FILM CLUB (КРУГ 5) (205. Dogtooth: 18.11-01.12.2024)

Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.917
Поени од реакции
37.108
Само уште 4 филма останаа, плус предлогот на @Shutmanga кога ќе му дојде редот. После почнуваме нов круг во кој местата си ги задржуваат само редовните членови, останатите ќе бидат поместени на дното од листата, па ако одлучат да се вратат, ќе предложуваат последни. Затоа уште еден повик до: @Imperatorot , @Shawn Spencer , @ob1 , @Васил МКД , @Leo Bonnie , @Tyler Durden , @bobipp , @Corvus , @SK-92 , @wot , @123456 , @DaedaIus , @џимеј , @dragonsky , @Хефест , @ElNinho , @Erich Zann , @ManUtdChampions , @Хоуп - we want you back!

Инаку, иако можеби изгледа така, гледаноста на филмовите сепак не е драстично намалена. Последните филмови имаат од 11 до 14 гледачи, а претходно гледаноста била од 13 до 16 филма. Можеби некои се откажаа, да, но добивме нови членови: @santelli , @zmija1 и @Shutmanga , затоа, јас не би го отпишал клубов! :P
Автоматски споено мислење:

Мене уште не ми е јасно што е со редоследов и зошто Злате ги има филмовите :D
На почетокот ветив дека секој еден кој ќе изгледа барем еден филм во кругов ќе добие можност и да предложува. Испадна дека има осуммина такви: гледале по еден, два, три филма, и потоа исчезнаа, па да не испадне дека не стоиме на зборот, а и да ѕирнеме повеќе филмови од различни предложувачи, им дадов можност и тие да предложуваат. Неколкумина тука „дигнаа бунт“ зошто сме им дале да предложуваат, па на крај дојдовме до компромис да ми ги кажат филмовите мене, и јас да ги презентирам ко да се мои предлози, без да откривам чии се. Останаа само уште 4 филма од тие. Јас тогаш предложив ако сакате да одиме со нив со по една недела за филм, ама не беше прифатен предлогот, па така, ќе почекаме уште 4 филма да поминат пред да почнеме со новиот круг.
 
Последно уредено:

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.002
Поени од реакции
15.328
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.917
Поени од реакции
37.108
Се плашам дека еден од следните предлози ќе ве избрка сите. Го одложував цело време тој филм, планирав денес да го ставам, ама само заради @Комита Ултрас :love: , ќе го одложиме уште за 2 недели, а сега ќе гледаме нешто по-relax.

Па, на пола саат пред истекот на рокот, мислам дека може да привршиме со The Innocents. 11 души го гледаа и му дадоа средна оценка 7,2 (нормално, една од највисоките во клубот). Го испуштија:

@moongoses , @Violetova , @santelli - на сите прв неизгледан
@Imperatorot , @Shawn Spencer - трет неизгледан (со нив се простуваме, засега :( ).

Следен предлог - од останатите 4 филма мислам дека овој е најлабав. И мислам дека за прв пат ќе имаме спортска драма во клубов. Според Letterboxd , мислам дека од активните членови само @Setsuko го има гледано. Предложувачот на овој филм не напиша ништо за него, па затоа не знам што друго да зборувам освен да ви кажам кој е филмот. Во наредните 2 недели, како 143 филм во клубот ќе го гледаме Coach Carter (2005). Па се надевам ќе ни се допадне.

1644180293094.png
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.057
Поени од реакции
6.715
Се плашам дека еден од следните предлози ќе ве избрка сите. Го одложував цело време тој филм, планирав денес да го ставам, ама само заради @Комита Ултрас :love: , ќе го одложиме уште за 2 недели, а сега ќе гледаме нешто по-relax.

Па, на пола саат пред истекот на рокот, мислам дека може да привршиме со The Innocents. 11 души го гледаа и му дадоа средна оценка 7,2 (нормално, една од највисоките во клубот). Го испуштија:

@moongoses , @Violetova , @santelli - на сите прв неизгледан
@Imperatorot , @Shawn Spencer - трет неизгледан (со нив се простуваме, засега :( ).

Следен предлог - од останатите 4 филма мислам дека овој е најлабав. И мислам дека за прв пат ќе имаме спортска драма во клубов. Според Letterboxd , мислам дека од активните членови само @Setsuko го има гледано. Предложувачот на овој филм не напиша ништо за него, па затоа не знам што друго да зворувам освен да ви кажам кој е филмот. Во наредните 2 недели, како 143 филм во клубот ќе го гледаме Coach Carter (2005). Па се надевам ќе ни се допадне.

Прегледај го приврзокот 321418
1644180622492.png

Ќе видам дали ќе го повторам, ко бивши кошаркар може да му дадам пак шанса :D
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.917
Поени од реакции
37.108
Прегледај го приврзокот 321419

Ќе видам дали ќе го повторам, ко бивши кошаркар може да му дадам пак шанса :D
Ау, да, и тебе те имало. Не видов дека помалку ѕвездички од останатите, изгледа. :pos:

Листата на членови во клубот е update-увана.
Letterboxd листата исто така.
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.747
Поени од реакции
2.562
Еве сум, се извинувам за малото доцнење.

The Innocents (1961)

Малку е незгодно кога во најавата ќе се открие повеќе за тоа што ќе гледаме, затоа што создава одредени очекувања и предрасуди и нѐ носи чекор-два пред настаните во филмот. Во случај со овој филм и не беше нешто страшно, затоа што уште од самиот почеток имаше наговестувања што може да се очекува. А што очекувавме, тоа и добивме. Преку одлични ситуации и глума, да се прашуваме кој е овде луд. Надополнето со, денеска веќе исклишеизирани звучни ефекти, феноменална фотографија и секако музичкиот лајт мотив кој го слушаме уште пред да започне филмот. Со минимален број актери во огромна куќа, што од надвор ја гледавме како дворец, режисерот успеа да создаде на повеќепати прилично ежава атмосфера. И покрај тоа што вистинските прашања беа поставени многу доцна, а одговорите секојпат одложени. Или можеби баш заради тоа? Малку и необично како една неискусна дадилка одеднаш стана неустрашив специјалист за егзорцизам, ама сѐ тоа беше потребно да функционира приказната. И функционираше, морам да признаам.

7/10
 
Последно уредено:
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Има убава поента Coach Carter, на страна клишето во завршницата, тоа не е главната тема и цел на филмот.
Убава лекција за разгалени спортисти кои мислат дека се ѕвезди ако потпишале милионски договори и ако играат во врвни спортски колективи. Ова го зборам од моментален аспект каде се повеќе сме соочени со лингурчиња на кои не смееш ни тонот да им го повишиш. На тие што не пратат спорт гарант ќе им биде глупав али поентата е убава и треба да се пушта на секој тинејџер што ќе почне да лета со паметот.
Ова е филм од рангот на Good Will Hunting и Dead Poets Society, само што тука имаме кошарка и затоа е недоволно ценет од целокупната филмска јавност. Добро сеа не до толку, али идејата и поентата е таа.
Да ги научиш и насочиш на прав пат тинејџерите кои сеуште немаат животно искуство и не размислуваат паметно.

Им стави памет у глава господинот Самуел Л Џексон.

Го иам глеано многу одамна што дури сум забораил дека Сами е Картер.

7ца. Ок филм.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.917
Поени од реакции
37.108
Coach Carter

И јас сум со потполно исто мислење како колегата (од клубот :P) @Filip Telford погоре. Единствено што не се согласувам дека има едно клише на крајот - филмов е полн со клишеа. Буквално знаеш се што ќе се случи уште кога ќе го пуштиш, пошто сто пати си ги видел истите работи. Нормално - Мексиканецот дила дрога, братучед му знаевме дека ќе го рокнат, за тој да се свести, најдобриот кошаркар мора да е најглуп и најмногу да не му се учи (ама на крај сепак завршил колеџ)... Буквално нема една оригинална сцена во филмов, туку е серија од клишеа од почеток до крај. Ама тоа што го прави да сепак функционира е пораката. А пораката е навистина гласна, и стварно алал да му е на вистинскиот Картер за тоа што го направил. Интересен факт - и режисерот на филмов се презива Картер, ама прочитав дека не биле во никакво сродство. Инаку, вистинскиот тренер бил цело време покрај Семјуел Л. Џексон додека го снимале филмот и на крајот кога го гледал го пофалил до таа мера што рекол дека во огромна мера го потсеќал на самиот себеси.

7/10 и од мене
 

Kajgana Shop

На врв Bottom