FILMOVISION CHALLENGE - Запознај ја филмска Европа

Дали сакате нов филмски предизвик и каков?

  • Може да одмориме малце, доволно беа предизвици

    Гласови: 0 0,0%
  • Нешто сосема трето (пишете во коментар)

    Гласови: 0 0,0%

  • Вкупно гласачи
    10
  • Гласањето е завршено на .
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.913
Поени од реакции
37.071
54. Goose Feather / Jesen stiže, dunjo moja (2004)

1665587403266.png


Се е кажано во песнава погоре! Впрочем, ова е филм направен според песната: „Прича о Васи Ладачком“ од Ѓорѓе Балашевиќ, само што тука Васа е Сава Лаѓарски. Изгледаше ко се да е во ред со филмов: одлична глума, одлична кинематографија (иако ова што го гледав беше DVD Rip со ужасен квалитет), сценографија, се на место, но јас смртно се досадував. Веројатно зашто, кажав погоре, приказната е иста како во песната. И дополнително, ликовите беа многу еднодимензионални. И можеше режисерот (Љубиша Самарџиќ) повеќе време да обрати на љубовта на Васа и Марија од безбројните ракии кои ги испи. Ама некако неколкуте плот твистови на крајот, од кои едниот вешто осмислен, го извлекоа од длабоката кал во која беше потонал, па така тоа што не се случи: „клонула му само глава, ко да дрема, ко да спава, и још памте шта је задње рек'о: 'џаба била коња врани...'“ ми беше подобро од цел дотогашен филм.

Интересно: знаев дека има и серија „Јесен стиже, дуњо моја“, дури и ја даваа по нашиве телевизии во тоа време, но мислев дека рецептот е ист како со сите српски „блокбастери“ (исто како Монтенегро на пример, или нашите Златна петорка и Ах, љубов моја) - додале неколку сцени и го поделиле на 3-4 епизоди, и ете ти серија. Ама во случајов не било баш така, туку серијата е одново снимена, од нула, со потполно нови актери, што ме изненади и направи да посакам да ја ѕирнам. Може и се подоправил Самарџиќ со неа.

За филмов, 6/10
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Life Is a Miracle (2004)
Zivot je cudo


Љубовна приказна сместена непосредно пред почетокот на војната помеѓу Србија и Босна во 92ра година.
Лука е инженер од Белград вработен во железници и е распореден во едно село во Босна каде треба да изгради пруга која ќе ја поврзе Србија со Босна, со што селото ќе добие статус на туристичка атракција. Лука е оптимист кој се надева дека син му кој иначе се занимава со фудбал, ќе стигне да игра во Партизан, жена му е малце налудничава оперска пејачка која сонува голема кариера.
Лука не ги сфаќа сериозно вестите дека се ближи војна во Босна, војна која веќе наголемо трае во Хрватска, војна која е најава за конечен распад на големата држава. Се додека син му Милош не добие повик од српската армија да оди во војна.
Набрзо српските војници ќе киднапираат босански цивил, Сабаха, и ќе договорат замена за Милош кој е киднапиран од босанците.
Лука и Сабаха ќе се заљубат.

Интересен, лабав филм, поетичен така малце, комичен ама со добра поента.

Голем режисер е Кустурица. Иако малце развлечен и предугачок сепак конечниот производ е еден комплетен и голем филм.

7.5 оценка.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.913
Поени од реакции
37.071
55. Underground / Подземље (1995)

1665603729649.png

ГЕ-НИ-ЈАЛ-НО! :cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc:
9/10

Ау, колку има да се зборува за филмов! Не знам од кај да почнам, кај да завршам. Почетокот, првите 30 минути не ветуваа многу, мислев ќе гледам уште еден филм налик Лепе села... или Ране и сличните, ама, аууууу, братееее... Ова е поголемо од Југославија! Не е само цела историја, ко што рече Џонтра погоре, ова е и во друга линија алегорија за комунизмот и братоубиствените војни подоцна, ова е српската „Животинска фарма“, ова е многу, многу големо за да може еден ограничен ум да го опише! А замисли па уште да седнеш и да ја гледаш directors cut верзијата што трае повеќе од 5 саати! Прејако сценарио, тоа е број 1 тука! Не се сеќавам дали сум гледал толку слоевито сценарио во било кој балкански филм. Не знам што да кажам, упм! Надреална, современа бајка, за една земја која веќе ја нема.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.913
Поени од реакции
37.071
56. I Even Met Happy Gypsies / Скупљачи перја (1967)

