FILMOVISION CHALLENGE - Запознај ја филмска Европа

Дали сакате нов филмски предизвик и каков?

  • Може да одмориме малце, доволно беа предизвици

    Гласови: 0 0,0%
  • Нешто сосема трето (пишете во коментар)

    Гласови: 0 0,0%

  • Вкупно гласачи
    10
  • Гласањето е завршено на .
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.969
Поени од реакции
37.227
35. Франција

Athena (2022)

Прегледај го приврзокот 376888

После смртта на најмалиот брат тројца браќа се обидуваат да најдат излез од тешката ситуација. Дилер на оружје, војник и лидер на бунт (организиран по повод смртта на братот и полициската бруталност) кој подоцна прераснува во граѓанска војна. Следиме четири паралелни приказни, трите веќе споменати и една во која е прикажана полициската перспектива на случувањата.
Она што го издвојува посебно филмот е камерата. Една од најдобрите што досега ги имам видено, прејако! Интрото е ремек дело.
Филмот имаше стварно многу добар почеток ама започна да забегува со приказната.

3.5/5
Знаеш дека ова ни е моменталниот филм во Клубот?
 

McLovin

Politically Incorrect/Comedian/Mastrubator
Член од
11 август 2016
Мислења
3.567
Поени од реакции
13.997
35. Франција

The Stronghold (2023)

AAAABUP9EubH3vTLXQS6Tj98XTWF5BSXnfj1us21i2aInqn6Rm-UYIb4V7dbcQBW8uDEwW-LUPdbMFu35MKcx2m841Mh_2...jpg

Борбата на тројца полицајци од Марсеј против криминалот со дрога. Добар, адреналински, одлична глума и атмосфера. За разлика од Холивуд овде имаме малку по-различен тек на настаните. Јакото е што е сниман по вистински настани.

4/5
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
M (1931)
M - Eine Stadt sucht einen Mörder


Сериски убиец хара низ Берлин, убива девојчиња и го терориза целото население. Во негова потрага покрај полицијата, се вклучува и мафијата - ако добро сфатив. И така.

Едно 2 саати црно бели ликови ти се моткаат пред очи, зборат на германски, еден тон муабет, натака навака, на 3 пати го гледам, ме уби од досада. 92 години стар филм, нема што додатно да се коментира.

6ка, едвај.
 

McLovin

Politically Incorrect/Comedian/Mastrubator
Член од
11 август 2016
Мислења
3.567
Поени од реакции
13.997
34. Велика Британија

Baby Driver (2021)

BabyDriver1.jpg

Го пуштив поради Кевин, последниот негов филм пред да го кенселнат.
Бејби, дечко со голем талент за возење помага во извршување на грабежи.
Кринџ. Тоа имам да кажам. Имаше океј сцени ама углавно поентата на филмот е брзи коли, пари и жени.

3/5
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Да, го приметив одамна, ама има многу такви што ги гледал и не знам како да му ги најдам.

@Џонтра Волта , бујрум - https://letterboxd.com/zlatikevichius/list/film-club/
или тука, ги има сите оценки од сите кои некогаш стапнале во Клубот, во сите 3 периоди на истиот. И сите филмови: https://docs.google.com/spreadsheets/d/1JwmnUcgqimv82qEMk8ZLADnA9arb5P0Gs_vHaUk6DAQ/edit#gid=0

Еве ќе пробам да извадам што се не си гледал:
1. All About Eve
10. (немаш оценка само) Harvie Krumpet
11. Grave of the Fireflies
13. Goodbye Lenin!
14. The Congress
16. Lunacy
17. A.I. Artificial Intelligence
18. A Simple Plan
19. Singin' in the Rain
20. Precious
21. Gett:The Trial of Viviane Amsalem
22. Still Life
25. The Shop Around the Corner
26. Only Lovers Left Alive
27. The Hottest State
30. 1984
31. Awakenings
33. I'm Not There
34. Character
35. Wings of Desire
36. A Good Year
37. The Age of Shadows
38. Princess Mononoke
39. Brothers. The Final Confession
40. Purge

42-94. Сите, ги има во letterboxd листата најлесно за наоѓање

96-101. Сите, ги има во letterboxd листата најлесно за наоѓање

102. Under the Silver Lake
103. Judgment at Nuremberg
104. Destroyer
105. The Professor and the Madman
106. Sideways
107. Taking Woodstock
108. A League of Their Own
109. Night on Earth
110. The Limits of Control
111. Le Cercle Rouge
112. Cashback
113. The Immigrant
114. Remeber

Од 115 филм до денес ги имаш гледано сите! :zver:
99/172 според летербокс листата. :D
 

McLovin

Politically Incorrect/Comedian/Mastrubator
Член од
11 август 2016
Мислења
3.567
Поени од реакции
13.997
34. Велика Британија

Virunga (2014)

6KDpjoCxlNapSzqUdagloiQqljh.jpg

Документарец во англиска продукција, посветен на Национален парк Вирунга во ДР Конго. Парк на кој егзистенцијата му е загрозена поради избивање на војна и борба за црното злато. Паркот пред избивањето на војната бил живеалиште на неколку планински горили. Во моментот на снимање има останато само 4 (има општо 800 во цел свет).
Океј филмче. Мислев дека ке биде прикажано одгледувањето и животот на горилите, но опфанати се и политичките позадини на овој конфликт.
 

McLovin

Politically Incorrect/Comedian/Mastrubator
Член од
11 август 2016
Мислења
3.567
Поени од реакции
13.997
34. Велика Британија

Pride & Prejudice (2005)

ddac761e00aff300ff0083f1e50d8505e11897aea8f74b2f1acdcfd303bfb1fb._RI_.jpg


Љубовна драма. Мех.
Елизабет потекнува од многудетно семејство во кое сите пет деца се ќерки. Скоро сите се во период за мажење па тоа е главна тема во семејство Бенет. Мр. Дарси е богат и почитуван човек меѓу сите општествени кругови. Овие двајца ликови без разлика на своите несовпаѓања, разлики во слоеви и статуси како и во секоја романтична драма, ќе се обидуваат да завршат еден со друг.

3.5/5
 

McLovin

Politically Incorrect/Comedian/Mastrubator
Член од
11 август 2016
Мислења
3.567
Поени од реакции
13.997
34. Велика Британија
*мешавина е ова од британска, американска и француска продукција.

Senna (2010)

senna-movie-w.jpg


Документарен филм за големиот Сена. Предобар филм! За разлика од документарниот за Шумахер, овој доловува многу по детални случки од животот на Сена.
Утре се навршуваат 29 години од несреќата.
 

McLovin

Politically Incorrect/Comedian/Mastrubator
Член од
11 август 2016
Мислења
3.567
Поени од реакции
13.997
Шо биде бе Златко?
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Dream Team 1935 (2012)
Sapnu komanda 1935


Вистинска приказна за првиот освојувач на Европското првенство во кошарка, а тоа е Летонија.
Годината е 1935та а местото на одржување на турнирот е Женева, Швајцарија. Филм за националниот тим на Летонија и нивниот пат до шампионскиот пехар.
Ова мислам дека би го интересирало само летонец пошто филмот е баш за нив, нешто како Монтевидео само што ова е доста полошо од секој аспект.
Не ми се свиѓаше глумата, многу ми беше вештачко, како на реклами да глумат. Нема тензија, нема возбуда, филм раскажан во лабав и забавен тон со весело музиче у позадина.

Океј е, не беше страшно.
5.5
 

Kajgana Shop

На врв Bottom