После пар рандом авантури решив да си започнам со Челзи сејвче јер..Челзи си е Челзи бе..
Прва сезона освоив само ФА Куп ради тоа што имаше КАМПАЊА ПРОТИВ ЧЕЛЗИ!
Не сериозно...2 мнооогу битни утакмици изгубив со фантом голови...за тие што не знаат што е фантом гол (сериозно, ова му се десило на некој друг ?)
Водам 1-0 против Стоук.
70та минута контра за Стоук даваат гол....
резултат: 1-2
wat ?
И на тоа доле што покажува голови и картони се појавува демек го дале голот у 50та минута...а нема врска....
Нејсе, вторава сезона машала ептен возбудлива.
Како главен трансфер во вторава сезона ми беше Бернандо, португалец 21 годишен од Монако. Некако се мачеше овој цела сезона дури и цената му падна од тоа што го купив. Во првата сезона го купив Конопљанка и ми распали..особено во вторава сезона. А во првата Куадрадо ми домираше...како и да е:
Почнувам комјунити шилд против Јунајтед. Минатата сезона 2 меча-2 порази од нив (иако завршив втора на крај на табела со пар бода зад Сити...и тоа чисто ради фантм головите)
Компјунити шилдов..2-2...го губам на пенали. Во лигава се држам добро отприлика. Прво место со 5-6 бода разлика.
Во Капитол 1 купот си газев лесно отприлика, иако со Евертон играв второ коло.
Јакото е...во ЛШ се мачев....во последно коло гостувам на Хофенхајм...ако изгубев ќе отпаднев од ЛШ
некако ги тепав 1-0 и идам во 1/8 финале како втор што значи..тежок противник..и ми се падна..ПСЖ.
Во меѓувреме стигам до 1/4 финале на ФА Куп и финале на К1Куп.
Прва утакмица со ПСЖ...0-1 губам у 20та минута....
Израмнувам до крај на прво 1-1.Во второ давам гол за 2-1 и во 90та минута гол за 3-1.
Реванш:
Ибра дава гол во 20та минута за 1-0..ок..уште идам даље..
40та минута 2-0....:'(
Второ полувреме:
50 мин 2-1 !!
60та минута 3-1 :'((((
65+ минута 4-1.... :'((((((((((((((((((((((((((((((((((((((((((((((((
Во 80та прави грешка голманов и намалувам на 4-2...до крај уште еден им опнав за 4-3.
1/4 финале ми се паѓа Леверкузен како најслаба од сите 8 екипи и ги тепам лесно 2-0 и 1-0.
Во меѓувреме освојувам К1Куп а во ФА губам од Стоук ( не, стварно зезнати се стоук против мене
)
Во 1/2 финале ми се паѓа Ман.Јунајтед...со нив имам изиграно 5 меча:
Прва сезона : 2 пораза:
Втора сезона: реми (пораз на пенали) и 2 ремиња во лигата..
Прв меч:...4-0 !
Лагано влегов во финале..
Таму: Барса.
Пред тоа:
на 4 кола до крај имам предност од 2 бода над Сити и убедлива гол разлика....губам од последните на табела.....(втор пат губам од екипата што е 20та за 2 месеци..) и губам прво место... на претпоследно коло Сити кискаат....и успевам да ја освојам титулата..2 титули во сезона :')
Да се вратам сега на финалево:
Со Барса се јадеме...65та минута Меси ми дава гол...
Правам пар замени меѓу кои Реми на местото на Коста, и Бернандо на местото на Куадрадо.
79та минута Реми дава гол за 1-1!
86та минута Бернандо дава гол за 2-1!
И да ти ибам играта ептен се израдував за голов..не беше лош дечково цела сезона али криво ми беше што имав притисок од медиумиве (да ја сум оној што гледа да присуствува на пресови
) и на крај титула ми донесе во ЛШ :")
Е сега за што дојдов.....
Само што ја почнав третата сезона...и одма јако почнав..
за 7 дена 3 меча..
Ама оваа сезона се решив да го вратам Бернард Траоре..19години..доминираше во Витезе па..ај да му дадам шанса.
Прво Комјунити Шилд против......СТОУК! 0-0 се држеа до 88ма минута ама Траоре и Конопљанка ми го решија мечот..на деби гол ми даде
После иде Супер куп..губев 1-0 до 90та факинг минута!!! кога Траоре пак со голче ми носи продолженија...на крај стигнавме до пенали каде Бензема, другото засилување за сезонава го даде последниов пенал.
И за крај прво коло во Англиска лига....против Јунајтед....во луд меч со 2 асистенции на Траоре, гол на Бензема и Бернард победив 4-3....