1665685826048.png

Четвртиот од шесте југословенски номинирани за Оскар, и вториот на Александар Петровиќ. Одамна сакав да го гледам ова, ама се наоѓав изговори. И овојпат за малку ќе го испуштев зашто ми дојдоа премногу цигански филмови наеднаш (не ја разбирам опседнатоста на Србиве со Ромите, навистина). И можеби заради тоа и го видов ко потполно mediocre филм. Овој освоил и Grand Jury Prize во Кан, и уште многу други награди, еден од најзначајните претставници на black wave-от во југословенското кино, ама јас освен bunch of Цигани doing цигански работи - ништо друго не видов. Инаку, приказот на нивната култура, без гротескните преувеличувања што ги видов кај Кустурица, на пример, е многу пореална тука. Се караат, се тепаат, пијат, лажат, крадат, се мажат и разведуваат па пак се мажат... Ама на допадливост, исто ко и нивната „култура“ = 0.

Само 5/10.

P.S. Никогаш не сфатив зошто англискиот наслов е I Even Met Happy Gypsies, додека конечно не го видов преводот на „Djelem Djelem“, неофицијалната химна на Ромите:

Gelem Gelem Lungóne droménsa / Maladilém Shukare Romensa =
Патував, патував по долги патишта / Сретнав дури и среќни Цигани ;)
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.913
Поени од реакции
37.071
31 филм од Србија, браво сопатници! :aplauz: Само од 2 држави сме гледале повеќе: 32 од Хрватска и 38 од Македонија. Ова се патниците до Белград:

јас - 12 филма, 7,33 просек
@Filip Telford - 7 филма, 7,71 просек
@Keyser - 6 филма, 7,66 просек
@Shawn Spencer - 2 филма, 5,00 просек
@The Cooler King - 2 филма, 7,50 просек
@Imperatorot и @Jon The Snow - по 1 филм, 7,75 просек

Вкупно: 7,37 просек

@devilko , @Dumbledore , @Shutmanga , @Mark Renton , @grande-juve , @moongoses , @Violetova , @Corvus , @zmija1 , @Варвара , @Agda Beata - се надевам ќе не стигнете и вие.

По 2 недели во Белград, одиме во држава со истите бои на знамето:

Netherlands.jpg

22. ХОЛАНДИЈА 15 - 21.10.2022

Неколку листи:

Made in Holland (The Netherlands / Dutch) - 3071 филм
Highest rated films in Netherlands
Netherlands / Flanders
Dutch submissions for the Academy Award for Best International Feature Film
Complete Dutch Horror list
Dutch movies that are worth the watch
Nederlands Goed (Dutch Cinema)
100 Dutch films that are worth your while

2 филма имавме во Клубот: Karakter и The Vanishing - за тие кои ги немаат гледано - препорака.

За сите: ја чекав Холандија за да ви го препорачам ова мало ремек дело од помалку од 3 минути, а номинирано за Оскар. A Single Life е еден од најдобрите анимирани филмови кои сум ги гледал во животот. Ве молам сите да го ѕирнете, и очекувам збор-два од вас.


Geniet van jezelf!
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.165
Поени од реакции
10.130
Карактер пред месец дена е реставриран, али не верувам дека ја имаат качено негде реставрираната снимка, така што терај со ДВДрипот.

Ќе го препорачав Loft (2008), али сега приметив дека е белгиски, а цело време бев убеден дека е холандски.
 
Последно уредено:
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Black Book (2006)
Zwartboek


Холандија 44та, некаде при крајот на Втората светска војна, една еврејка којашто ќе преживее напад/заседа од нацистите ќе се приклучи на холандскиот отпот против фашистите, герилска организација од адвокати, доктори, војници и се што треба за една терористичка група која работи на минирање на германските акции.
Девојкава се вика Елис де Вријс, тоа и е новото холандско име сменето од еврејското Рахел Штајн, која при една случајна средба со еден германски офицер, ќе влезе директно во германската воена служба во Холандија.

Добар филм, држи внимание, има доста заплетим расплети, шпионски работи, лажговци, издавици, херои и губитници. Има и романса, љубовна приказна. Се на се добар филм, 2 ипол саати трае ама е интересен од почеток до крај. Добри цициња има глумицава.

Иако стои како вистинска приказна сепак не е целосно вистинита односно не е баш буквално како што било во реалноста. Некои од ликовите се базирани на вистински ликови, дел од приказната е точна.

In this movie, everything has a shade of grey. There are no people who are completely good and no people who are completely bad. It's like life.

Измеѓу 7.5 и 8 ми е, ама ајде нека биде 8ца, таа половинка што дели нека и припадне на девојкава Карис ван Хојтен. Ми беше задоволство.
 
Член од
9 мај 2019
Мислења
170
Поени од реакции
776
Србите не се плашат да задираат во разранети места. Во овие две недели сфатив дека буквално секој еден филм од наведените претставува крик, удар, примедба за општествената состојба која е или била. Дури и таму каде на прва погледот не паѓа на осудата бидејќи се обвиткани во комично. Голем дел ги спојува рефлексијата, мислата за сопствените постапки и грешки.

Југословенскиот црн бран, поттикнат од францускиот нов бран и донекаде италијанскиот неореализам, е првата отворена критика која директно се спротивставува на установениот канон и идеолошкиот приказ на стварноста. Се занимава со теми контроверзни за тогашното уредување, со грдата реалност и животот на обичниот човек.

Čovek nije tica (1965)
Барбуловиќ е работник во локалната фабрика, алкохоличар и дно од маж. Јан Рудински, инженер, пристигнува како надзорник. Во позадина се испитуваат љубовните врски кои двајцата мажи ги имаат со своите партнерки, но во центарот на дејството сепак стои работникот и неговата улога.

Пред долго време ги имам гледано некои од краткометражните филмови на Макавеев и „Мистериите на орга(ни)змот“. Импресиите што ми ги оставија ги припишав на годините и го чекав правиот момент за повторно да му дадам шанса. Изгледа ќе треба да се помирам со тоа дека Макавеев едноставно не е my cup of tea. 5/10

Tri (1965)
После филмов разбрав зошто многумина го издвојуваат Бата Живојиновиќ како најголем српски актер. Со согласувам со безмалку сѐ што кажа Златe, само мене најдлабоко ме допре првата приказна. Ужасот на малограѓанштината, лов на вештерки на кој и денес често сме сведоци. 8/10

Kad budem mrtav i beo (1967)
Ги следи авантурите на Џими Барка, млад шарлатан кој живее од сега за сега. Постојано во потрага по лесни пари, до нив најчесто доаѓа преку жените во својот живот или преку кражба. Случајно станува пејач и наместо тоа да му го поедностави животот, уште повеќе му го заплеткува.
Крајот...нормално дека ме фати на крајот. 7/10

Rani radovi (1969)
Првиот долгометражен филм на Жилник е сметан за еден од најконтроверзните претставници на црниот бран и за тоа говори фактот што до ‘82ра бил забранет за прикажување од страна на властите. Инспириран од белградските студентски протести во ‘68ма, Жилник снима филм за судирот на идеологијата и реалноста, теоријата и праксата. Мене ми е далечен во секој поглед.

Ko to tamo peva (1980)
Текстовите на Душан Ковачевиќ се генијални! Осторумни, проникливи, прецизен пресек на состојбите кои тешко ги искоренуваме. Воајеризмот секогаш ме вознемирува ама кај на друго место ќе склопиш ваков легендарен дијалог?
- Kako ih nije sramota…
- Od koga?
- Od nas.
- Pa mi smo dosli njih da gledamo.
- Bez obzira!
8/10

Maratonci trče počasni krug (1982)
mtpc.82.jpg
9/10

Ubistvo s predumišljajem (1995)
Дводневна неуспешна потага за Хадерсфилд пред да кренам раце, а го паметам како одличен, еден од најдобрите кои сум ги гледала. За да не ми е залудна претрагата морав да пуштам нешто со Глоговац. Дали овој човек има лоша улога? Секогаш бескрајно шармантен, во секоја ролја му верувам сѐ.

Две трагични љубовни приказни на две жени со исто име во воени услови. Семејната историја се повторува. Додека го редактира дневникот на баба си, Јелена го запознава Богдан, повреден војник. Му помага така што му дава кров над глава и го зема кај неа дома. Полека меѓу нив се појавува љубов. Сниман според романот на Слободан Селениќ (а јас мислев дека „Но - Уи“ е автентичен, ха).

Бранка Катиќ одамна не сум ја гледала, природна и нормална како ретко која друга актерка. Одлична во улогата на младата Јелена, бунтовна и реална. Современиот дел беше навистина добро претставување, но ретроспективата во најмала рака банална. 6/10

Apsolutnih sto (2001)
Саша е младата надеж на српското стрелаштво, неговиот постар брат е европски јуниорски првак. Но, Игор од војната се враќа како половина човек кој траумите ги потиснува со хероин. Влегува во сомнителни друштва, во огромни долгови и полека распродава сѐ. Помеѓу браќата се јавува раздор, а додека не дојде помирувањето, едниот од нив налик современ Раскољников ја презема правдата во свои раце. Апатијата на поединецот е директна последица од индиферентноста на системот.

