FILM CLUB (КРУГ 5) (197. Perfect Blue: 22.04-12.05.2024)

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.072
Поени од реакции
55.847
Член од
9 февруари 2016
Мислења
1.262
Поени од реакции
3.196
Е ова објаснува многу работи за филмот.
Од секое дрво не бидува шупелка, а од театарска претстава - филм уште помалку.
Има многу јаки филмови од претстави. Посебно на балканов има такви примери.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.948
Поени од реакции
34.307
A Streetcar Named Desire (1951)
Casablanca (1942)
Fences (2016)
Dial M for Murder (1954)
West Side Story (1961 & 2021)
Amadeus (1984)
Incendies (2010)
Throne of Blood (1957)
A Few Good Men (1992)
Driving Mrs. Daisy (1989)
Chicago (2002)
Children of a Lesser God (1986)
Closer (1997)
My Fair Lady (1964)
12 Angry Men (1957)
...
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.836
Поени од реакции
5.954
The Broken Circle Breakdown (2012)

Го гледав пред неколку месеци и не би го репризирал повторно. И кај мене не допре воопшто иако имав поголеми очекувања, поготово после добриот почеток на филмот, подоцна, некако почна да ми бледеат карактерите и не успеаа емотивно да ме впијат. А, оваков филм ако не те трогне емоционално, нема да го доживееш на оној начин на кој требало да го доживееш.
Се сложувам со коментарот на Мунгусот дека премалку време имаше да се развие приказната и скокањето од едно време на друго само ја заплеткаа уште повеќе за да не се доживее истото.
Може, и самиот лајфстајл на ликовите во него, начинот на кои ги носеа одлуките е нешто поразлично од сопствениот мајнсет за да се рилејтнам со нив.

6.5
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.964
Dead Man's Letters (1986)

За ваков спор филм полн со Sci-Fi филозофии си треба претходна психичка подготовка и расположение. За жал во моментот кога го гледав немав трпение за бавно дејство полно со теории, филозофии и мудрости, па правев прекини 100 пати оти не можев да се концентрирам на дејството. Го изгледав мачејќи се, иако сум фан на филмовите на Тарковски, ова некако едвај го издржав. Неблагодарно е да кажам дека ми беше досаден, точно таа монотонија и се очекува во пост-апокалиптична атмосфера, но за разлика од претходниот предлог што го гледавме (Savršeni krug) кој имаше еден куп симболи, алузии, убава поезија и естетика, ова некако не ми понуди таквo искуство. Еве нека биде 6/10.

The Broken Circle Breakdown (2012)

Овој филм беше доста актуелен на форумов кога излезе. Тогаш го изгледав и немам волја да го репризирам, па ако се важат стари импресии пеки, ако не, нека биде црно квадратче.
Тогаш импресиите ми беа слични ко на Злате, немам ништо посебно да додадам.
И до ден денес понекогаш си ја слушам музиката од филмот, а ретко го правам тоа со други филмови. 8/10.
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.063
Dead Man's Letters
Многу сакам научна фантастика и филмови за пост-апокалипса, ама дали дека црно-бел, дали дека спор, овој филм не ми легна баш. Ми беше чудно што излегуваа надвор на радијација само со маски против отрови, дека имаа полициски час, дека телата надвор не беа распаднати...
5/10
The Broken Circle Breakdown
Само што го изгледав, тажен филм, ама мое мислење е дека не требаше да почне со девојчето во болница... Можеби временската линија на филмот да беше праволиниска, да ги следев настаните по ред, па болеста и смртта на детето да дојдеше како пресврт, ќе ме трогнеше повеќе. Останатиот дел (кавгите „ти си крив“ и самоубиството со апчиња) се логичен продолжеток што често се случува и во реалниот живот кога родителите ќе си го закопаат детето.
7/10
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.561
Поени од реакции
21.588
Ако го има некаде онлјан да се гледа филмов пишете.
Мртов ми е лаптопот некое време а не ми текнало да го однесам на сервис.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.701
Поени од реакции
27.637
Со оглед на тоа што многумина што пишаа тука го делат моето првично мислење за филмов, решив да не го репризирам.
Да пишеа повеќемина дека им се допаднал, да му даев пак шанса, сега вака, ништо.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.948
Поени од реакции
34.307
Со оглед на тоа што многумина што пишаа тука го делат моето првично мислење за филмов, решив да не го репризирам.
Да пишеа повеќемина дека им се допаднал, да му даев пак шанса, сега вака, ништо.
ОК, не мора да го репризираш, пиши мислење и оценка. По сеќавање. ;)
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.701
Поени од реакции
27.637
ОК, не мора да го репризираш, пиши мислење и оценка. По сеќавање. ;)
Мислењето ми е дека беше тапа филмот, не ме допре, не ми се допадна, оценката беше 6/10 толку и нека остане, скоро целосно го имам и заборавено филмот.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.103
Поени од реакции
9.926
Го немам симнато филмов, а викендов и немам каде да го симнам, ќе го изгледам понатака.
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.478
Поени од реакции
7.290
Го имам репризирано пред нешто помалку од 2 години, тежок филм за гледање, само ќе кажам генерално дека музиката ептен ми се погоди и во двата наврати кога гледав се собираа кнедли у грло.. 8,5/10
 

Kajgana Shop

На врв Bottom