FILMOVISION CHALLENGE - Запознај ја филмска Европа

Дали сакате нов филмски предизвик и каков?

  • Може да одмориме малце, доволно беа предизвици

    Гласови: 0 0,0%
  • Нешто сосема трето (пишете во коментар)

    Гласови: 0 0,0%

  • Вкупно гласачи
    10
  • Гласањето е завршено на .
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Грузија

247°F (2011)

Прва земја чиј термин го испуштив, ама у таква филмска криза сум периодов што речиси воопшто и да не гледам.

Ова е вистинска приказна за 4ца пријатели кои ќе отидат во шума во една барака односно викендичка што е во сопственост на чичкото на еден од овие.
Ќе влезат во сауна и тројца од нив ќе останат таму заглавени откако четвртиот лик ќе заспие камен пијан.
Снимен ко хорор, мада не беше ништо страшно. Онака филм.
На англиски зборат што е глупо пошто сакам филмовите тука да ги гледам на јазикот од земјата од кајшто доаѓаат.
Нема врска.

5/10 оцена.
 
Член од
27 април 2009
Мислења
2.499
Поени од реакции
3.318
Имаат, имаат. Инаку, Романија ми е мене веројатно најомразената европска држава на филмски план. Од тоа што имам гледано - хемороиди се фаќа гледајќи го.
Philanthropy и The Death of Mr. Lazazarescu (овај е сниман како документарец) важат за најдобрите романски и се солидни, сурови филмови ги имате двата на јутуб со одлична слика.
Можеби дајте му шанса и на овај One Step Behind the Seraphim
Останататото е скроз негледливо се согласувам :D
 
Последно уредено:

McLovin

Politically Incorrect/Comedian/Mastrubator
Член од
11 август 2016
Мислења
3.649
Поени од реакции
14.235
42. Романија

Philanthropy /Filantropica/ (2002)

Filantropica-3.jpg

Овдиун е обичен професор во средно училиште кој во слободното време се обидува да биде автор. Со својата плата не може да си дозволи луксузен живот па затоа сеуште живее со родителите, неженет. Му се отвора можност да почне да заработува огромни пари и да ја има жената што му се допаѓа. Начинот да стигне до тие пари е навистина тежок и несекојдневен. Не сакам повеќе да пишувам, сакам, кој може да го гледа затоа што навистина вреди. Одличен филм. Многу испреплетени приказни, одлична глума, добра комедија и драма во едно. Еден од најдобрите филмови гледани во ова патување.


4.5/5
 

McLovin

Politically Incorrect/Comedian/Mastrubator
Член од
11 август 2016
Мислења
3.649
Поени од реакции
14.235
27. Русија

Mirror /Зеркало/ (1975)

mirror_site_1662038235.jpg

Бавна драма под палката на Андреј Тарковски. Фамозниот руски режисер што веќе во втор филм ме тера да заспивам. Првиот беше Stalker. Овој филм исто така се смета како автобиографија на самиот режисер.
Преку нелинеарни наративи и ретроспекција се запознаваме со животот на нараторот - Алексеј. Измешани се вистински случки, инциденти, сонови, мисли. Паралелно со ретроспекцијата го следиме животот на Алексеј во сегашноста (1975).
Ова е еден од најсложните филмови што ги имам гледано, и честно да кажам, сега додека го пишувам ова читам всушност што сакал да каже авторот. Порано сакав вакви преплетени филмови ама веќе ми стануваат досадни и преценети. Не можев да се поврзам никако. Единствено што ми се допадна беше кинематографијата.
Жалам.

2.5/5
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
4 Months, 3 Weeks and 2 Days (2007)
4 luni, 3 saptamâni si 2 zile


Комунистичка Романија некаде при крајот на владеењето на Чаушеску. Абортусот е недозволен а илегалните активности се казнуваат со затвор. Две другарки студентки, едната трудна неколку месеци, ќе се решат за илегален абортус. И толку. Едната праи абортус и останува у хотелската соба а другата иде натака навака и паничи. Саат и 50 минути трае сето тоа. Многу досадно, споро, ништо не се дешава, апсолутна рамна линија. Глуп филм до немајкаде, не знам што мајка бара 7.9 рејтинг.

5/10
 

McLovin

Politically Incorrect/Comedian/Mastrubator
Член од
11 август 2016
Мислења
3.649
Поени од реакции
14.235
33. Полска

Corpus Christi /Boże Ciało/ (2019)

corL9qIoOJSUjM7zBDTKyS71mdZ.jpg

Даниел е млад човек кој служи казна за убиство. Негов сон е да стане свештеник но неговото криминално досие не го дозволува. Назначен е да работи во пилана во едно село но при пристигнувањето во селото и посетувањето на локалната црква успева да го заблуди сите дека тој е млад свештеник. Малку пред неговото пристигање во селото се десила огромна несреќа во која загинале неколку души, па целото внимание на селото е свртено кон таа непријатна случка.
Убав филм, не е досаден, добра глума.

