Одлична трка. Цело време имаше некои претекнувања и некои возбудувања. Кога дојде до мало затишје, на Торо Росо болидот почна пак да се распаѓа, што беше доволно да излезе SC па да се направи невидена мешаница до сега.
За Батон, секоја чест, очигледно знае да се коцка човекот, сите влегоа по 4 пати, тој само 2 пати и со тие 50 секунди предност беше многу лесно да се победи. Со оглед на тоа што по втор пат се случува да имаат различна тактика во Мекларен, верувам дека ваквите одлуки ги носат самите возачи, затоа што нема друго логично објаснување.
Истото важи и за Нико Розберг, кој беше храбар да вози со мазни гуми на дожд, за разлика од неговиот тимски колега - шампионот Шумахер, кој како да заборавил да вози на дожд, нешто што му беше специјалност, па сега и со гуми за дожд, забегува од патеката...
Луис Хамилтон, одлично извози, не сум му фан, ама објективно тој имаше најдобра трка денеска, помина којзнае колку болиди пред него, некои по 2, некои по 3 пати...се на се, заслужено второ место.
За Алонсо, како фан на Ферари, не сум убеден баш дека стартуваше пред време, и дека заслужи казна, за тоа што колку што успеав да видам на снимката, тргна во ист момент кога се изгаснаа црвените светла...Сепак, нема да се бунам против судиските одлуки, сепак тие знаат подобро, нели....
Се на се, одлична трка, одлично првенство. Со оглед на тоа што за победа се зема по 25 бода, не може во никој случај да се издвојат само првите 4-ца за шампиони, затоа што и до 8-мото место нема некоја голема разлика. Ќе биде неизвесно цела сезона. Плус, сега доаѓаат во Европа, нешто што сите екипи го очекуваат и сите најавуваат дека дури тогаш ќе се покажат во вистинското светло, што би значело дека ќе биде бркотница за бодови.:tv: