Стартуваше 14ти, на стартот мина 4 болиди (тоа што го кажав погоре), Фетел и Маса излетаа и дојде до 8мо место. После не помина никој директно во трка, 2ца помина низ бокс и дојде до 6то место, Алонсо го казнија, на Кубица му се расипа и оп ете ти 4то место. Не дај Боже да пробаше Розберг да го помине, тоа ќе беше веќе изненадување на векот.
Во Монтреал беше позади Хамилтон, Алонсо и двата Ред Була и не знам како после боксовите успеа да профитира и да дојде до 3то место и го помина Алонсо. Ајде едно поминување ете.
Кога се бореше со Хамилтон за прво место, двата Ред Була се удрија меѓу себе и затоа и дојде до второ место.
Не да не е калибар на Хамилтон, него е 2 класи послаб возач од Хамилтон.
Греота е што тој има титула покрај толку квалитетни имиња, лани тепаше 6 - 7 трки зашто имаше дупло појак болид, каде беше во остатокот од сезоната? Се бореше за 6 - 7 место, и на сите трки губеше од Баричело, ејјјјј.