4/5
 
Член од
9 февруари 2016
Мислења
1.478
Поени од реакции
3.663
Filantropica (2002)

Океј филм, на моменти врв, ама на моменти ептен без врска ми беше. Уметноста на питачењето, интересно бидејќи и тука имаме слични случаеви.

7/10
 

McLovin

Politically Incorrect/Comedian/Mastrubator
Член од
11 август 2016
Мислења
3.649
Поени од реакции
14.235
#9 Македонија

You won't be alone (2022)
thumb_0DEFACED-F23C-4208-8460-F03F4C889656.jpg

Нешто ново и невидено во нашата филмска индустрија. Интересна идеа и реализација. Добра актерска игра, сценографија. Многу убави жени. Ама филмот беше досаден и површински. Не знам, ми беше интересен ама претерано бавен и спор. Многу долги, бавни кадри.


3,5/5
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Уште колку останаа? Ајде да убрзаме малце, на апарати преживуваме греота е да остаиме недовршено.
@Zlatikevichius
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.092
Поени од реакции
37.529
Финска е следна, не можам да пишувам ништо, тераме со Финска од денес до наредна среда. Ќе едитирам мислење во сабота, до тогаш ме нема.
 

McLovin

Politically Incorrect/Comedian/Mastrubator
Член од
11 август 2016
Мислења
3.649
Поени од реакции
14.235
#43 Финска

Sisu (2022)
94TIUEhuwv8PhdIADEvSuwPljS5.jpg

По време WW2, Корпи, човек во поодминати години се лута по финските ненаделени области барајќи злато. Налетува на група Наци војници кои се повлекуваат од Финска.
Филмов освен добри кадри и акција нема точно ништо што друго да понуди. Холивуд од најдоброто време. Џон Вик на стероиди. Сам против сите стил и безсмртност. Ми се гади од вакви филмови. Абе ме мрзи да пишувам, имам многу да кажам. А, јас кога бирам филмови секогаш сакам да се на мајчиниот јазик. Отварам Летер, океј англиски и фински. Во филмов буквално имаше само две реченици на фински. Германците англиски збореа.

2,5/5
Автоматски споено мислење:

#43 Финска

The Match Factory Girl /Tulitikkutehtaan tyttö/ (1990)
MV5BMTgyNzE5NjczOF5BMl5BanBnXkFtZTcwMzczNDUwNw@@._V1_.jpg

Што е со финциве бе? Ау какво разочарување..
Ирис, млада жена вработена во фабрика за изработка на чкорчиња кибрит. Живее со родителите и нема никаков социјален живот. Нормално, во еден момент и се доебува јако и решава тоа да биде со првиот што ке и возврати на вниманието. Така и бидува, спие со него, забременува. Мажот мислејќи дека таа е проститутка де обидува да прекрати секаков контакт со неа.
Умрев од досада, понесреќен бев од очајната за маж дама..
Единствено добро у филмов е шо трае 70минути.

2/5
 
Последно уредено:
Џ

Џонтра Волта

Гостин
One Last Deal (2018)
Tuntematon mestari


И по самиот синопсис вришти од досада ама сепак се решив да го гледам. Очекував малце поише емоции и драмата да биде појака како што знаат скандинавците, ама очигледно финците и не се така тешки како данците и норвежаните.

Станува збор за еден старец, себичен по природа, кој нема никаков контакт со ќерка му, живее сам и единствена работа и занимација му е да купува стари уметнички слики на аукција и потоа да ги препродава.
Еден ден ќерка му ќе дојде и ќе го замоли да го чува внук му односно на малиот му требало нешто као потврда ваљда за у школо дека идел на работа или нешо така. Стариот прво ќе нејќе па после ќе се смилува и ќе се здружи со внук му, ќе откријат една слика ќе истражуваат за неа, ќе ги вложи последните пари за да ја купи и бла бла бла. Натака навака, многу споро и досадно, слабо емоции, слабо све.
Финциве освен што имаат преинтересен јазик за слушање, друго врска немаат, едвај најдов 1-2 филма да гледам на темава. Може и само на овој да останам.

5/10.
 
Член од
7 април 2015
Мислења
2.806
Поени од реакции
1.712
Не знам дали се рачуна како Фински филм (тенка е границата со овие ко продукции), но сигурно има некоја Финска жичка. Во филмот глуми Самуел Л. Џексон. Се вика
BIG GAME ваљда тоа е и финскиот назив, филм од 2014 година.

Кратко резиме, авионот на Америчкиот претседател паѓа во некоја Финска вукојебина, еден дечко Оскари оде да лови елен да се покаже пред селото. Едни ловци ќе го бараат него и президентот, мора да бегаат од терористи. Претпоставувате каков е заплетот, класичен Самуел Л Џексон филм, оцена тешко да дадам ама нека биде 5ка, пошто е прв Фински филм што сум го гледал.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom