Јас бев заглавен во Исланд, конечно после бурно лето вчера бев со "low social baterry", решив да не станам од кревет и да ве стигнам. Ќе пишам многу кратко, пошо и толку ме држи меморија. Сакам да напоменам само дека ми е криво што во овој период се паднаа Италија и Шпанија, имаше еден куп филмови што би сакал да ги изгледам ако бев послободен, а ваќа ке морам да се задоволам со по 1 или 2 филмови за сега.
Шпанија:
El secreto de sus ojos
На пола филм сфатив дека е уствари Аргентински во Шпанска продукција ако не се лажам, па решив дека ќе морам уште еден да гледам за да биде се по пропис. Инаку за овој филм не знам што многу да филозофирам, класичен трилер, итересен,при крајот извесен.
7/10
The Spirit of the Beehive
Ми стоеше долго на watchlist, конечно дојде време да го изгледам. На почетокот ми беше досаден и бавничок потоа смена темпо и ми беше право уживање да го гледам. Ми се допадна целиот сетап на рурална Шпанија таму во 1930тите и развивањето на првите филмови и кина. Тоа што ме фасцинира во филмот е начинот во кој навлегува во детската психа и имагинација, што сочувстував со Ана, зошто како мал и јас си сум правел такви лоши филмови за духови и слични "битија". Многу јасно ги памтам тие трауми од детството и тука најмногу ме купи филмот.
8/10
Аустрија:
Пред брзо го гледав
Funny Games, па решив да не се форсирам толку и да го искористам овој филм. Инаку живеев во лага мислејќи дека е германски филм, па среќа упадна во приказнава из кеца у двојку.
Fucked up филм, ги обожавам ваквите. Нешто што ми остана во сеќавање од филмов е дека, никогаш до сега антагонисти не ме ваделе од такт, колку што успеваа овие двајца морони од филмов. Апсолутни гадови од "луѓе" ако воопшто можат да се наречат тоа.
7/10
Италија
La vita è bella
Исто долго време ми стоеше на watchlist и можам само да жалам што не го гледав порано. Ако стои она непишано правило, дека ако отварачката сцена во филмот е добра, целиот филм нема промаш. Тука се потврди апсолутно тоа. Од сам старт почна комично и се дури до крајот, преку целиот рингишпил од емоции успеа да си ја задржи својата комичност. Гуидо е дефинитвно најпозитивниот протагонист кој до сега сум го гледал на екраните. La vita e bella, е еден од најдобрите филмови кои ги гледав годинава. Само бидејќи сум инает и многу мнгоу ретко оценувам што било со 10ка, не па и филм, со тешко срце му оставам 9, но длабоко во мене знам дека е чиста 10ка.
9/10.
Данска
Another Round
Модерен, квалитетно изработен филм. Самото тоа што има оскар освоено доволно говори за него. Приказна која што зборува за општествени проблеми со кои се соочува голем дел од популацијата, но сепак оргинална и доволно инетресна која двои од другите калапи што често се среќаваат низ филмовите.
7/10
Успеав да изгледам добри филмови и баш ми е мило што го збогатив "дневникот" со нив. Ерменија ќе почека за некој од наредниве денови, но како и да е отсега би требало да иам повеќе време за да го следам чаленџов тековно.