Брачко тоа е стратегија, барам да ги остат луѓето да мислат. Тој некој што ќе остане на патеката со еден сет на гуми ќе биде побавен, но ја има предноста од +25 секунди на еден бокс. Па да си искалкулира дали е исплатливо или не да се менуваат гуми. Вака сите се сигурни дека еднаш мора да се посети боксот, па и калкулацијата е на маса, и се гледа што направил противникот и дали влегол во бокс....
Сакаш да ти најдам трки каде што Сена возеше без влегување во бокс? Да речеме на патеката во Монако каде што дури и да е побрз некој 6 секунди неможе да те престигне поради конструкцијата? Мора да се дозволи да се игра и на таа карта ако сакаме да гледаме салам трки.
Па и со овие правила постои стратегија. Дали да се започне со меки гуми (да си побрз на почетокот, ама брзо да се трошат гумите) или да се започне со тврди (послаби перформанси, а поголема издржливост). Потоа да се смени на тврди или меки. Вајда ме разбираш што ти зборам.
Еве преку пример... На почетокот на трката во Малезија, Хамилтон беше неприкосновен. Зошто? Затоа што возеше на меки гуми. Алонсо и Маса се бореа со Алгесуари. Зошто? Затоа што беа на тврди гуми. Хамилтон возеше дури и по 2 секунди побрзо од Ферарињата. Но потоа работите се сменија, Алонсо и Маса беа 2 секунди побрзи од Хамилтон и Батон затоа што овие беа на тврди гуми, а првиве на меки.
Што сакам да кажам? Дека со ова правило може да се калкулира, кога да се влезе во бокс и со какви гуми да се започне.
А тоа дека ќе направи 25 секунди предност!? Да, но потоа ќе биде стигнат за 7-8 круга максимум. И нема фајде, единствено нешто што може да го добие е само да ја заврши трката (на некоја среќа).
А таа Ф1 и оваа немаат никаква точка што ги поврзува. А да, има, тоа се тркалата, моторот и воланот. Трошењето на гумите тогаш и денес не е воопшто исто, а и материјалот на гумите исто така.
Друго нешто е патеката. Многу нормално дека на такви трки како Монако има многу мали шанси за поминување. Исто така и Имола, но овие трки не можеш да ги споредуваш со другите, зошто се само 1-2 во целата сезона. Другите патеки се далеку подобро за престигнување и правење на добри времиња. Спореди ја Монако и Малезија и се ќе ти биде јасно.:wink: