Занети, неможам никако да ви го разберам размислувањето дека ве нервира што ви ги намалиле атрибутите. Напротив, тоа мене ме радува, и ја прави играта поинтересна. Можеби така мислите бидејќи немате играно во Шведска. Таму, Фортуна и Сварта имаа(т) ептен добри играчи со скоро сите скилови по 100, и ние од другите клубови немавме никакви шанси да ги тепаме, иако 1 изиграв нерешено со Фортуна. Нивните скилови беа превисоки и тоа ме нервираше. После намалувањето беше поинересно, и оставаше простор на играчите да можат да се борат и против најсилните.
На крајот на краиштата, не ти се само тебе намалени скиловите, на сите им се намалени скиловите, со цел играта да биде поинтересна и по неизвесна. Те разбирам дека играш долго време и ги имаше скоро сите склиови по 90-100, па токму тука беше и проблемот, што кога за некое време сите ќе ти беа 100ка? Ќе беше ли интересно да имаш се на 100, да бидеш и одличен голман, иако си дефанзивец ? Секако дека не!
Играта е интересна кога имаш конкуренција. Инаку играта се вика фудбалски идентитет, и би немала смисла ако сите играчи имаат 100 во сите скилови... Нема никаков идентитет ако можат сите да трчат со иста брзина, да бидат силни колку другите, се да биде исто. Играта би била еднолична. И тоа, што ти се намалуваат скиловите со текот на годините е реално, неможе играч на 35 години да биде еднакво добар колку што бил на 25, тоа е факт. Староста го прави своето.
А тоа со парите, ма ич не се замарам, ако другите имаат пари за да си ја направат играта поинтересна, слободно, таман ќе имаат админите пари за да ја унапредуваат играта. Тие секако сакаат да имаат профит од играта, така до тоа е разбирливо + го има во сите игри; Powerplaymanager, Trophymanager, Footstar и сите други онлајн фудбалски игри, па тоа е составен дел од секоја игра која ја водат нормални луѓе, бидејќи секој нормален човек работи за да добие нешто, а не работи за да загуби. А со тоа ни прават и нас интересно.
Одкако се вратив во Македонија, па ич внимние не им обраќам на скиловите, не е се во нив, има нешто и во искуството и знаењето.
Врати се во играта, па да ја направиме македонската лига уште поинтересна и по неизвесна, но да не стане исто како шведската, лига базирана на скилови.
п.с. за тие што уште играат одете на форумот и видете како можете да гласате за играч на годината, голман на годината, менаџер на годината и така натаму....
п.п.с. извинете за големиот 'реферат' XD
--- надополнето: Sep 3, 2011 12:56 PM ---
@ Zaneti, исто така имаме и новинар сега во лигата, тоа ја прави и уште поинтересна и повозбудлива, а и активноста на форумот се зголемува.
Инаку се бараат менаџери на 4 тима во македонија, Вардар го превзема Поштар, кој е член на форумот, поранешен менаџер на Силекс, и со моја помош мислам дека ќе го врати Вардар во живот. А за другите тимови се надевам да најдам македонски менаџери, за да ја задржиме лигата во наши раце. Ако има некој заинтересиран кажете, па да видиме. Ако не да почнам да барам странци.
@ Ivan T, за АЦМ позицијата ќе ти одговорам после завршувањето на сезоната, зошто моменално сум во преговори со друг играч и ако прифати да дојде би било глупо да го зафркнам
