Film Club - трета среќа! (130. The Sound of Music: 26.07-08.08.2021)

Член од
11 октомври 2010
Мислења
4.458
Поени од реакции
11.060
Lorenzo's Oil (1992)

Одличен предлог.
Ептен емотивен филм со супер глума. Немав појма дека ваква болест воопшто постои и ме натера малку повеќе да дознаам откако го завршив, а тоа секој пат го ценам кај филм.
Единствена утка е што го терале Ник Нолте да форсира италијански акцент. Мислам дека ќе било подобро со амерички акцент со оглед на тоа што слабо му идеше италијанскиот и на моменти потсеќаше на русин, но тоа нема да го засени целовкупното мислење за филмот.
Ова е осмица филм, ама на ваквите филмови кои се базирани на вистински настани со тивки херои им давам оценка плус.
9/10


P.S. Дали во еден дел од филмот кога он ги почнува своите истражувања музиката беше уствари интрото од Faithless - Insomnia?
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.327
Поени од реакции
5.133
Lorenzo's Oil (1992)

Додека го гледав филмот два цитата ми провејуваа низ глава цело време.

Еден силен цитат од Six Feet Under што го изговара Бренда: "You know what I find interesting? If you lose a spouse, you’re called a widow or widower. If you’re a child and you lose your parents, then you’re an orphan. But what’s the word to describe a parent who loses a child? I guess that’s just too fucking awful to even have a name." Доволно е тоа за да се сфатат натчовечките напори на родителите да го одржат детето во живот. И една клише, но силна порака, никогаш не треба да се губи надеж, дури и во ситуации кога се чини дека крајот ќе биде трагичен.

И оној славниот цитат на Достоевски, „Сите идеали на овој свет не вредат колку солзите на едно дете“ во врска со калкулациите што ги правеа докторите и фармацевтите дека не вреди да се трошат пари на истражувања за ретки болести, оти нема да донесат профит. Кога е во прашање човечки живот (особено детски) не треба да постојат математики.

Не би го препорачала на други луѓе поради детално прикажаните страдања. Издржав цел филм без да пуштам солза, ама крајот кога гласот на мајката и на Лоренцо се слееја беше неизбежно.

Нешто што сакам да го споменам како забелешка, знаеме дека беа Италијанци ама као мораше ли да јадат шпагети цело време? :D Тие форсирања на национални бележја и култури ми изгледаат ко непотребен стереотип освен ако не се во функција на приказната.

Главно тргнав да го напишам истото што го спомна и @Хоуп, тешко е да се оценува филм што се занимава со ваква тема оти игра на емотивност и плус е снимен по вистинска приказна. Ама еве, поради клубот, 8/10.
 
Последно уредено:

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.077
Поени од реакции
3.489
Тежок филм. Многу тежок за гледање. За мене беше посебно емоционално стресен филм за гледање. Во клубов знаеме секогаш да предложиме филмови кои емотивно ќе не погодат. Таквите и најдобро ги оценуваме. За момент, се презаситив веќе од нив. Ветувам, кога ќе дојдам на ред, следниот мој предлог ќе е нешто по ведро, нешто лесно за гледање, па макар и биде ниско оценето.

Во 2008 година, по смртта на Лоренцо, во САД, започнато е вршење скенирање на сите родени машки бебиња кое би помогнало во детектирање на ALD и стопирање на време, пред да започне да се развива болеста.
Помошта која ја дале семејството Одоне за медицината, науката, и спасувањето човечки животи е непроценлива.
Се надевам овие ретки неуролошки болести еден ден ќе го добијат својот лек, а луѓето кои страдаат од нив ќе го добијат назад својот живот.


9
 
Член од
23 јули 2019
Мислења
24
Поени од реакции
124
Со оглед на тоа дека филмов го гледав пред неколку дена, ќе бидам искрена и ќе кажам дека малку ми испари од меморијата.. она што ми остави впечаток беше извонредната глума(и убавина) на Џена и убавиот ентериер на куќата. Темата која филмот ја обработува е навистина деликатна и емотивна, но дали заради должината на филмот или несмасните кадри, не предизвика во мене чувство на тежина кое би се очекувало од еден ваков филм.
Уште на почетокот на филмот, доста искрено ни го подава мислењето на тогашните луѓе за улогата на жената во општеството, кога Ник на пријателот му објаснува дека неговата жена е доста чудна, но знае да готви, пере, чисти и да ги гледа децата.. потребата еден од друг беше лепакот кој го одржуваше нивниот брак: нејзе ѝ требаше човек кој би ја разбирал и би имал трпение, а нему жена која ќе роди деца, ќе му ги пере гаќите и ќе прави ручек.
Не знам што друго би додала, освен тоа дека мојата оценка е 6/10.

Lorenzo's oil (1992)

Можеби да го гледав филмов пред 3-4 години немаше да го доживеам така тешко како сега. Експлицитно беше покажана болката низ која минеше малечкото, а и онаа на родителите и затоа често избегнувам да гледам вакви филмови. А мислата со која ме остави крајот на филмот беше онаа за тоа колку неоткриен универзум е човечкото тело и колку многу непознати, страшни болести чекаат на прагот од вратата за да бидат откриени.. и која е таа исконска сила што ја имаат родителите борејќи се против нив..
Навистина тажно убав филм.
7/10
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
4.560
Поени од реакции
6.222
Се мислев дали да го гледам, зашто не сакам вакви филмови кај што детално се прикажуваат одредени болести и што се луѓето минуваат низ нив, ама се сеќавам дека го имам фатено многу одамна на телевизија и го реизгледав за да се потсетам.

Се' е кажано претходно. Тежок филм, мачно е за гледање сето тоа што го поминуваше детето, а и родителите покрај него.

Поради тоа што не сакам вакви мачни филмови од мене само 6/10.
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
2.764
Поени од реакции
9.782
Lorenzo's Oil

На лизгав терен е маслото на Лоренцо, а за неговата крајна оцена ќе пресуди времето. Искрено, не знам ни самата по кој критериум да го рецензирам филмов. Дали како филмско остварување, или како приказ на вистинска приказна од животот. За второво не сум доволно запознаена, па овој филм ќе го третирам како и сите други, со критика за сите нелогичности и работи што ме нервираа, и пофалби за оние што беа како што треба. Па ајде да почнеме ми се смачи од глупавиов вовед.

Глума и ликови. Ugh. Најлошиот дел од филмов дефинитивно. Ликот на Сарандон и глумата на Нолти се толку очајни во филмов што дирекно ја уништуваат приказната и впечатокот на еден ваков тежок и суштински филм со тешки и суштински зборови како циклопентаноперхидрофенантрен и адренолеукодистрофија. Сметам дека за да се пренесе една ваква трагична приказна успешно, многу е важно да се игра на картата емоции и емпатија со родителите, низ што поминуваат и колку им е нив тешко, па да ги сожалуваме за беспомошноста и тешката судбина што им го поделил животот, но тоа тука воопшто го немаше. Сарандон цел филм одеше наоколу и се развикуваше по луѓе, воопшто не можев да сочуствувам со неа или да ја сожалувам, дури во ниеден момент ни си помислив Леле колку и е тешко, всушност многу повеќе тоа си го помислував за луѓето околу неа што мораа да го толерираат нејзиниот третман, со оглед на тоа што со нив се однесуваше како со животни, а не со луѓе. За „Италијанецов“ па што да се каже, карикатура. Со преглумувањето и акцентот како да гледав комедија, а не драма. Се на се мене овој елемент од филмов ми беше за 5 или евентуално 6, а двајцата ми беа ептен тежок флоп. Детево што го глумеше Лоренцо, во џеб стави двајца Холивудски ѕвезди со години и години искуство.

За приказната нема што многу да се збори, доста солидна и ми се допадна, неа би ја оценила со 8, можеби малку субјективно зашто мене вакви теми ми лежат и интересираат. Ми се свиѓаше тоа што беше објаснета болеста онолку колку што беа потребите на филмот, ни помалку ни повеќе. Овде нешто што би искритикувала е тоа што некои изолирани сцени ми беа ептен дебилни и ме нервираа, како сцената кај докторот Николаис кога им објаснуваше како се наследува болеста, а овие двајца ко од Марс паднати, а болеста беше веќе во 6ти месец од првата манифестација, на страна тоа што некои работи ги објаснија порано во филмот, и тука пак ги повторуваа. Не разбирам како родителиве немаа до тогаш прочитано и разбрано се за болеста на нивниот син, мене ми е тоа несфатливо. 6ти месец од почетокот на симптомите, а Сарандон допрва дознава дека таа е носител на болеста и прашува зошто таа не е болна а нејзниот син е???? Еве јас деца немам, нека ми каже некој родител тука дали ако неговото дете е болно нема во истиот момент да се заинтересира и да се едуцира за болеста не неговото дете. Другата сцена што ми остана во сеќавање, а ми беше исто така многу глупа, е онаа во библиотеката кога Italiano vero го сонуваше Лоренцо како ги влече/синтетизира двете масни киселини и му текна дека се работи за истиот ензим??? Не знам ни од каде да почнам за оваа сцена, дали моментот што на сон му дојде одговорот, или тоа што претходно во филмот изјави јасно и гласно дека два различни ензими синтетизираат, и после дозна дека бил еден ист. Не сфаќам, од каде му беше претходната информација, ја измисли ли? Сцениве беа толку непотребни што комотно можеа и да не постојат, немаше ништо да изгуби филмот, и немаше да се нервирам за џабе, не гледам зошто мораше толку театралност да се додава за некои вакви технички работи.

Филмов мене истовремено ми е и за 6 и за 7 и за 8, па не беше баш лесно да му се даде некоја средна оценка зашто не сакам да му простам за некои пропусти, но сепак зашто морам,

7/10
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
15.443
Поени од реакции
24.964
Убав филм бе, многу убав. 8/10
Е сега иако 8/10 имам многу замерки.
Почна добро но набргу се појави ова иритантно срање од глумица

1626732197831.png

Не можам да ви опишам колку не ја поднесувам.

Како и да е, сфатив дека нема да ја има и можев да се препуштам во филмот.
Но ми фалеа некако емоциите. Не верувам тука дека е до глумата туку можеби така им наложиле.
Со оглед на тоа со кое се соочуваа, Нолти и Сарандон на многупати не ми реагираа соодветно.
И Нолти глумење Италијанец многу ми сметаше, не можев да го сварам баш...

Камерата исто, на моменти некои бош зумови и искривени кадри као да додадат на некоја тага/мрачност но слабо.
Исто така на почетокот не можев баш да поверувам во тоа дека до олку ќе се вложат родителите да најдат лек, нереано ми делуваше тоа но подоцна го прифатив.
Пластичните објаснувања за медицинските ствари беа супер.
Да се нервираш за сите тие медицински протоколи и бирократии дур детето ти пати, солидно пренесено.

Душичка Лоренцо бе.
И се знаеше дека родителите ќе работат за туѓи деца, си кажа Нолти при крај :/

1626733386262.png

И, ми фалеше повеќе Африка, дефинитивно. Нормално, се очекуваше на крај да ја вратат, ја вратија но недоволно.
Иако приказната е она што го прави филмот одличен, можеше да иде накај 9/10 сигурно ако беа подобро изведени работиве што ги пишав погоре.

 

Джонтра Вохохолта

I`m with the fucking FBI
Член од
20 јули 2020
Мислења
3.593
Поени од реакции
24.284
Обично кога на темава ќе се каже новиот филм, го читам насловот и престанувам со следење на истата додека не го изгледам филмот и не се вратам тука со коментар.
Уште истиот момент додека се презентираше филмот случајно стиснав на нотификацијата и ме однесе на мислењето на Виолетова, каде сместа изедов спојлер.

Претходно таков глуп спојлер изедов еднаш на тв случајно менувајќи канали и читам доле на програмата Адвокат на ѓаволот ахам викам овој ми е на вочлист ќе си го глеам на пц коа ќе дое ред, и доека се мењаше каналот мајка му му кажа на Кијану за татко му. Си викам дај боже ова да е само обично име спомнато, после Ал Пачино коа се појави све ми стана јасно. Небитно.

И поради тој спојлер, мене приказнава ми течеше праволиниски. Не ме допре и не сочувствував.
А и како да сочувствуваш со јебена Сузан Сарандон, најладната жена во светот.
За италијанецов све е кажано, па толку да ме иритирало туѓо зборење на англиски јазик не памтам да имало. Од толку актери, баш него го нашле.

Другото горе доле, највеќе се согласувам со мислењето на Корвус. Као што кажав не ми легна баш, обично сочувствувам и сум доста емотивен на вакви филмови и приказни. Ама тука ништо, ми беше гајле све пошто знаев дека го нашле лекот. Можеби спојлерот највеќе влијаеше.
А и ми беа конфузни сите тие медицински извештаи, обраќања, објаснувања. Се што запамтив е дека малиот има болест од која може да живее макс 2 години. На крај најдоа лек и толку.

Така го запамтив филмов и така и ќе го памтам.

5/10
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
4.458
Поени од реакции
11.060
На крај најдоа лек и толку.
Епа толку дека филмот е снимен во 1992ра додека Лоренцо а и мајка му сеуште биле живи.
Првин умира мајка му (2000та) , па 8 години потоа Лоренцо за да на крај татко му се има вратено во Италија до крај на животот.
Знам дека беа конфузни сите тие извештаи и пронаоѓања, ама до детал ако иделе ќе требале да снимаат ТВ серија. Мене и не ми беше битно како го нашле. Т.е. ќе ми беше битно ако не беше вистинска приказна.
Овој татково на Лоренцо уствари бил економист за Светска Банка. За трудот кој го има вложено во пронаоѓање на маслото има добиено докторат.
 
Член од
3 март 2020
Мислења
1.430
Поени од реакции
2.891
ме однесе на мислењето на Виолетова, каде сместа изедов спојлер
Се заборавив и не може после да го избришам, баш ми е жал :(
Автоматски споено мислење:

А мене спојлери никогаш не ме спречиле да не гледам филм, можеш пола филм да ми го раскажеш, ама пак ќе ме интересира како режисерот го склопил сето тоа. И кој е убиецот да ми кажеш, исто ми е, пак ќе гледам ако е интересен филмот :D
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
9.589
Поени од реакции
22.003
LORENZO'S OIL

Јас почнав наопаку, ама намерно, за да не го испуштам и овој па да морам после да влегувам во туѓ термин. Ќе го изгледам и претходниот, ветив.

Е сеа филмов: ве исчитав сите и мислам дека @Corvus беше најблиску до тоа како јас го доживеав, со еден мал исклучок за глумата на Сарандон која јас сметам дека беше ѕверска. Затоа и сосема заслужено една од двете номинации за Оскар ја заработила таа. Подетално ќе објаснам во цитатот подолу. Приказната беше навистина WOW, и јас не знаев ништо за болеста претходно, а уште помалку за случајот. Навистина е срцепарателно и восхитувачки истовремено. Ама технички и во начинот на кој режисерот се фокусирал повеќе на процесот на барање на лекот наместо да прикаже повеќе емоции и да ги купи гледачите со тоа, сметам дека потфрли и на моменти ми беше многу досаден.

Инаку, имам пријатели со детенце со ретка болест, и цело време ги ставав нив во кожата на Сарандон и Нолти и срце ми се кинеше. :place: Ми се кинеше за тоа што го рече @moongoses за фармацевтската индустрија, зашто колку и да се надеваме дека ќе се најде лек за многу ретки болести, за жал точно е тоа дека најверојатно нема, баш затоа што се ретки и не носат пари. А зар треба да вреди пари животот на било кое невино детенце?

Ја паметам и јас репликата на Бренда од SFU - еден од најтажните моменти во серијата беше. Не сакам ни да мислам понатаму на тој момент. :place:

Никој не ја спомна режијата. Искрено, не можев да го сместам Џорџ Милер во еден ваков филм. Милер е режисер на Mad Max-овите, некако не ми иде таа слика со трогателна семејна драма. Но, на крај, кога читав trivia за филмов, се поклопија пазлите: Џорџ Милер по професија бил доктор!

