО Ф1 ФАНОВИТЕ ЈА ОПИШУВААТ ФОРМУЛА 1
2015 - СКАПА, ТЕХНОЛОШКА, ДОСАДНА;
2010 - ТЕХНОЛОШКА, КОНКУРЕТНА, ВОЗБУДЛИВА

Ф1 фановите веруваат дека структура на тркачките викенди е добро поставена, но потребни се неколку мали промени. Популарноста на Шампионатот дефинитивно може да се подобри, потребно е да се привлечат нови фанови, но и да се задржат постојните навивачи кои се на работ да се приклонат кон други спортови. Ова се должи делумно на промените во договорите за телевизиските права и зголемување на перцепцијата дека во Формула 1 доминираат бизнис интересите на тимовите.
ШТО Е НАЈВАЖНО ЗА ФАНОВИТЕ:
74% - Формула 1 правилата не треба да бидат толку ригорозни за да се овозможи поголема разновидност на болиди и технологија;
73% - Звукот на Формула 1 моторите е важен;
72% - Нивната моќност да биде што поголема;
68% - Трошоците на тимовите се превисоки и се пречка за добра иднина на Формула 1;
59% - Големината и видот на Формула 1 моторите.
ШТО БИ САКАЛЕ ДА СЕ ПРОМЕНИ ВО Ф1:
80% - Треба да има повеќе од еден доставувач на гуми;
60% - Повторно да се воведе дополнување на гориво во текот на трката;
54% - Мора да се воведе ограничен и контролиран тимски буџет;
51% - Да се доделуваат поени за најбрз круг;
44% - Тимови да може да купуваат и употребуваат фабрички болиди;
38% - Да се доделуваат поени за Квалификациската сесија.

Во Ф1 треба да учествуваат најдобрите возачи, кои треба да преземат иницијатива и заедно со фановите да го ревитализираат спортот. Потребни се технички и спортски промени за подобрување на спектаклот и привлечноста на Ф1. Клучните области за промени во краток рок се звукот и моќноста Ф1 моторите. Да се стави поголем акцент на возачките вештини, враќање на долевањето на гориво и конкуренција кај доставувачите на гуми. Исто така, постои желба да поголема конкуренција преку релаксирање на техничките прописи и спроведувањето на ограничени тимски буџети.

ШТО ПОСАКУВАТЕ ОД ВОЗАЧИТЕ:
86% - Да бидат поотворени и искрени со фановите;
83% - Да помогаат во унапредување на безбедноста во Ф1;
78% - Да имаат активна улога во дефинирање и спроведување на регулативата и спортските промени во Ф1;
78% - Да ја промовираат Формула 1 и да допринесат за подобрување на нејзината глобална репутација;
75% - Активно да работат за доближување на фановите поблиску до Формула 1.



НАЈПОПУЛАРЕН Ф1 ВОЗАЧ НА СИТЕ ВРЕМИЊА:
1. АИРТОН СЕНА;
2. МИХАЕЛ ШУМАХЕР;
3. АЛАН ПРОСТ;

НАЈУБАВИТЕ Ф1 БОЛИДИ ДОАЃААТ ОД 2000-ТЕ ГОДИНИ!!!
 
ФИА, ФОМ И ТИМОВИТЕ ГИ ПЛАНИРААТ 2017 БОЛИДИТЕ


Стратегиската група не седи со скрстени раце и во текот на објавувањето на резултатите од анкетата на Ф1 возачите одржаа состанок на кој се направи еден чекор понапред за иднината на Формула 1. На една неочекувано конструктивна средба, се одобрени важни одлуки и иновативни насоки за Ф1 Шампионатот.

Една од одлуките која ќе се примени веќе од Белгиското Гран При оваа сезона ќе биде уште поголемото ограничување на уредите и софтверот за помош на возачот, особено при стартот на трката. Со овие мерки целосната контрола на болидот ќе се врати на возачот, што би довело до повозбудливи и непредвидливи трки. Исто така се ограничуваат советите на инженерскиот тим преку тимското радио кога болидот се наоѓа на патеката.

Ревизија на правилата по кои се одредуваат казните поврзани со употребата и бројот на ПЕ, кои се експресно пратени на усвојување од страна на Комисијата за Ф1 на ФИА, веќе на следниот состанок на Светскиот Совет за Мотоспорт, кој ќе се одржи во Мексико Сити следната недела. Тие би важеле веќе од оваа сезона. Заедно со овие промени испратена е и ревизија на правилата поврзани со системот на издувни гасови, со цел зголемување на бучноста на новите ПЕ, кои би важеле од 2016 година.

Исто така, било договорено да се овозможи една екстра ПЕ по возач во првата година за било кој нов производител кој би се приклучил на Ф1 Шампионатот. Ова правило ќе важи ретроактивно и за 2015 сезоната т.е. за Хонда. Но, не гледаме фајде на Јапонскиот производител, бидејќи болидите на Мекларен веќе стигнаа до својата 5-та, т.е. 6-та ПЕ.

ФИА и ФОМ добија мандат да предложат сеопфатен сет на мерки за развој на ПЕ и цената на чинење, вклучувајќи целосна ревизија на токен системот, зголемување на протокот и количината на гориво, ограничувањата при користење на динамометрите и.т.н.

Со Пирели се финализираат модалитетите за зголемена слобода при избор на смешите за 2016 година.

Од страна на тимовите се проценува нов сет на регулативи за конструкција на побрзи и поагресивни болиди за 2017 година. Тука спаѓаат правилата околу пошироки болиди и гуми, нови крила и нов облик на подот и значително зголемување на аеродинамичкат потисна сила.

Било разговарано за неколку возбудливи и иновативни промени на квалификациската сесија и трката кои се разгледуваат од страна на ФИА и ФОМ за воведување од 2016 година.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom