Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Иначе, за комедиите. И јас мислам дека у последно време слабо некако им оди на филмовите од тој жанр. Али затоа сериите добро се држат.
 
Добро бе луѓе што е работава што секоја дискусија се сведува на крајот со :
До вкусот е .
?
Секаква дискусија се умртвува со тоа,затоа што тоа се подразбира(се подразбира дека штом ти се допаднал по гледањето дека е по ваш вкус) но треба да се образложи.
А вака испаѓа дека дел од форумџииве имаат срање вкус .:)
 
Кога сме веќе кај комедиите иако е малце офтопик затоа што местото и е во серии ,сепак како Onlу for fools and horses што ме има насмеано,ништо друго неможе да ме насмее.

"Seinfeld" си ја гледал? :) На nova ја даваа порано и тоа два пати ја свртеа, а бе дома сите сме се газеле од смеење, толку смешни ликови и ситуации, ја не знам...
Friends е само бледа копија на Сајнфилд.
 
да не навлегуваме премногу оф топик али серијата е супер :), сум фатил ко бајаги епизоди во вечерниот термин кога ја даваа по 2 пат,конфузноста на Космо беше нешто неверојатно смешно :).
 
Е и ја би рекла за Животот е убав дека е филмиште, али исто и за овој филм. Мене лично не ми прави проблем тоа што е комедија.
Ил Мостро е прејака комедија, Роберто Бенини е ѕвер. На филмот колку што се сеќавам му фали квалитет во смисла на камера, звук итн... изгледа дека е многу нискобуџетно остварување, ама филмот е лудница.
 
Торенте детективот, исто шпанско филмче мн јака комедија е топло ви го препорачувам :)
 
Е и ја би рекла за Животот е убав дека е филмиште, али исто и за овој филм. Мене лично не ми прави проблем тоа што е комедија.

E за овие два ќе се согласам, одличен избор :)
 
Бетмен е дело на Нолан кој е најпреценетиот режисер. Do the math.

Јас не сметам дека Нолан е преценет режисер. Има страшна умешност да направи блокбастер, а за тоа треба да те бива. Знае да искористи буџет и да ги врати парите во каса. Инсепшн мене не ме воодушеви нешто многу,но не можам да речам дека филмот е лошо направен. Ама затоа за Dark Knight, секоја чест, одличен кастинг, одлична идеја и екранизација.
 
да, морам да признаам дека и јас сум воодушевена од The Dark Night Посебно глумата на Хит, но зарем е подобар од Fight Club, The Green Mile, Matrix?
 
да, морам да признаам дека и јас сум воодушевена од The Dark Night Посебно глумата на Хит, но зарем е подобар од Fight Club, The Green Mile, Matrix?

Јас тврдам дека Dark Knight ќе стане култен филм, зашто и како целокупна замисла и реализација се е на ниво. Но, не ми беше постот наменет да правам компарација со други филмови, туку поентата ми беше дека Нолан си ја знае работата...:)
 
Наречиме како сакаш ми е гајле...но еве успат така те читам по темиве и гелдам дека немаш некое пошироко познавање....него онака фураш напред ко коњите,не гледаш ни лево ни десно.критиките не ти се на ниво,незнам ни дали воопшто имаш некакви критики

за то сеј си мадро
 
E за овие два ќе се согласам, одличен избор :)

ако ги имаш гледано овие два филмој јас карлович нема да се викам
Од кај знаеш дека ги нема гледано, имаш кристална кугла?
Коментирај ги филмовите не ги анализирај членовите и не започнувај расправии.
 
Јас не сметам дека Нолан е преценет режисер. Има страшна умешност да направи блокбастер, а за тоа треба да те бива. Знае да искористи буџет и да ги врати парите во каса. Инсепшн мене не ме воодушеви нешто многу,но не можам да речам дека филмот е лошо направен. Ама затоа за Dark Knight, секоја чест, одличен кастинг, одлична идеја и екранизација.
За бетмениве не се слагам, ако на некој заслужува да му биде вратен овој филм тогаш тоа е Тим Бартон, просто човеков е роден за филмов. Голема грешка направија самите продуценти кога сакаа да го направат пореален, бетмен нека си остане херој на децата и на сите оние кои се сеуште деца во душата, вака само направија да изгледаат глупаво. А што е уште полошо, особено глупо изгледаше и Кристијан Бејл кој мораше да го имитира Бетмен гласот во филм кој претендира да биде сериозна драма - трилер, да не зборам за изгледот на Two Face и особено не ми се допадна тоа што го сменија сценариото околу биографијата на ликовите пошто претходно си бев навикнат на стариот Бетмен серијал.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom