Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
The Red Turtle

Анимираниов филм заедно со Hardcore Henry се можда најмоќните ствари кои ги изгледав оваа година и кои ме оставија со подотворена уста. Врска немаат еден со друг содржински, зборам само за впечатоците. Инаку е реалистичен анимиран/цртан филм, еден од најпоетските и најфилозофските кои ги имам гледано. Филм кој пред се ве тера да си поставувате прашања, но и филм кој во себе ги има вткаено емоциите кои се будат кога си го гледате животот од страна. Нема да пишувам ништо околу настаните, пошто не сакам да ви го расипам. Само ќе го поставам можеби најважното прашање, кое не би ви препорачал да го читате ако го немате гледано филмот:

Дали животот поминат на островот беше метафора која пробува секојдневниот живот на човекот да го сведе на едно фундаментално ниво, мапирајќи ги само оние точки кои го прават животот живот, според поимањето на човековата свест за тоа што е навистина важно за секој од нас, која е смислата, кој е драјвот кој не тера секој од нас да продолжиме да живееме и да пробаме да ја поплниме или да и дадеме смисла на материјалната празнина во која од нигде никаде се појавивме? Или е тажна приказна за еден очаен и осамен човек кој остатокот од животот го помина во илузија?

10 од 10
Со се' се слагам Змеј. Врвна поезија. Филмов ме погоди во центар со васко ефтов. Од одма ме вшмукна и не ме пушти до крај. Да не зборам за кадрите, за анимацијата, за саундтракот... Знаеле Студио Гибли од кого бараат да им напраи филм, првиот аниматор за нив што не е Јапонец. Холанѓанецов Де Вит 9 години поминал у праење на филмов, и се забележува сета љубов и посветеност. :cuc:
што и да е одговорот, функционира и резонира перфектно. Јас мислам дека е комбинација од двете. Откако ја убива желката почнува илузијата и метафората, почнува да замислува/сфаќа дека и на пуст остров би бил апсолутно среќен, со семејство во кое владее љубов, и со храна доволно за да го прехрани... И има ли нешто поубаво од тоа. Нормално ќе има и по некоја лоша работа, што на сите ни се случува, ама тоа е составен дел, во филмов преставено преку цунамито. Желката кога му го кршеше сплавот е како порака за сите нас, полека, кај сте се залетале безглаво. Толку малку треба за да не мора да си го поставуваме прашањето: "која е смислата, која е поентата"
Така некако си го сфатив.. како и да е, уживав најмногу од било кој филм од годинава. Ремек дело во секоја смисла.
 
Последно уредено од модератор:
Arrival (y) Еден од подобрите филмови годинава дефинитивно. За мој вкус најдобар филм на режисеров до сега. Со секој филм се подобар станува, немам сомневање дека и (крајно непотребното) продолжението на Блејд Ранер ќе биде напнато како и филмов.
 
Мене скроз безвезе ми беше Arrival, очекував некоја поголема разврска. Најдобро нешто беше кога
прв пат влегоа во леталото, музиката врв.
 
Музиката на Jóhann Jóhannsson :place::place:
Почетната и крајната нумера се на Max Richter на кој свршував од The Leftovers минатата година ова време.
Иначе има неколку емотивни моменти, за момент ме потсети на Interstellar.
Си ми го читал долгото и опширно review на LB.
И јас го гледав вечерва
Евреј до евреј бе.
Не се гледа филмов во вторник.
Евреи.























Чекајте малку, ја го глеав со бесплатна карта од роденден :DDDDDD
 
Богами каков крај извади режисеров на Arrival :cuc: Убаво филмче за дискусија, може да се стави во една подзаборавена тема.
 
Почетната и крајната нумера се на Max Richter на кој свршував од The Leftovers минатата година ова време.

Си ми го читал долгото и опширно review на LB.


Евреј до евреј бе.
Не се гледа филмов во вторник.
Евреи.








Чекајте малку, ја го глеав со бесплатна карта од роденден :DDDDDD

57426088.jpg
 
Hunt for the Wilderpeople не ти се допадна или го немаш уште гледано?
Гледан, одличен. Според Letterboxd листата ми следуваат:

6. Hell or High Water
7. Hunt for the Wilderpeople
8. A Bigger Splash
9. Demolition
10. Midnight Special

Ќе има доста промени овие два месеци, многу веројатно да оваа петорка ја снема :(
 
Се сеќавате на David Ehrlich од лани? Тоа е новинарот од Indiewire што ги објавува video countdown-ите со најдобрите филмови од годината, За тие што не се сеќаваат, еве линк до мислењето од јануари 2016, но за жал ланското видео е тргнато, не постои. Епа еве го неговото годинешно одбројување со 25-те најдобри филмови за 2016. Пак некои чудни избори, но пак е за уживање:

 
Се сеќавате на David Ehrlich од лани? Тоа е новинарот од Indiewire што ги објавува video countdown-ите со најдобрите филмови од годината, За тие што не се сеќаваат, еве линк до мислењето од јануари 2016, но за жал ланското видео е тргнато, не постои. Епа еве го неговото годинешно одбројување со 25-те најдобри филмови за 2016. Пак некои чудни избори, но пак е за уживање:

2015
2014
2013

:ајнапиво:
 
Го гледав Сомерзби.
Настрана што, како филмот. Туку не ми се веруваше дека Џоди Фостер била толку убафка на филм :love:
Блеска!
 
@Anon е непослушен и го гледал Westworld оригиналот, наместо да ја почне серијата.
Анон да знаеш дека ако филмот завршува исто како финалето на сезонава, многу си се заебал.
Јас инаку не го гледав до сега за да не се спојлнам, ама сега ќе му седнам :love:
 
Ми се одеше на Кејт Бекинсејл во кино да ја испоштовам, ама гледам слаба стартна оцена, а и за 90 минути да им давам 300денари, ај не.
6.3 на imdb е океј оцена. Посебно што е вамп акција. Мислам дека највисока оцена за тој жанр на странава ти е 7.1 на Блејд.

Инаку и јас се мислев на појдам на тој, али се премислив. Kој дел ти е најслаб од четириве? (доколку си ги изгледал сите). :D
 
Ова е еден од тие денови:

Станав рано сабајле накај 09:40 И

-The Interview
-Bridge to Terabithia
-Broken
-Detachment
-The Poseidon Adventure
-Little Manhattan

Тргнав завеса накај 14час на 30 секунди бев уништен :pos:ама зимата секоја година ми го носи ова + сега ми почнува и сезоната за црно бели филмови се надевам од 2017 многу повеќе ќе се фокусирам на 30-40-50-60 години ооооо да да ќе заборавев уште малку и ќе почне Филмскиот фестивал "whatto'' Сеуште е во подготовка планот за овогодинешниото издание за овој престижен и реномиран фестивал се надевам сите сте возбудени за подетални информаци ќе бидете наскоро информирани

Со Почит,whatto.

200_s.gif
 
Последно уредено:
6.3 на imdb е океј оцена. Посебно што е вамп акција. Мислам дека највисока оцена за тој жанр на странава ти е 7.1 на Блејд.

Инаку и јас се мислев на појдам на тој, али се премислив. Kој дел ти е најслаб од четириве? (доколку си ги изгледал сите). :D

Секој дел како што излегува е послаб и послаб. Така ќе биде/е и во случајов. Стартна 6.3, значи накај 5.5 ќе отиде реално :(. Ама и 3.0 да му е оцена ради Кејт ќе го испоштувам пак бе!
giphy.gif

movie-horror-exclusive-NDvEjm4m4j3NK
 
Последно уредено од модератор:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom