кога го пронаоѓаат телото на убиениот закопано во еден мочурлив предел, гледаат дека убиецот му ги врзал нозете за рацете одзади. После исто така смешните забелешки при опсервацијата на телото, го прашуваат убиецот зошто го врзал така. Овој одговара - па не го собираше во гепекот на колата, па затоа.
И ОК, поминува тој момент, продолжува опсервацијата, обвинителот наредува да ги исечат јажињата со кое е врзано телото, и да го легнат на грб. Така и постапуваат. Почнува записничарот да пишува тоа што му диктира обвинителот. И доаѓа моментот кога треба да го пренесат телото во најблискиот град (прво не можат да се договорат кој град е поблизок, но добро, наоѓаат заеднички јазик). Тогаш сфаќаат дека прво немаат кеса за телото, тој што требало да ја земе ја заборавил.
Па го замотуваат во едно ќебе и одлучуваат да го префрлат до градот во гепек во една од нивните коли.
Го носат до колата, пробуваат да го стават внатре - и не го собира!
Некој од тимот, ни пет ни шест, предлог - „а да го врземе пак со јажињата?“
Се засркнав, мислев ќе умрам од смеа. И за да биде уште посмешно, додека овие го испитуваа телото, полицискиот инспектор од бавчата во близина крадеше дињи.
Го ставаат телото во гепекот, и овој дињите одозгора, покрај телото!