поради неможноста да пронајдам соодветен филм, решив да ги баталам на неопределено време Холивуд и компанијата и да се насочам на филмови од неанглиско говорно подрачје

и ко ќе видиш ПОЛН ПОГОДОК... ги изгледав
El Secreto De Sus Ojos (aргентински, добитник на оскар за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје во 2010... топла препорака за тие шо го немаат гледано),
After The Wedding (дански, номиниран за оскар за најдобар филм од неанглиско говорно подрајче во 2007.. исто така топла препорака за тие шо го немаат гледано)... гледајќи го After The Wedding налетав на La Chifre од Casino Royal, како главен актер и тука почна мојата "опсесија" со Мадс Микелсен... да беше дечково од Холивуд, а не од Данска ќе имаше освоено еден куп оскари... барајќи филмови со Мадс Микелсен прв шо ми падна на око и после кој знае колку време спремање го гледав вечерва е
The Hunt филм од 2012 исто така дански, номиниран за оскар, златен глобус и бафта за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје..
за шо станува збор во филмов... Лукас (Мадс Микелсен) работи како воспитувач во градинка и просто речено е обожаван од децата со кои што работи

Живее повлечен живот, а паралелно се бори со неговата поранешна сопруга за старателство врз својот син.. Кога изгледа дека работите тргнуваат кон подобро, добива вести дека неговиот син сака да живее со него, успева да пронајде љубов, една детска лага ќе му го промени и уништи животот засекогаш.....
п.с. сцената во црквата.... морници...