Формула 1 сезона 2010

  • Креатор на темата Креатор на темата M1K1 007
  • Време на започнување Време на започнување
Честита нека му е титулата на Фетел, наредна година Алонсо шампион :).
 
А да маниме една анализа, кој кај бил низ цела сезона, а ? Шо викате ? Епа еве вака....

... Си беше еден летен ден во Бахреин....:pos2: Не, озбилно, одиме со Бахреин, каде пол позиција имаше Ветел, ќе биде глупаво да кажувам кој имаше пол позиција низ прегледов, али ај.... На крај, на подиум двете Ферари, Алонсо и Маса и трето место за Луис... Изгледаше дека Мекларените и Ферарите ќе ја водат сезоната... Но, Њуи, пред се не мислеше така...

... Иако, после две недели дојде и Австралија, и Мелбурн Парк... Пол за Ветел, победа за Батон, светскиот шампион од 2009, изненадувачки второ место за Кубица и трето за Маса...Ветел, не беше ниту меѓу првите 10 кои ја завршија трката...

.... Малезија и Сепанг, секогаш имаат изненадувања, па брзите свиоци во вториот сектор им дадоа мала предност на Ред Бул пред другите тимови... Вебер пол, а пак Ветел ја заврши трката како прво пласиран, минувајќи го Вебер на стартот... Вебер и Росберг завршуваат на второто и третото место...

....Кина, Шангај беа да речиме, и се уште, новина во Ф1... Свежина... Ќе има нови стази и тука, и во иднина.. Нови со смисла на нив да било возено премиерно или пак како оваа еднаш-двапати.... Глупо е, но ајде.. Пол за Ветел, но трката и патеката целосно им легна на Мекларените... Втора победа на Батон и второ место за неговиот клупски колега, Луис, што моментално Батон го носат на добар пат да ја одбрани титулата во Ф1.... Росберг го комплетира пиедесталот..

.... Шпанија и Каталуња, се класика во Ф1... Брзите свиоци и крилата кои беа доста „контроверзни“ низ сезоната, за Ред Бул, им донесоа, пол за Вебер, но и победа за Австралиецот, прва сезонава... Втор Алонсо, трет Себастијан Ветел... Релевантно е да се каже дека Најтрофејниот возач на сите времиња се враќа во Ф1, со 4то место во Шпанија... Не за друго, да му оддадеме чест... Барем заслужил, ако ништо друго :)

... Одиме малце на еротика, гламур, ноќен живот... Зарем треба најава ?! Монте Карло и Монако... Пол за Марк, и победа за Марк тука, прва... Ветел му носи еден два победа за Ред Бул, сезонава втора... Кубица со Реното, вади максимум и се качува повторно на подиумот на последното место..

...Ретроспектива.... Вебер и Ветел имаат по 78 бода во генерален пласман, трет е Алонсо со 75, Батон има 70, Маса има 61.... Светскиот шампион од 2008, Луис Хамилтон е на 7то место со 59 бода... Кај конструктори, многу нормално води Ред Бул со 156, пред Ферари со 139... Трети се Мекларен со 129...

...Турција, Истанбул, пол за Вебер, но еден два победа за Мекларен.... Луис, стига до победата, а Батон до второто место, благодарение на Ветел, кој го удри Марк и излетаа двата надвор, кога беа на водечките две места, за Луис и Џенсон тоа да го искористат... Најголем „лузер“ беше Ветел, кој не заврши, додека Вебер се качи на 3то место...

...Канада и Монтреал... Неверојатно ! ...Мислев дека цел живот ќе пишам Ветел и Вебер, но пол за Луис.... И многу нормлано, издржа до крај, со 17 секунди пред вториот, Батон... Повторно 1-2 победа за Мекларен, кои беа во најдобра форма на средината од сезоната.... Алосно, трпеливо береше бодови... Овој пат собра 15...

....Европа, Валенсија и се враќаме во реалност... Пол за Ветел.... Ветел, Хамилтон и Батон беше пиедесталот за оваа трка...

...Велика Британија, Силверстоун.... Ф1 евергрин се вика ова... Нешто како Чија си, од Славе Димитров, само во поинаква смисла :)... Пол за Ветел, победа за клупскиот негов, Вебер, кој тој си мислеше дека повеќе го поддржуваат од него.... Домашниот терен на Луис не му помогна и заврши втор, пред Росберг од Мерцедес, кој убедливо, е подобар од неговиот клупски колега, Михаел Шумахер...

...Ретроспектива.... Кај возачите Луис води со 11 бода пред Батон... Па јасно е дека Мекларените се убедливо најдобри во овој дел од сезоната, со што кажува и табелата... Трето место за Вебер, а зад него е Ветел.. Кај конструктори, 29 поени пред Ред Бул, се наоѓаше Мекларен Мерцедес...

...Германија, Хоенхајм - Пол за Ветел.... Победа за Алонсо, бидејќи Фелипе Маса „излета“ од трката, а Алонсо го мина, бидејќи бил „побрз“.... Второ место за Маса, кој се врати по „излетувањето“ оти немал мадиња, да им рече дека „нема да излета“... Трет, Ветел

...Унгарија, Хунгароринг... Пол за Вебер... Победа за истиот, Вебер, Алонсо и Ветел, на второто, односно на третото место...

... Белгија, и Спа Франкоршамп... За оние кои не знаат, убедливо најинтересната трка во историјата на Ф1... Пол за Ветел, но победа, доста значајна за Луис Хамилтон, на кој лани тука му беше одземена истата... Вебер и Кубица

...Италија и Монца, домашен терен на Алонсо.... Па веројатно, да... Хет трик за Алонсо, пол, победа и најбрз круг... Човеков ја сака стазата... Секоја чест за него.... Батон и Маса за 2ро и 3то место...

...Ретроспектива... Вебер прв со 187 бода, Луис втор со 182 бода, Алонсо трет со 166 бода, Батон со 165.... Ветел е петти со 163 бода... Кај конструктори, Ред Бул со 350 бода, три повеќе од Мекларените со 147... Ферари има 290...

.... Сингапур, пол за Алонсо и победа за Алонсо... Му тргна, а ? Ајде бе... Браво ! Ветел и Вебер до 2ро и 3то место

.... Јапонија, Сузука и работите се враќаат во нормала.... Пол и победа за Ветел, и најбрз круг.... Хет трик... Вебер и Алонсо му правеа друштво, таму горе...

...Кореа и 16та трка во сезоната..... Пол за Ветел, но Алонсо го казнува киксот со моторот на Ветел и победуа, пред вториот Луис и Маса, кој е трет...

.... Бразил, Интерлагос.... Тука и само тука Маса, 10 секунди беше Светски Шампион... Благодарение на кој ?! На едно шанкуре кој го мина Луис, на 3 круга пред крајот.... Пази, едно шанкуре ?! Пол за Хулкнберг (втф), од Вилијамс, кој веројатно само тој имаше сет ап за суво, иако патеката беше влажна... Со секунда пред другите, успеа да тргне прв... Победи, Ветел, Вебер и Алонсо на подиум..

...Фотофинишот е во Абу Даби... Алонсо втор и тој е Светскиот Шампион, но тоа е тоа... После 40 круг, требаше да биде само 6ти, но не успеа.... Ветел победи, а до него, Луис и Батон за да го полеваат со шампањско новиот Ф1 најмлад шампион... Да, Дами и Господа, Ви го претставуваме најмладиот шампион на сите времиња, поминувајќи го Луис, до него... Токму, тоа шанкуре, кој го мина Луис во Бразил доволно да му ја земе титулата на 3 круга до крајот, но Глок „имаше проблеми“ и Хамилтон стана шампион.... Е, тој е тој, Себастијан Ветел, Шанкуре !!!


Поздрав
 
најискрени честитки до Себастијан Фетел за титулата - заслужи

и нормално дека после титулата ќе биди се подобар и подобар возач

vettel_germangp_pole_600.jpg


и ќе има уште титули ама се надеавам дека со Ферари ќе ги освој

се чудев зошто компанијата им се вика Ред Бул?????????????? ама кога го видов Дитмар (шо би рекол коментаторот на Алфа) т.е Дитрих Матешиц како изгледа јасмо ми е сега (како БИК ми личи)

муууууууууууууууууууу

vettel_matesich_600.jpg



:pos2:



бравос




0:48

:pos:


анбеливбљ
 
Фетел сонува да вози за Мерцедес или Ферари





schumi_vettel_abudhabi_600.jpg
Новиот светски шампион Себастијан Фетел ја откри својата желба и не крие дека би сакал еден ден да вози за тимовите на Мерцедес или Ферари, иако потенцирајќи дека неговиот фокус е насочен кон 2011та и одбрана на титулата со Ред Бул.
Фетел победи на последните две трки земајќи му ја од раце титулата на Фернандо Алонсо. Во интервју каде што младиот Германец говореше за достижноста на успесите на неговиот земјак Михаек Шумахер, било дискутирано за неговото возење во Ферари и Мерцедес.
- Тој ми кажа дека искуството со возење на Ферари и на Мерцедес е навистина специјален момент. Обата бренда се минато, сегашност и иднина на Формула 1 – изјави Фетел во својата колумна за магазинот Билд.
- Секој возач сонува да вози за Ферари и Мерцедес. Ако некој заврши возејќи за нив ќе мора многу работи да се поклопат. Самиот мит за овие тимови не е доволен. Но имам долг пат пред мене . Мојата следна цел е да ја одбранам титулата со Ред Бул – заврши Фетел.




ај ај во Ферари те чекаме


само плачкото ќе се буни а и спонзорот негов



http://www.f1almanah.mk/1/aktuelno/9920-pireli-zadovolni-so-razvojot-na-gumite
 
имам едно прашање.... зашто SEBASTIJAN VETTEL го читате и пишувате со Ф???? он е ветел а не фетел.... ондак фернандо алонсо нека биде Вернандо алонсо или ферари читајте го верари...
 
имам едно прашање.... зашто SEBASTIJAN VETTEL го читате и пишувате со Ф???? он е ветел а не фетел.... ондак фернандо алонсо нека биде Вернандо алонсо или ферари читајте го верари...

Себастиан Фетел е Германец, а од моето минимално познавање на Германскиот јазик, Vettel се чита како Фетел, односно V се чита Ф, а W се чита В.
 
Michael Shumaher се чита Мајкл Шумахер а не Михаел Шумахер
 
Michael Shumaher се чита Мајкл Шумахер а не Михаел Шумахер
:tapp::tapp::tapp:



--- надополнето ---

Себастиан Фетел е Германец, а од моето минимално познавање на Германскиот јазик, Vettel се чита како Фетел, односно V се чита Ф, а W се чита В.
Точно е ова, поправилно е со Ф а не со В! :)
 
А зашто на пресконференции го викаат Мајкл а не Михаел ?

Незнам зошто така го викаат, ама еве види од клипчево како правилно се изговара и ќе знаеш за друг пат.


Не само ова, слободно пиши RTL Michael Schumacher и ќе видиш и на други. А и логично е зошто "ch" во Германски се чита "х", а он е Германец.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom