FILM CLUB (КРУГ 5) (197. Perfect Blue: 22.04-05.05.2024)

Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
About Elly (2009)

Нешто што се разликува, па дури и многу отстапува, од досега изгледаните филмови во овој Клуб е самата глума. Мислам дека имаше и многу импровизирање. Ако немаше, тоа ја издигнува глумата, во овој филм, на едно уште повисоко ниво. Приказот беше многу реалистичен, само не ми се допадна приказната. Многу монотона, посебно првите и последните 30 минути. Имаше одредена мистерија, но отсуствуваше константната тензија, отсуствуваше и големото финале. Мислам дека скоро сите карти беа откриени на средишницата на самиот филм.

Ме изненади привлечноста на жените, обично не ги загледувам таквите, само некако сите ми беа исти. Дел од филмот мислев дека друго нусе е Ели!

Приказната воопшто не ми се допадна. 4/10
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.544
Поени од реакции
34.850
About Elly (2009)

Ова ми е прв изгледан филм на иранскиот режисер Асгар Фархади. Да сум искрена, воопшто не ме импресионира.
Прикажани крајно банални ситуации, кои те насочувачуваат да очекуваш нешто што нема да се случи. На моменти умирав од досада, се однесуваа како незрели третооделенци, кои не прават ништо освен што се обвинуваат меѓу себе и анализираат. Целото дејство на едно место, исто ми беше монотоно.
Не сакам филмови без музика :icon_mrgr:
5/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.790
Поени од реакции
33.597
13 гледачи го гледаа About Elly и му дадоа средна оценка 6,7.

Го испуштија:
- @Corvus и @Комита Ултрас - прв неизгледан
- @Setsuko и @Gazpapir - втор неизгледан (жолт картон)

Токму @Setsuko е следниот предложувач. Бидејќи не беше во можност, ме замоли јас да го презентирам нејзиниот филм. Многу интересна ситуација: остануваме во Иран! Не се сеќавам до сега да се случило 2 филма по ред да бидат од иста држава која не е САД. Без многу одолговлекување, а и да не налетам на некој спојлер, најдобро веднаш да ви кажам кој филм ќе го гледаме во следните 2 недели:

152. Children of Heaven / Bacheha-Ye aseman (1997)

1655670363225.png
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.700
Поени од реакции
27.627
Пфф гледан ми е.
7-8 солидно не се сеќаам мн мн знам таму ќе ја бркаше таа патиката и после не знам да не беше бе со некоја трка на крај?
Дааа тој беше, солиден, солиден. Убав филм.
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.329
About Elly

Немам ништо посебно да кажам за филмов, ми се допадна што беше mostly one location, глумата беше ОДЛИЧНА, особено на Сепиде, која го износи цело дејство.

Од друга страна, влегуваа од глупи во поглупи одлуки цел филм и тоа е нешто што многу ми оди на нерви. Ако другарка ми е муслиманка, вера што е позната по каменување жени, сигурно нема да ја држам на сила у некоја куќа на плажа отцепена од цивилизација ПРОТИВ НЕЈЗИНА ВОЛЈА. Или само требаше да ја прифатам премисата дека Сепиде е глупача? Не, фала. Онаа другана, што отиде тањири да пере додека играа надвор децата, ја остави единствената без мајчински инстинкт да чува 3 деца? Као еве глеј ги децава ти сеа сама, мене ќе ми избегаат садовиве додека се вратат Сепиде и другарка и од продавница. Цел заплет извештачен, исфорсиран, и неприроден. После кога тргна, малку беше океј, жива ли е, не е ли жива, јас стварно мислев дека избегала. После тоа со свршеникот пак ми затупе. Телевиса презента. Кој е на телефон? Брат и. Не сум и брат, вереник сум и.

one-punch-man-ok.gif

7/10
 
Последно уредено:
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
2.544
Онаа другана, што отиде тањири да пере додека играа надвор децата, ја остави единствената без мајчински инстинкт да чува 3 деца?
Таа беше учителка во градинка, сосема солиден избор за чување деца.

Мене сомнителна ми беше самата покана на учителката на викенд со пријателите. Тоа а и некои други ситуации наговестуваа нешто повеќе во односот меѓу Сепиде и Ели.
Од друга страна не го знаеше (или го криеше) вистинското име и презимето на Ели, што е секако сомнително во каков и однос да се тие две.
Може авторот сакал нешто повеќе да ни пренесе, а можеби се работи само за дупка во приказната.
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.009
Поени од реакции
55.275
Children of Heaven

Го знам филмов од телевизија, порано многу често го даваа на Едо, Скај нет, Мтм, и слични тв програми.

Убава приказна за братско-сестринска љубов. Не знам што повеќе да додадам, добра глума од малиот Али, солиден, добар филм.

6.5
 
Член од
18 март 2019
Мислења
435
Поени од реакции
1.975
Children of Heaven

За мене мех филм, со добра порака вклопена во интересна приказна. Сум пишал повеќе пати дека лично не ми се свиѓаат вакви филмови.

Децава беа многу cute и си изглумија одлично. Ради нив и добрата порака ќе му дадам повисока оценка. 7/10
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.033
Поени од реакции
6.698
Children of Heaven


Убаво филмче, интересна и уникатна приказна со одлична порака и сосема добра глума, посебно на Али.

7/10

Кога девојчево трчаше со поголеми патики и ги разбирав маките, ме потсети на времето кога моите немаа пари да купат два пара кошаркарски патики, па ја чекав брат ми да заврши со неговиот тренинг и ја да тренирам со неговите...ми беа 2-3 броја поголеми, носев по 3-4 пара чарапи. Тоа е тоа ајде ќе ти порасне ногата.
 
Член од
2 март 2022
Мислења
93
Поени од реакции
450
Children of Heaven (1997)

Not my cup of tea.
Просечен филм, на моменти дури и досаден. Се изваде на крајот некако, ама не ми го подобри првиот впечаток.
Многу драматичен. Децата си беа супер.

Му давам 6/10.
 
Член од
23 јули 2019
Мислења
406
Поени од реакции
2.760

Морам да признаам дека ми фалеше да ве читам и да ги гледам филмовите заедно со вас, ама стварно не можев поради обврски. Сега можам малку да здивнам, а тоа значи дека и повеќе ќе ве дружам, yay! Не знам како оди тоа со црвените картони, каде сум сега на листата и дали воопшто постојам на неа? xD

Anyhow, се извинувам што бомбардирам со рецензии, ама морам “да си ја напишам домашната“ хехе.

Children of Heaven (1997)

Колку горко-сладок филм! Филм, кој ни ја претставува една од многуте страни на реалноста на животот. Од многу работи, на филм и во реалноста ми се прави кнедла во грлото, и успевам некако да ја подголтнам. Но кога гледам детски солзи мислиш душава се распарчува. И верувам дека детските солзи не оставаат никого рамнодушен, посебно кога се вака искрени, како што беа солзите на златните Али и Захра.

За овој филм може многу да се пишува: за фактот дека сѐ уште постои тоа убедување (па дури и кај Ромите кај нас) дека детето треба да помага во домашните обврски, како да е тоа најглавната причина поради која било донесено на овој свет. „Ти не си дете! Ти имаш 9 години!“ велеше таткото на Али... Која болна иронија.. какво ли детство е тоа.. колку ли само пати ромчињата не дошле на час кај мајка ми со изговор дека работеле затоа што нивните дома ги тераат. Не сите дечиња се такви како Али. А во некои негови одлики се видов себе си: во неговата емпатија, во тоа што потребите на својата сестра ги стави пред своите, во неговата немоќ да ја каже вистината тогаш кога треба и во неговата добронамерност и издржливост. Али – детето кое нѐ воведе во самиот почеток на филмот и херојски го доведе до својот крај.

Морам да ја пофалам и камерата која се трудеше и често успевше да задржи симетрични, урамнотежени кадри. Ми се допадна што немаше премногу луѓе на сцените на улица (бидејќи обично ваквите филмови каде се прикажува претежно сиромашниот народ знаат да имаат наплив од луѓе), па така се даде акцент на зградбите, на улиците.. на амбиентот. Ми се допадна и музиката, но не толку за да ми биде доминантна во филмот, едноставно беше добар придружник на кинематографијата.

Ми се допаѓа и фактот што од многу банална работа се разви цела сторија во филмот и со неа се открија многу страни кај Али и Захра – децата на рајот – во рајот, каде владеат вистинските човечки вредности.
8/10

About Elly (2009)

Не прочитав што жанр е пред да го гледам и затоа немав апсолутно никаква идеја во која насока ќе се развива дејството во филмот, а морам да спомнам дека уште од самиот почеток некако музиката наговестуваше нешто лошо, посебно чудна беше девојката (која отпосле сфатив дека е Ели, инаку мислев дека е она малоно девојче). Со телефонскиот повик и исчезнувањето набрзина без да каже никому знаев дека таа ќе биде “носител“ на дејството. И така би. Сѐ во филмот беше во врска за неа, но без неа. Ми се допадна тоа што режисерот остави место да ни се створат во главите милион сценариа во врска со тоа што ѝ се има случено на Ели. Со секое ново “откритие“ добиваш нова надеж дека е жива или сигурност дека е мртва. И тоа беше тоа што ми го задржуваше интересот за гледање (за разлика од денешниот филм The Vanishing, да речеме). Ми се допадна глумата, тензичната музика и брановите во позадина, кои, како што спомна и еден од протагонистите, по исчезнувањето на Ели ја сменија својата аура од смирена во тензична. Сѐ на сѐ, филмов беше топ. Ако имало некои недостатоци, очигледно не биле толкѕ битни и големи бидејќи сум ги заборавила. 10/10

The Vanishing (1988)

Одлично почна, и покрај очигледниот наслов, сепак постоеше некое очекување и тензија како ќе се случи исчезнувањето. Дури режисерот и малку нѐ сецна со тунелот, за после да здивнеме и исчезнувањето да се случи токму кога нема да очекуваме. После моментот кога сфативме дека Саскиа ја нема три години, некако филмот ми застана, или одеше, ама пребавно. И некои работи ми беа нелогични, она баш “како на филм“, на пример: кој нормален би се качил во кола со некој, што ќе ти каже дека е убиецот или киднаперот на жена ти, и притоа ти вели дека ќе те носи во Фрнција за да ти ја каже вистината? Друга работа, ако го сретнеш киднаперот/убиецот на жена ти, нема да имаш некој нагон да го претепаш/убиеш/мачиш? Туку ќе му удриш две клоци ко да си во ПМС и после ќе го слушаш како ти кажува во кола за тоа како кога бил 16 скокнал од балконот оти сакал да ѝ противи на судбината??? Okaaay. И капак на сѐ беше она сцената кога свесно одлучува да се напие апче за заспивање за да го доживее она што го доживеала жена му ( со 99% веројатност да е мртва). На таа сцена бев ко:

Инаку да, се согласувам со повеќето што кажаа дека психопатот е претставен на еден неконвенциален начин – семеен човек итн. Човекот беше прекрипи како и да е, одлично изглуми бај д веј.

Му дадов 7 на летербокс, ама сега се подразмислувам дека му е многу. Ама ај, нека му остане.

Да го додадам и ова: понекогаш се чувствувам бесцелно како втората девојка на Рекс.
7/10

Amarcord (1973)

Јас ги обoжувам La Dolce Vita, La Strada и Nights of Cabiria. Некако мислам дека таму посубјективно ги доживував ликовите и сочуствував со нив, а во Amarcord едноставно не можев да го направам тоа со ниеден лик. Можеби тоа не ни му било цел на Фелини со овој филм.. можеби треба Amarcord да се сфати како една временска “прошетка“ низ калдрмите на Римини, како еден портрет на едно мало гратче со дух, а тој дух го чинат луѓето, традицијата, политиката, секојдневноста. Не можев, а да не прочитам нешто повеќе за тоа за што всушност е филмов, пошто и јас како повеќето од вас, филмот го доживеав прилично конфузно и не можев, гледајќи, да најдам некоја главна линија, односно смисла. Па така разбрав дека всушност Фелини е роден во близина на Римини и дека овој филм е вид на автобиографија на фелиниевите сништа и реалност.

Моја лична грешка е што правев прекини дур го гледав филмов и можеби затоа не се поврзав со него. Ама не можам да кажам дека беше лош, ама мислам дека сега за сега е доволна 6. Можеби по второто гледање ќе го доживеам на поинаков начин.
6/10
 
Последно уредено:
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
2.544
The Children of Heaven (1997)

Прекрасна семејна драма за братчето и сестричето, кои случајно ќе паднат во, за нив, една огромна невоља. Режисерот ни го прикажува детското гледиште на справувањето со оваа ситуација. Попатно се запознаваме и со условите и начинот на живот на сиромашните семејства во предградието. Пленат детската искреност, добронамерност и пожртвуваност. Така и треба, со оглед дека филмов и е наменет за детска публика, но одлично поминува и кај возрасните што е додатен плус. Дури и неизвесноста на трката пред крајот од филмот.
Сите кинематографски елементи се во ред, немам што да забележам.

8/10
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
The Children of Heaven

Конечно филм кој ми се допадна!

Убаво изградена приказна за братско-сестринската љубов, за Али и Захра, но и за активната улогата кои ја имаат децата во семејството во таа култура.

Филмот започнува со крпење на едни парталави патики, тоа се патиките на Захра, кои Али несмасно ги губи.

Јасно е дека ова е детски филм кој и има скриени пораки за одредени вредности, како чесност, скромност и човечност. Тука е сцената кога добиваат торба шеќер од џамијата, а притоа дома немаат шеќер. Таткото не сакаше да земе ни коцка затоа што истиот му бил даден во доверба!

Гледам дека многумина ја изоставија причината за неговата иницијална партиципација на трката, сакаше да биде трет, така ќе добиеше машки обувки, кои ќе ги заменеше со женски. Кога влезе, во дворот, без обувките, светот му се сруши кога го виде разочарувачкиот поглед на Захра. А желбата за искупување се гледаше и на секој плик на неговите нозе.

7/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.790
Поени од реакции
33.597
Children of Heaven

Убаво филмче. Одамна сакав да го гледам, зашто го има на многу од тие: A Must Watch листите, па еве за тоа е Клубот - тоа што никако да му дојде редот нормално, ќе му дојде преку Клубот. Ми се допадна приказната, баш беше bitter-sweet, некои моменти ме потсетија и на моеето детство, па така имав една кнедличка в грло. Децата супер си одглумија, особено Али. Баш деца од рајот! Малку средината на филмот ми беше вишок, зашто некако се вкопа дејството в место и почна да вергла, но се искупи со трката на крајот. Измеѓу 7 и 8 од мене, ама сепак повисоката оценка ќе ја добие, значи 8/10.

@devilko , @Setsuko , @Corvus , @Комита Ултрас , @grande-juve , @Darklady , @Violetova , @zmija1 , @Варвара - утре е последен ден за филмов.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom