Пријателе, не ти одговараат луѓево пошто вакви слични прашања се милион пати одговарани наназад низ темава. Ако те мрзи да прочиташ, или немаш време, искрено ни јас не сакам (нити имам време) да го препишувам тоа истото што поназад сум го напишал (јас или некој друг). Тоа што сепак можам, е накратко да ти кажам што јас би одбрал на твое место.
Јас би ги подредил климите по обратен редослед од тој по кој си ги навел, според тоа што јас би го купил.
Тоа е мојата препорака, сигурен сум дека други овде имаат други фаворити. Кој од нас е во право, ќе мораш самиот да одлучиш. Но ако те интересира работата подетално, за да можеш самостојно информирано да одлучиш - тогаш ќе мораш да ја пролисташ темава наназад. Пишувано е за сите брендови за кои прашуваш, за некои повеќе за некои помалку, но за сите има понешто.
Во врска со квадратурата на собата, 12ка (3.5ка) клима без проблем треба да може да ја загрее. Освен ако таму кај тебе редовно не се пониски температурите, под -10с. Пошто си покрај река, проблем може да бидат маглите (влажноста во воздухот) кои негативно влијаат на моќноста на климите. Но собата е помала, па сметам дека нема да има проблеми.
Единствено, пошто собата е помала, и пошто дечиња седат таму, ќе внимаваш намерно да ја подесиш на најслабото дување - за да не им правиш голема промаја на децата. Во мали простории повеќе се чуствува струењето. Припази и летно време на ладењето, од истите причини.
Поздрав и со среќа.![]()
Во ред, фала многу на одговорот.
Како прво се живо прочитав и нема баш многу околу наведените клими, освен за Гри кое скоро сите го форсирате, а можеби и со право, јас незнам затоа и прашувам која би ми била најдобрата солуција.
Инаку сум од Куманово и прашував за Гри што и како можам да ставам од кај нив и они (од Гри) ме упатија во К&К Техномаркет да разгледам што имаат и да си нарачам преку нив.
Искрено спремен сум до кај 30.000 со се монтажа да дадам за климата, бидејќи не сакам да фрлам премногу пари, сепак се работи за детска соба од 12-13 квадратни метри.
Отидов у К&К и таму имаат само од моделот Кози кој што ми се вклопува во буџетот ама сепак мислам дека за 500 евра може да се најде и многу подобро од Кози, кој што ПО МЕНЕ и не е нешто нарочито за вложените пари.
Им се јавив пак у Гри да видам дали и како може да се нарача друг модел и пазете они ми рекоа дека може друг модел да се купи преку нив ама они да ја испорачале и местеле климата ке биде 60 евра за монтажа и 30 евра за транспорт.
Искрено ми пукна филмот и одма се откажав од Гри зашто се ПО МЕНЕ мизераши невидени, па јас не живеам во Загреб, во Куманово живеам што е тоа 30 евра за транспортни трошоци и од принцип не сакам да ставам од кај нив.
Ме интересира, бидејќи не најдов нешто за Виваксот и за Хајерот што ги наведов, кој би можел да ми објасни која би ми била подобрата варијанта помеѓу нив или што мислите за Мидеата што ја наведов?
Фала однапред


