The World Is Big and Salvation Lurks Around the Corner или Свет'т е голјам и спасение дебне отвсјак'де (2008)
Последно изгледав филм од Азербејџан на предизвиков, за другите држави и немав време да изгледам а и не најдов некои добри, затоа што се погодија некои држави за кои не ни имав слушнато за нивни филм. И за Бугарија не знаев некој посебен филм, освен овој, што ми стоеше подолг период во watchlist како предлог од пријател да го изгледам.
Многу добро feel-good филмче кое вреди да се погледне. Приказната е со фамилијарен мотив, за дедото кој пробува да го врати сеќавањето на својот внук кој има амнезија после преживеана сообраќајна незгода, и кој живее во Германија. Дедото е супер лик, позитивен, кој не се откажува од својот внук а и од неговите лични ставови кои му носат проблеми со режимот на Живкова Бугарија.
Како позадинска приказна која се појавува преку цел филм е таблата (backgammon), која за мене како човек што обожава да ја игра ми беше многу симпатично. Најмногу ми се допадна изреката "Табла се игра за чест, никогаш за пари".
Фала за пријателот што ми го предложи филмот. Добро е што дојде Бугарија на ред, затоа што може филмов да чекаше долги години за да биде изгледан.
Од мене добива 7,5/10.