Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Пак да гледаш нетфликс филм. :D

Брзините се далеку од измешани, ако видиш Нетфликс знаеш дека не чини. Oд Б продукција може и нешто добро да има, од овие нема.
Другар јас имам фиксација кон лошо, ако ми кажеш дека нешто е премногу лошо, ќе седнам и ќе го гледам :D Нетфликс е најлошо од лошото затоа што е чиста пропаганда, нема тука уметност. Чат-пат знаат да се извадат со серии (Озарк, Боуџек и сл.) и тоа е тоа.

Еве им ја пропагандата на ротен томејтос https://www.rottentomatoes.com/m/vampires_vs_the_bronx, каде нетфликс си изнајмува луѓе да им пишуваат рецензии. Никој не смета дека филмот е расистички :D
 
Каков мртов сајт е овој, му одговара името. За расизмот, не сфаќаш ти дека само белците може да бидат расисти. :D
 
Го гледав Greenland на кино, просечен филм со Џералд Батлер и женската од "V", во кој максимално уживав. Обично тоа што ми ги заебува филмовите со астероиди и слични катастрофи, е што секогаш има некој Брус Вилис да го спаси денот. Ова не е таков филм, ова може да се изгледа со музиката на Бора Чорба: пусти лаѓе нека тону, дај ми соду бикарбону, и така натаму.

Не, сериозно, никаква акција не е за очекување, не се лажете од трејлерите. Филмот е за една фамилија која се обидува да се спаси, и за човековата природа за време на катастрофи. Нема ништо за мозгање, опуштено можете да го следите.

Топла препорака за сите кои сакаат да гледаат добар и во целост просечен филм.
 
Секој кој има гледано филмови колку мене, а тоа е доста помалку од некои членови тука, знае дека на НетФликс не ни има нешто многу-многу филмови, кои не ги гледал.
 
Им еба матер коронава на студијата, наскоро сите на нетфликс ќе почнат да си ги објавуаат филмовите а киното ќе иде у историја
 
Може да умре киното за алтернативни филмови, инди филмови итн. Но за блокбастери мислам дека нема да умре во догледна иднина, има многу начини како може да се подобри искуство на блокбастер во кино.
 
ако продужи коронава нема ни да имаат некој избор, секој ден се во загуба, филмовите само се одлагаат за 2021ва. Ако нема лек саглам за година две r.i.p цинема.
 
Jurassic одложен за 2022

Како успеале цел филм да го раскажат во трејлеров, алал да им е на филмаџииве. Сега не мора ни да го гледаме...
 
Бев денес во кино да го гледам Тенет. За квалитетот нема да зборам, дефинитивно треба да се изгледа уште 1-2 пати пред да го сфатам. Пука тензија низ цел филм, адреналин не те остава на раат, Нолан у негов стил тотално да те збуни. Ја не верувам дека некој од прва може да го разбере филмот, али дефинитивно ептен позитивен впечаток ми остави. Последен пат вака за Инсепшн и Интерстелар уживав. Не знам зошто има негативни критики за филмов, претпоставувам зошто никој го нема сфатено? :toe: Црнецот од BlacKkK одлично му легнала улогава.
 
Може знаеш ама нигеров е син на Дензел
 
За оние што пратат екс-ју кинематографија, па и за луѓе што сакаат квалитетен филм без разлика на земјата од која потекнува, препорака за "Мајстори, мајстори" од 1980 г.

Режисер е Горан Марковиќ кој што е еден од најдобрите српски режисери со неколку култни остварувања ко Национална класа, Тајванска канаста, Вариола Вера.
За филмов не знаев до скоро ништо, слушнав дека го реставрирале и го изгледав на солидна снимка. Ако е некој за одлична глума, бујрум.

Денес прочитав дека бил снимен за само 18 дена, без буџет, а глумците играле без хонорар. Алал вера, мајстори, мајстори.
 
Неколку пати го имам гледано по телевизииве што емитираат екс-ју филмови, не многу познат но еден од најдобрите филмови на Горан Марковиќ, училиштето каде се одвива дејството е микрокосмос на едно општество од тоа време.
 
По Софија Лорен, Елизабет Тејлор и Моника Белучи, сега Гал Гадот ќе биде новата Клеопатра... нема што да додадам, освен тоа да си земете пуканки, и да ги читате коментарите под твитот :icon_lol:

Јас од коментарите научив дека Клеопатра била црнкиња од грчко/македонско потекло.

Не џабе рекле: „човекот учи додека е жив“.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom