@Anon мислам дека треба да се земе предвид фактот, што најголем дел од луѓето оценуваат филм според импактот што филмот го имал на нив, и импресијата што ја оставил. Многу малку од нас додека гледаат филм размислуваат за техничките аспекти како тоа колку луѓе работеле на филмот, и дали зборувале со доктори и што читале. Нас ни е претставен продуктот и го оценуваме по доживување. Многу малку сте вие кои разгледуваат агли како колку време било потребно да се изработи, колку бил комплексен процесот, колку бил вложен труд и слично.
Не ме сфаќај погрешно, јас го почитувам твојот начин на пристап кон филм, и се согласуваме за многу работи, меѓутоа поентата ми е, нема правилен начин за гледање на филм, не им се важни на сите аспектите што тебе ти се приоритетни во филмска реализација.
Нема потреба да се напаѓаме 4chan style за разлики во мислења, that is.