- Член од
- 23 јули 2019
- Мислења
- 406
- Поени од реакции
- 2.760
The Broken Circle Breakdown (2012)
Мислам дека не секогаш е потребна линеарност или конзистентност во филмот за да успее да долови одредени чувства во нас. Се согласувам со Злате кога вели дека на некој начин филмот беше спој од прикази на проживеани моменти од заедничкиот живот на Елиса и Дидие. Не знам зошто не ви се допадна неговиот лик на некои, мене ми беа и двајцата симпатични и компатибилни. На глумата и не можам да и најдам некоја голема замерка, но исто не можам да речам и дека е врвна. Беше доволна за да ме расплаче и да ми создаде кнедла во грлото. Да, напати требаше да се потрудам да сфатам на која точка од временската линија се и можеби беше малку too much, но не до толку за да ми биде одбивно.
Музиката (изненадувачки) ми се допадна, а и мислам дека одлично се вклопи со приказната (освен во сцената кога пееа над мртво тело, тоа ми беше малку крипи, со оглед на тоа дека таквата музика ја доловувам како весела). Мислам дека таа беше добар gettaway и за нас како гледачи - од тагата и болката гледајќи ги родителите, но и за самите родители. Некако направи една убава рамнотежа. Сѐ на сѐ тежок филм, но ми се допадна.
7/10
The Fisher King (1991)
Морам да признаам, освен Бразил (кој многу ми се допадна) друг филм на Тери немам гледано пред овој. Само што го изгледав, мислам дека сѐ уште сум под 'импресии' и не знам што точно да мислам. Првото нешто што ми паѓа на ум е дека е предолг. Сега проверив дека и Бразил е отприлика толку, но кога го гледав него не ги осетив минутите, а сега едвај чекав да поминат.
На виделина изгледа дека е филм за љубезноста, хуманоста, љубовта.. но дали беше тоа искрена хуманост што Џек ја покажуваше према Пери? Или беше едноставно само начин преку кој може да се издигне себеси од мочуриштето на вината и гневот. Љубов? Зарем беше вистинска љубов она што го (ако воопшто) чувствуваше Џек кон Ен (Ана, Ан...ватевер)? И сериозно?? Преку целиот филм ја третираше мизерно, ја користеше само за станот, храната и сексот, два пати ја откачи за на крај ноншалантно да ѝ се појави на работното место со една глупа ружа и скромно те сакам and thats it? Wow. Единствено кај Пери и Лидија може да зборуваме за љубов и посветеност. Девојката штотуку го запозна типот и после му носеше пижами и постелнина дур беше во кома.
Можеби повеќе би одговарало доколку филмов се опише како судир на два света: оној на сиромашните и бедните со тој на не така бедните. Или светот на нормалните со оној на малку почудните. И тоа беше интересно да се гледа, ме насмеа напати. А и секако, глумата на Робин беше едно од најсветлите нешта во филмов.
5/10