- Член од
- 9 мај 2019
- Мислења
- 171
- Поени од реакции
- 776
Месецов ме зафати некоја чудна летаргија, морав да ги скокнам Летонија и Косово во редовен термин. Ќе надокнадам до крај заедно со останатите неколку од почетокот.
Вчера бев ептен среќна што најпосле дојде ред на The captive во режија на Шантал Акерман, пред интернетот да ми каже not so fast. И така се случи
The Promise (1996)
Игор (го игра Жереми Рение, актер кој често се среќава низ филмографијата на браќата Дарден) е тинејџер на кого му е сосем сеедно. Се додека не се случи еден несреќен случај, тој живее како по инерција. Но, токму со таа несреќа во него се раѓа сомнежот кој го носи кон будење од рамнодушноста. Откако ќе ги сфати последиците од претходното дејствување се јавува длабоката морална дилема - дали по цена на лагата треба да се заштити своето или сепак да се ампутира?
7/10
@Major Tom ако се уште го бараш, а не мора да е строго торент - го има на tinyzone.
Certified Copy (2010)
Before Sunrise за возрасни. Или може Before Midnight е посоодветна споредба, не сум сигурна вака на негледано. Како низ долги дијалози овој брачен пар води судир на идеи кога до пред малку беа двајца комплетни странци еден за друг? Се е можно кога фантазијата ќе се поклопи со стварноста. Филм кој преку филозофска расправа поставува скокотливи прашања за улогите што секојдневно ги играме, за важноста на идеалот и колку тој е апликативен во реалноста, за копијата и оригиналот. Колку копијата може да е верна, која е нејзината вредност, каде е границата што ги одделува и дали оригиналот воопшто има значење? Во режија на Абас Киаростами (Taste of Cherry), за кинематографијата е задолжен Лука Бигаци (можеби најпознат како соработник на Сорентино), во главната улога една од најдобрите европски актерки - Жулиет Бинош и Тоскана која одзема здив.
8/10