Имам чувство дека е неправедно запоставен. После Дуле Пацов и Дадан Карамболо, ова е мојата омилена улога на Жика, за кој со двете раце потпишувам дека е најдобриот српски актер. Ништо не ја намалува мојата љубов кон овој лик. 8/10

Kad porastem biću Kengur (2004)
Ја обожавам самоиронијата која доминира до последната минута. И овде важи истиот коментар на anamaana како за Маратонци. 8/10
The Paradise Suite (2015)
The Paradise Suite.jpg
Луѓе од различен етникум, различна позадина се наоѓаат во истиот град како дојденци. Во даден момент, животот на секој еден од нив се допира со другиот. Сплет од различни приказни за тоа како се гази човечкото достоинство. Отвора повеќе прашања како врсничко насилство, втурнувањето во проституција, секојдневната борба на мигрантите.

Но, дел од ликовите не се докрај изградени (некои како само да морале да ја пополнат квотата) и поради тоа не може да покрене нешто повеќе. Луѓето кои навистина живееле ваков пекол во стварноста, заслужуваат повеќе. Овој стереотипен наратив е искористен многупати досега. Обично, девојката од Бугарија доаѓа во Холандија мислејќи дека ќе се занимава со манекенство, но завршува како бело робје. Босанката е од Сребреница, Србинот често е некој воен злосторник. Швеѓанецот е отуѓен, строг и ладен, а Африканецот, како бива, е со нерегулиран престој.

Сепак, катарзично се исплакав. 6/10
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
The Cook, the Thief, His Wife & Her Lover (1989)


Новиот сопственик на еден елитен ресторан уште на самиот почеток се однесува крајно сељачки, потценувачки и со голема доза на арогантност кон вработените а и кон својата сопруга. Тоа ќе доведе да оваа почне да му се ебе пред очи со еден случаен, редовен муштерија во ресторанот. За таа афера им помага главниот готвач на ресторанот, кој на тој начин сака да му се одмазди на газдава за неговото сељачко понашање. После овој ќе дознае, па ќе почне да се дешава све и свашта со филмов.

Уште од самиот старт не ми се засвиѓа, не поштувам ја вакви темни и мрачни атмосфери, као оперска претстава да гледав, овој умрениов не престана да збори цел филм. Уметнички филм или како и да се вика ваквиот стил.
Крими драма, романса, црна комедија, музика, све и свашта. Многу глупо и неугодно се осеќав, едвај го изгледав. Не сакам вакви филмови.

4/10 оценка.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.165
Поени од реакции
10.130
Србија
#42. Скупљачи перја (1967)


1666041357233.png

Веројатно еден од најизвиканите српски филмови. Од многумина сметан и за еден од најдобрите, а за мене далеку од тоа. Бора циго се задужува, купува перја од гуски, има жена, ама сака млада пилетина, локање по кафани и горе-долу тоа е филмот.
Држеше внимание првиот саат после малце опаѓа темпото. Беким Фехмиу роден шпон, али изглуми циго за Оскар. Оцена 6/10.

#43. Тајванска канаста (1985)


1666041751342.png

Неверојатно досаден филм од Горан Марковиќ, а очекував многу после неколку негови одлични дела. Саша Белопољански е невработен архитект што не знае што со себе, нејќе авторитет, денгуби и сака да мрси брк со млада пилетина. Визуелно ништо посебно, глума ништо посебно, приказна удав досада. Мислам и 5/10 му е многу, али ај нека тера.

Холандија
#44. Spoorloos / The Vanishing (1988)



Еден од двата најпознати холандски веројатно. Трилер-драма. Нема да раскажувам што се дешава, ако случајно некој не го гледал. Супер возеше, држеше тензија, негативецот така ме наполни гнев на крајот што повеќе од 7/10 не можам да дадам. Немам некоја конкретна замерка за филмов, освен што ич не ми се допадна причината зошто дејствувал негативецот така како што дејствувал и крајот.

#45. Karakter / Character (1997)




Вториот најпрочуен холандски филм говори за адвокатот Катадројфе кој поради обвинение за убиство е во затвор и ни раскажува како и зошто дошол до таа ситуација.
Добра драма, на моменти повторливи сцени и досадничка, али држеше внимание поголем дел од филмот.
Оцена: 7/10.

 

Kajgana Shop

На врв Bottom