Footballidentity.com

Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.469
Поени од реакции
6.815
Уште ли ја играте бе :)
Ја ја баталив играва пред 3 и нешто месеци, и да ви кажам куртул и поарно шо ја баталисав. Тотално ја поебаа целата игра, и од тактика ја направија фејсбук профил со купување токени. Плати 5 евра да купиш токен да уплатиш спортска, плати 5 евра да купиш токен да можеш ѕид да имаш да објавуваш, плати 5 евра за ова за она, а играта тоне ли тоне. Како и да е, ја ја баталив највеќе поради тоа што ги намалија оценките на старите играчи, со оглед на тоа дека играв 2 години и дека скоро сите оценки ми беа 100 и 90ки, кога дојде менувањето на оценките, сите оценки ми паднаа на 70ки и 80ки и батали ги веќе, за џабе штракање секој ден, за џабе се.
Сега си се логирам еднаш месечно за да не го превземе некој друг профилот и тоа е се :)
 

Daniel.

Juventino per sempre
Член од
18 август 2009
Мислења
620
Поени од реакции
356
Занети, неможам никако да ви го разберам размислувањето дека ве нервира што ви ги намалиле атрибутите. Напротив, тоа мене ме радува, и ја прави играта поинтересна. Можеби така мислите бидејќи немате играно во Шведска. Таму, Фортуна и Сварта имаа(т) ептен добри играчи со скоро сите скилови по 100, и ние од другите клубови немавме никакви шанси да ги тепаме, иако 1 изиграв нерешено со Фортуна. Нивните скилови беа превисоки и тоа ме нервираше. После намалувањето беше поинересно, и оставаше простор на играчите да можат да се борат и против најсилните.
На крајот на краиштата, не ти се само тебе намалени скиловите, на сите им се намалени скиловите, со цел играта да биде поинтересна и по неизвесна. Те разбирам дека играш долго време и ги имаше скоро сите склиови по 90-100, па токму тука беше и проблемот, што кога за некое време сите ќе ти беа 100ка? Ќе беше ли интересно да имаш се на 100, да бидеш и одличен голман, иако си дефанзивец ? Секако дека не!
Играта е интересна кога имаш конкуренција. Инаку играта се вика фудбалски идентитет, и би немала смисла ако сите играчи имаат 100 во сите скилови... Нема никаков идентитет ако можат сите да трчат со иста брзина, да бидат силни колку другите, се да биде исто. Играта би била еднолична. И тоа, што ти се намалуваат скиловите со текот на годините е реално, неможе играч на 35 години да биде еднакво добар колку што бил на 25, тоа е факт. Староста го прави своето.
А тоа со парите, ма ич не се замарам, ако другите имаат пари за да си ја направат играта поинтересна, слободно, таман ќе имаат админите пари за да ја унапредуваат играта. Тие секако сакаат да имаат профит од играта, така до тоа е разбирливо + го има во сите игри; Powerplaymanager, Trophymanager, Footstar и сите други онлајн фудбалски игри, па тоа е составен дел од секоја игра која ја водат нормални луѓе, бидејќи секој нормален човек работи за да добие нешто, а не работи за да загуби. А со тоа ни прават и нас интересно.
Одкако се вратив во Македонија, па ич внимние не им обраќам на скиловите, не е се во нив, има нешто и во искуството и знаењето.
Врати се во играта, па да ја направиме македонската лига уште поинтересна и по неизвесна, но да не стане исто како шведската, лига базирана на скилови.

п.с. за тие што уште играат одете на форумот и видете како можете да гласате за играч на годината, голман на годината, менаџер на годината и така натаму....
п.п.с. извинете за големиот 'реферат' XD
--- надополнето: Sep 3, 2011 12:56 PM ---
@ Zaneti, исто така имаме и новинар сега во лигата, тоа ја прави и уште поинтересна и повозбудлива, а и активноста на форумот се зголемува.

Инаку се бараат менаџери на 4 тима во македонија, Вардар го превзема Поштар, кој е член на форумот, поранешен менаџер на Силекс, и со моја помош мислам дека ќе го врати Вардар во живот. А за другите тимови се надевам да најдам македонски менаџери, за да ја задржиме лигата во наши раце. Ако има некој заинтересиран кажете, па да видиме. Ако не да почнам да барам странци.

@ Ivan T, за АЦМ позицијата ќе ти одговорам после завршувањето на сезоната, зошто моменално сум во преговори со друг играч и ако прифати да дојде би било глупо да го зафркнам :)
 

Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.469
Поени од реакции
6.815
Баш заради тоа намалување некој нуб што вчера ја уклучил играта има исто оценки како моите, и можеби е поинтересно за некој што не го достигнал моето ниво ама за мене воопшто не е. Неможе 2 годишно кликање, само поради лоша проценка на админ да биде сведено на 0. Кој како си ја сфаќа, ја ја напуштив играва пред да му текне некоја луда идеја на админот и да смени нешто за уште еднаш да ги деградира корисниците.
Нема теоретски шанси да се вратам на играва и ја држам како една од најслабите игри кои воопшто испаднале, и никому не би му дал препорака да ја уклучи.
 

Daniel.

Juventino per sempre
Член од
18 август 2009
Мислења
620
Поени од реакции
356
Ај видете ја оваа тема и кажете ако има некој заинтересиран:
http://forum.footballidentity.com/default.aspx?g=posts&m=2146465#post2146465
Да се ослободиме од ботовите во Македонија ендаш засекогаш :)
И исто така, гласајте за најдобрите во Сезона 9, имате уште еден ден и неколку часа за да гласате.
http://forum.footballidentity.com/default.aspx?g=posts&t=142703
 

Mad_Coko

blow me!
Член од
21 август 2010
Мислења
7.363
Поени од реакции
12.779
имам јас 154 кредита,со 300 се прави карактер за 3 месеци така?
 

Daniel.

Juventino per sempre
Член од
18 август 2009
Мислења
620
Поени од реакции
356
350. И јас имам 101, така да имаме за еден карактер, а веќе најдов и менаџер за да ја заврши работата. Ни требаат уште САМО 12 карактера XD
Можеби ќе се најде некој донатор ;)
 

Mad_Coko

blow me!
Член од
21 август 2010
Мислења
7.363
Поени од реакции
12.779
350. И јас имам 101, така да имаме за еден карактер, а веќе најдов и менаџер за да ја заврши работата. Ни требаат уште САМО 12 карактера XD
Можеби ќе се најде некој донатор ;)
да си најдеме спонзор,ONE или Tmobile ке ги претставуваме во ФИД :pos:
 
Член од
16 јануари 2009
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.068
Игра некој уште ФИД?
Јас одамна ја оставив,денес мислев да правам нов карактер,ама ако никој не игра ич не почињам :)
 
Член од
16 јануари 2009
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.068
Ме интересираше да видам што се случува не дека ќе почнам активно да играм пак :)
 

Mad_Coko

blow me!
Член од
21 август 2010
Мислења
7.363
Поени од реакции
12.779
Жив К*р нема на темава,кај отидовте бе???????????
 

Kajgana Shop

На врв Bottom