Не знам дали е правило предложувачот последен да пише, ама ако не е, еве сакам и јас да се надоврзам со моето видување на филмот (го гледав повторно).
Хенри се тепа со шанкерот, ама не за пари, туку од забава. Едниот пат парите што ги имаше после тепачката беа тие што му ги даде другиот шанкер што ги заработил од кладбата, ама овој не ни сакаше прво да ги земе, па на инсистирање зеде колку за три пијачки што одма ги потроши кога ја запозна Ванда. И тогаш го рече она легендарното: пак сум си на свое, нормален (без пари), што го имаме користено во друштво долго време, откако некој ќе чести со последните пари во џеб. И она легендарно додека чести: For all my friends! А пријателите кој од кој пијаници.
Разликата меѓу Хенри и останатите пијаници во барот, е што тој има талент (можеше да биде сликар, музичар, ама тој е писател), поради што може да излезе од ситуацијата во која е, ама не, тој одбира ваков живот. Познавав и се дружев со луѓе кои живееја ваков живот од денес за утре и кои имаа талент кој одвреме-навреме им носеше големи суми, што пак ги трошеа со пријателите на шанк. Сè правеа исто освен што не се тепаа од забава.
Оној лесен easy way out што му го нуди богаташката не го интересира, затоа што не е неговата идеологија на живеење. Или како што сам рече: ова е златен кафез, и знае дека не може да пишува добро ако живее богато.
9/10