- Член од
- 18 март 2019
- Мислења
- 445
- Поени од реакции
- 2.045
Calendar
Не успеав да го спуштам, го најдов на јутуб со прилично лоша снимка, но стегнав заби и го изгледав.
Не знам што да мислам за филмов, мене ми остави впечаток на обид за филм. Исто ме изнервира фактот дека ова е се што имаше да понуди Арменија. Цркви и историја, во филм каде што и тоа не беше главната поента, а општо сум приметил дека многу се напињаат со тие работи. Не знам што е со народите кои живеат во таа област, но минатиот Септември имав прилика да поминам недела дена со грузијци, апсолутно беа исти карактери со возачов во филмов. опседнати со историја и прегорди на убавините на својата земја.
Инаку се работи за сликар и жена му, најверојатно со Арменско потекло. Сликаров чисто професионално оди во Арменија да слика цркви за календар, а женава му е преведувач. Не го допира многу историјата за црквите, наспроти неговата жена и возачот кој ги носи на локациите. Женава и возачов се поврзуваат, овој љубомори и сето тоа се одвива преку камерата со која снима. А да, во една сцена од филмов наводно се појавува некоја македонка, со турско-ресенски дијалект. Во глобала тоа е тоа. Од рецензиите што ги читав за филмов се кажува дека наводно има многу добри кадри од пејсажите и црквите. Би требало да е вистина, бидејќи местата на кои се сниман се ставрно многу убави, но преку јутуб снимката јас не можев да го приметам тоа.
3/10