Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Не знам дали некој го коментираше тука. The Hunt (2020) многу пријатно ме изненади. Напната атмосфера, еден куп пресврти и одлична глума од Бети Гилпин (чудно ми е дека прв пат гледам нешто со женава). Дејмон Линделоф овој пат не разочара. Не дека е некое ремек дело ама филмот е стварно добра вожња...
 
Мене па многу негативно ме изненади. Крш филм, не знае кај тера.
 
Убав овај Џони? Или плачеше на него? За да знам дали да го гледам сам или со женава, пошто кога гледаме заедно филмој едно барање има, да нема мачење и убивање на животни.

Abe kakva zhena, so kucheto gledaj go. :D
 
Broken Circle Breakdown
Е да, на овој невозможно е да не заплачеш. Јас па, кога го гледав, го гледав со жена ми, која тогаш беше трудна (читај: хормонски пореметена). Немаше плачки низ филмот, ама само што заврши, имаше едно: „Златко, зошто ми пушташ вакви филмови?“, и не можев да ја смирам 1 саат.

Јас на други не се сеќавам баш, веројатно сум пуштил солза на повеќе, ама на Never Let Me Go, на сцената со изливот на емоции на Томи сум плачел ко мало дете!
 
Врв :LOL: :LOL: :LOL:

Иначе, за последниот дел од Death Wish пред години прочитав епски коментар у стил "У овој дел Чарлс Бронсон е толку стар што требаше да користат каскадер за сцените кај што треба да клекне" :ROFLMAO::ROFLMAO:

Исто памтам од филмот дека главната женска улога (девојката / сопруга на Paul Kersey) е солидни 30 години помлада од него :angel:
 
Пред 1 година искочи Joker.Дали поголемиот дел од луѓето се сеќават на филмов,дали на поголемиот дел им се допаѓал или не,тоа не е ни битно,а она што е битно е дека ми се допадна мене,и имаше импакт врз мене.Она што е исто така битно,важно е неверојатната глума на Лејкерс тоа човече успеа да го бутне прагот на зборот глума,и да отиде чекор понапред да се стркала високо меѓу ѕвездите.Посветеноста си го направи своето,дадената задача,и обработувањето на истата дури,и повеќе од потребното.
Дали има други актери кој извеле неверојатен преформанс во филмската индустрија?Да има.Дали сум тука да рамнам,да ставам на вага кој мадиња биле подобри?Се разбира дека не.Дали сум тука да направам мал времеплов?Се разбира дека да.Дали сум тука да дадам мал придонес на темава вооедно,и да го испочитувам преку овој пост?Па се разбира.
Ајде куриња вака сега може и го знаете видеово(можеби и некој го има постирано,може и јас го иам постирано,а да не ми текнува)
Преку Џокерот многу луѓе дозна за овој проблем меѓу кој и јас

Има и документарка за луѓето со ова болест:

Може да трупам еден тон сцени,еден тон цитати ама тоа и не е поентата пошо ќе треба да му направам уплоад на цел филм.
Нека бидат само 2 сцени

Исачањето на дождот беше клизачи.

Баџото ми кажа еден филм на нетфликс, и ми звучеше толку лошо што реков ај ќе го проверам. Згрешив. Изгледа полошо отколку што мислев, ако порано беше јасна дистинкцијата помеѓу б и а продукција, денес нетфликс ги измеша сите брзини. Филмот се вика Vamires vs the Bronx, така нешто, и е ниту помалку ниту повеќе од чист расизам :D

Вампири (нормално, асли белци) купуваат мал бизнис во Бронкс. Арно ама, три дечиња (нормално, асли црнци) се сомневаат дека нешто чудно се случува во дуќанот. Решаваат да проверат. Испаѓа дека вампирите имаат во план да ги исцицаат црнците од Бронкс и да го направат бел. Црнците се појаки од белците и после една решавачка борба, испраќаат порака дека Бронкс не треба да се чепка и засекогаш ќе остане... црн :D

Одам да се напијам блага вода.
 
Следен пат не ги слушај препораките од баџото за филмови.
 
Што е најјако режисерот е латино лик од Доминиканска република, а црнчињава гледам носат латино имиња Луис Акоста и Мигел Мартинез.

Убаво реков црнциве и латино луѓево ќе направат сојуз против белците. :D :D
 
Баџото ми кажа еден филм на нетфликс, и ми звучеше толку лошо што реков ај ќе го проверам. Згрешив. Изгледа полошо отколку што мислев, ако порано беше јасна дистинкцијата помеѓу б и а продукција, денес нетфликс ги измеша сите брзини. Филмот се вика Vamires vs the Bronx, така нешто, и е ниту помалку ниту повеќе од чист расизам :D

Вампири (нормално, асли белци) купуваат мал бизнис во Бронкс. Арно ама, три дечиња (нормално, асли црнци) се сомневаат дека нешто чудно се случува во дуќанот. Решаваат да проверат. Испаѓа дека вампирите имаат во план да ги исцицаат црнците од Бронкс и да го направат бел. Црнците се појаки од белците и после една решавачка борба, испраќаат порака дека Бронкс не треба да се чепка и засекогаш ќе остане... црн :D

Одам да се напијам блага вода.
Пак да гледаш нетфликс филм. :D

Брзините се далеку од измешани, ако видиш Нетфликс знаеш дека не чини. Oд Б продукција може и нешто добро да има, од овие нема.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom