Баџото ми кажа еден филм на нетфликс, и ми звучеше толку лошо што реков ај ќе го проверам. Згрешив. Изгледа полошо отколку што мислев, ако порано беше јасна дистинкцијата помеѓу б и а продукција, денес нетфликс ги измеша сите брзини. Филмот се вика Vamires vs the Bronx, така нешто, и е ниту помалку ниту повеќе од чист расизам
Вампири (нормално, асли белци) купуваат мал бизнис во Бронкс. Арно ама, три дечиња (нормално, асли црнци) се сомневаат дека нешто чудно се случува во дуќанот. Решаваат да проверат. Испаѓа дека вампирите имаат во план да ги исцицаат црнците од Бронкс и да го направат бел. Црнците се појаки од белците и после една решавачка борба, испраќаат порака дека Бронкс не треба да се чепка и засекогаш ќе остане... црн
Одам да се напијам блага вода.