Сумирано, и од мене 7/10.
Детево ептен ми се допадна како глуми
Веројатно не си забележала, но ликот на Лоренцо го глумат вкупно 6 актери во филмов: 4 од нив - момчиња, 2 - девојчиња. Значи: децата! :)

Сарандон цел филм одеше наоколу и се развикуваше по луѓе, воопшто не можев да сочуствувам со неа или да ја сожалувам, дури во ниеден момент ни си помислив Леле колку и е тешко, всушност многу повеќе тоа си го помислував за луѓето околу неа што мораа да го толерираат нејзиниот третман, со оглед на тоа што со нив се однесуваше како со животни, а не со луѓе.
Токму ова и даде дополнителна доза реалистичност во нејзината глума и баш заради ова мене уште повеќе ми се допадна. За жал, сум имал прилика да видам мајки кои изгубиле деца и сум ја почувствувал таа лутина, дрскост, завист и гнев кон цел останат свет од нивните очи. Таква беше и Сарандон тука - без емпатија кон другите, нејзе цел свет и е виновен за тоа што му се случи на Лоренцо. Затоа и така реагираше во секој момент кога немаше да биде така како што таа сметаше дека е најдобро за него. Прекрасна глума! Нолти мене ми беше малку вештачки.
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
792
Поени од реакции
3.532
Lorenzo's Oil

Imposible is nothing.. Дури и од нула да почнеш, со вистинска посветеност и напорна работа можеш да го постигнеш дотогаш невозможното.

Аугусто и Микаела, посебно Аугусто, тоа го докажаа и капа доле за нив.

Конкретно за филмот, да, секогаш е малку поинакво чувството кога гледаш вистински прикажани настани... ем го гледаш како филм, ем дознаваш за некои неверојатни случки и измешано е од кој дел ги влечеш импресиите. Посебно ова ми важи за овој филм. А севкупната импресија е дека ми се допадна.
Бев внесен од почеток до крај, ме допре судбината на Лоренцо(иако не ми предизвика кнедла/солза). Мислам дека многу убаво си беше објаснето сѐ за болеста, таман да биде јасно за секого.
Приказната беше најинтересниот дел. Ако си мал никој не те ферма.. ретка неистражена болест, мал број заболени, можностите за правење пари се мали и автоматски не си интересен. Чат пат некое истражување и толку. Ама Аугусто и Микаела се бореа со сите сили и ми се допадна како тоа беше сѐ прикажано, од натчовечките напори, одбивањето да се помират со судбината кога не им одеше, суптилните двоумења дали има поента на тоа што го прават, признавањето дека ова го прават за другите деца и дека Лоренцо нема да биде истиот како пред болеста...

За глумата не би се сложил со повеќето. Детето си растури, ама и Сарандон беше по мене одлична. Исто важи и за Нолти, штрчеше со акцентот ама многу јако ми беше одигран ликот.

Тешка, трагична и инспиративна приказна, генерално убаво сѐ изведено, на крај "само" 7,5 мислам главно поради тоа што не ми предизвика филмот кнедла у грло или солза у око.


А откако прочитав дека кај сите скоро акцентот на Ник Нилти пречел, ме заинтересира да видам како вистинскиот Аугусто зборел

Ник Нолти уствари го доловил до даска (y)
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
9.589
Поени од реакции
22.003
Должам резултати за Woman Under the Influence:

Го гледаа 12 души, и му дадоа средна оценка 6,8. Го испуштија:
- @Zlatikevichius , @wot , @Imperatorot , @Shawn Spencer - на сите прв неизгледан
- @Gazpapir - втор неизгледан, жолт картон

За Lorenzo's Oil веќе има поголема гледаност, на 4 дена пред крај на терминот: @Gazpapir , @wot , @Комита Ултрас , @moongoses и @Imperatorot - ги очекуваме вашите рецензии.

Следен ќе предложува @grande-juve , јас веќе го знам насловот, па еве како што практикував кога го рестартиравме клубов, еден loosely hint за тоа што ќе гледаме следно:

Автоматски споено мислење:

А, да, и листата на Letterboxd е update-увана: https://letterboxd.com/zlatikevichius/list/film-club/
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom