FILM CLUB (КРУГ 5) (205. Dogtooth: 18.11-01.12.2024)

Член од
2 март 2022
Мислења
97
Поени од реакции
457
The Gambler (1974)

Ќе треба да го прочитам Достоевски.

Прв пат слушам за филмов, и некако ми имаше vibe на Mean Streets од Скорсезе, иако тој филм ми избледна многу брзо од сеќавање по гледањето.
Ако претходниот филм во клубов беше feel good овој, барем мене ми беше feel bad. Секогаш ми се тешки вакви филмови со коцкари кои пропаѓаат само подолу и подолу. Мислам ги најде парите и ги прокоцка одма... се надевам никој да не заглави вака од луѓево што ги познавам.
Одлична глума од Кан. Добра и тешка драма пред се, во која тешко можеме да гледаме со симпатии кон главниот лик. Интересни ми беа моментите кога дискутираа за филозофски теми поврзани со литературните дела.
Искрено не би го препорачал не некого што не гледа ваков тип на филмови.

Фала за предложувачот што ни предложи филм за кој немав слушнато ама баш ништо и добив шанса да го изгледам. Од мене добива 7/10.
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.212
Поени од реакции
8.312
Фала за предложувачот што ни предложи филм за кој немав слушнато ама баш ништо и добив шанса да го изгледам. Од мене добива 5/10.

3 ти филм по ред гледаме драми
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.066
The Gambler (1974)
Гледав пред години ваков филм, мислев сум го гледала овој, ама тоа да ти бил римејкот од 2014 година.
Приказната горе-долу таа е.

6/10
 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.764
Поени од реакции
5.052

Ок глума од Кан и споредните улоги , ми се допаѓаат филмови од постарите декади ..ако ништо друго интересна ми е сценографијата,дизајнот,стилот,културата од тие времиња шо ме тера да го изгледам филмот.
Филм за класика лузер коцкар, кој почнува верижно да тоне и самиот лик гледа хинт на работите кои ќе му се случат доколку продолжи со истата шема и му се случува дежа-ву и тоа е тоа ..кога би бил римејк тешко дека би се обидел да го гледам.

6/10
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.747
Поени од реакции
2.562
The Gambler (1974)

„Коцкарот“ не е типичен коцкарски филм, ниту драма за проблемите од коцкањето. „Коцкарот“ е филм за коцкарот Аксел Фрид, зависник не од коцката, туку од потребата да биде во неизвесност, во опасност. Коцкањето е само еден начин да го постигне тоа.

Аксел не е типичен коцкар. Тој е високообразован, интелигентен, професор по литература, доаѓа од угледна фамилија. Како што самиот вели, „Не се обложувам на познати, така може да добијам. Играм за да изгубам“.

Додека сите околу него се извадени од памет за сумата што ја должи, тој ладнокрвно става нов облог и тоа онака, од ѓутуре. А кога конечно успева да ги позајми парите што ги должи, не оди да се раздолжи, туку со целата сума повторно оди да се коцка.

Како противтежа ги имаме неговите предавања по литература, иновативни и луцидни анализи на класичните автори и нивните дела кои секогаш водат кон заклучок дека треба да се ризикува, со што си дава оправдување за своите постапки.

Дури кога ќе дојде во ситуација да е принуден да компромитира еден од своите студенти, гледаме нешто што личи на некоја морална двојба. Исходот на таа постапка го води кон нов облог и нова поголема опасност, но овојпат со неговиот живот како влог.

Феноменална изведба на Џејмс Кан во оваа улога. Создава крајно уверлив лик со кого сочувствуваме иако не се согласуваме.

Одлична и режијата. Бавно, но не и досадно го дисецира ликот. Сцените со исчекување на резултатите од натпреварите беа мирни и едноставни, но преполни со тензија како во завршницата на некој трилер.

И за крај една тривија, филмот е полубиографија на сценаристот Џејмс Тобак.

8/10
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.484
Поени од реакции
7.307
The Gambler (1974)

Го гледав уморен, после 7 саати пат во автобус и без проблем ме држеше цел филм. Ме потсетуваше на The Long Goodbye и The Killing of a Chinese Bookie иако овие се друг стил.

Џејмс Кан фантастичен, мислам дека немаше сцена без него во филмот. Богат дедо, израснат без татко, ги имал сите услови, интелегентен и професор, ама и човек кој за да се чувствува живо се коцка на сѐ и сешто. Не е толку за парите колку што е за опасноста, неизвесноста и шансата да изгубиш, за што и ни дава "оправдувачки" примери на неговите предавања преку некои класични дела. Го следиме како се носи со тој порив и кога губи и кога добива и сочувствуваш со ликот, зашто се гледа дека нема контрола и кога тогаш кобно ќе заврши, а има некоја допадливост(благодарение и на глумата).
Провејуваше цело време и (нео)ноарски шмек што е секогаш плус кај мене.
Ми се свиѓаше како е склопен, посебно деловите кога се случува и го исчекува исходот од кладењето.
Исто одлично се вклопи и браво за изборот на симфонијата од Густав Малер... тотално погодени беа музиката и филмот еден за друг.

8/10
Автоматски споено мислење:

Годината ја заокружуваме со Le Trou (1960)



Едноставна тема, бегство од затвор, останат ми е во сеќавање како еден од најнапнатите филмови што сум ги гледал. Од моментално активните членови никој го нема оценето, а и ме интересира дали после 10тина години пак ќе ми биде 10ка.
 
Последно уредено:
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Џими мадафака. Многу бесна појава е млад Џејмс Кан, можеби еден од најлудите и најнепредвидливи актери во вакви улоги на ликови кои се наоѓаат пред колапс, под константна паника и неизвесност.
Филм за најглупиот сој на луѓе а тоа се коцкарите, поготово па вакви коцкари кои имаат све у животот ама ете според некоја ретардирана линија у мозокот одлучуваат да бидат глупави пропалици кои покрај тоа што си го уништуваат сопствениот живот, го упропастуваат и на другите околу нив, најчесто тоа се најблиските членови на семејството, девојка, жена.

Реално, надвор од филм, до сеа требаше да биде претепан едно десет пати, тој лихварот доаѓа и му бара решенија па од нигде никаде испадна ученик кошаркар па местеа утакмици, бла бла.
Али затоа секогаш е тука гласот на разумот, големиот Поли (Нилс ли се викаше тука забораив), или на Балканот познат како Кичо Слабинац додека во Јужна Америка го викаат Маурицио Покетино. :D
Mу вика, знаеш ли што стои измеѓу безбол палка и твојата глава? Мојот збор.

Филмовите од 70те години генерално ми се тежок просек и крш, така ни овој не бега од тоа тотално неинтересно сивило.

Не е лош.

6/10
 
Член од
2 март 2022
Мислења
97
Поени од реакции
457
Le Trou (1960)

Навистина напнат трилер до сам крај. Овој филм ми стоеше во watchlist подолго време, мислам го најдов на некоја листа, не ни знаев што се случува, ни дали е добар толку.

Дејството е многу едноставно, притвореник е пренесен во нова ќелија каде што новите цимери му кажуваат дека планираат да избегаат од затворот. И тука почнува најдеталното прикажување на бегство од затвор, од пробивањето на подот па барање излез од тунелите. Сето тоа со умешно прикривање со цел стражарите да не забележат ништо. И после иде крајот, кога до последен момент чекав да избегаат, и се случи тоа што се случи, многу фрустрирачки, новиот цимер сепак ги предал на управникот со цел дека ќе замине побрзо од затворот, што нема да се случи.

Толку е добро сниман, не се открива многу за што се осудени другите затвореници, па ни нивното минато, па така може и да се приврземе за нив и посакуваме да избегаат.
Сцената со водоинасталатерите беше забавна.
И сето ова било снимено според вистински настан и едниот затвореник дури сам се глуми во овој филм.
Ликовите ми беа одлично одглумени.

Го препорачувам на сите љубители на трилер филмови или на prison breaks.

Од мене добива висока 8/10, а ако ми легне, во иднина може некогаш и ќе ја зголемам.
Фала за предлогот, беше уживање.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.010
Поени од реакции
37.339
The Gambler

Конечно стигнав да пишам, се извинувам и на @moongoses и на @grande-juve за доцнењето, но со предновогодишните забави, прослави, глупости, дури денес конечно се ослободив за да одвојам повеќе време за филмови и форумов. Прв пат слушам за филмов и јас, искрено. Но, како да очекував повеќе: дали дека е предлог на @moongoses , или не знам што, но имав навистина високи очекувања од филмов. Се испостави она од што стравував: немам некое особено високо мислење за филмовите од 70-тите. Некако таа декада ми една од полошите во кинематографијата, иако од оваа 1974 се Godfather 2, The Conversation, Chinatown... - се тоа одлични филмови. Не дека филмов ми беше лош, да бидам појасен, само реков - очекував нешто многу повеќе.

Инаку, мислам дека го имам гледано филмов по телевизииве - имаше сцени на кои се присеќавав, како од магла. Меѓу нив и последната, со тепачката со црнецот. Кан беше феноменален низ цел филм, буквално целиот го износи на свој грб. Приказната иако тешка за гледање - прецизна до срж, знаев уште од старт што ќе направи со парите од мајка му, зашто се поинаку не би било реално. Одличен приказ на една зависност со одлично изградена улога и одлично портретирана, како што реков. Но не беше ова лесен филм за гледање. Можеби да бев во некој друг mood од овие предпразнични еуфории, ќе ми се допаднеше повеќе, којзнае. Вака - 7/10 од мене.

__________________________
The Gambler го гледаа 9 души, исто колку и другите 2 од овој круг, и му дадоа средна оценка: 6,6. Го испуштија:

@Комита Ултрас , @Darklady - прв неизгледан
@Miss.Independent - втор неизгледан, жолт картон
@wot и @Imperatorot - трет неизгледан, црвен картон. Се надевам ќе се видиме наскоро назад во Клубот.

188. Le Trou - Jacques Becker (1960)
18.12-31.12.2023, предложувач: @grande-juve

1703182529476.png
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
le trou

Мене ми беше јак оној психолошки момент у филмот а тоа е човечноста во луѓето и себичноста. Едниот Жао, совеста не му даваше да избега пошто тоа ќе ја убие мајка му од секирации, сепак до самиот крај одлучи да им помогне на другарите, за малце ќе загинеше коа се сруши тунелот. Од друга страна себичниот и наивен Гаспард одлучи да биде кукавица и да ги предаде другарите, да ги наречам така.

Другото беше многу тапа и детски у најмала рака. Се плашат од чуварите, посматраат дали идат низ ходник со огледалце ама затоа немаат гајле да кршат бетон со железо од кревет, кој чуварите детално го проверуваат. Се прљаат со кал, земја, камења а чуварите абер немаат што се дешава иако вршат детални претреси. Џандарите идат у обиколка а овие двајца еден врз друг одат околу стубот за да не ги видат, абе ајде Чарли Чаплин :D
Нит беше напнат нит ништо слично, имаше убав тек, океј беше за гледање и она првото што го пишав ја зголемија оценката, иначе ќе беше прогласен за глупоштина.

7/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.010
Поени од реакции
37.339
Le Trou

Убаво, многу убаво филмче. Фала @grande-juve за предлогот. Искрено, не знам како ги наоѓате филмовиве, и за овој исто ко за The Gambler прв пат слушнав сега. Не земал речиси никакви награди, учествувал само во main programme на Кан, но исто без позначаен успех. Јас дури не сум го видел и низ тие листите на филмови што мора да ги гледаш, на кои се вртат се едни исти... Но, ако знаете за уште вакви ремек дела за кои ретко кој друг знае, пишете, не бидете скржави.

Претензичен филм! Не знам Џонтра што очекувал, јас срцев удар ќе доживеев мислејќи цело време дека ќе ги фатат. За лупањето имаше објаснување: баш сред бел ден, додека стражарите поминуваа крај нив не било чудно, зашто нели им даваа задачи да работат. Јес да они правеа кутии од картон, но можеби во некоја друга ќелија некои требале да коваат железо, who knows. Јас така го сфатив тој момент. Инаку, да, по вистински настан е снимен филмот, и еден од „актерите“ (ниту еден не бил професионален актер, патем, режисерот намерно барал аматери за да изгледало пореално) е вистинскиот криминалец кој учествувал во вистинскиот обид за бегство (Роланд, организаторот е тој, но „актерот“ е потпишан под псевдоним - Жан Керауди). Уште една интересна занимливост - актерот кој го глумеше Ману, Филип Лерој, иако аматер за филмов, по него станал професионален актер, има снимено преку 150 филма. И за разлика од сите останати, уште е жив и има 93 години.

Инаку, моментот на крајот од филмот, со Гаспар, знаев дека ги има накодошено во оној момент кога тој главниот чувар, мислам Гринвал дека се викаше, го донесе назад во ќелијата и го погледна некако со презир, ко да го сожалува, зашто реално за жалење беше типот. Тогаш бев 100% сигурен дека ги накодошил и крајот веќе не беше изненадувачки.

Навистина убав филм, ќе се репризира ова некогаш. Се погоди во 2 дена да гледам 2 прекрасни француски филмови по Anatomy of a Fall вчера. Препорака и за него до сите вас.

9/10
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.747
Поени од реакции
2.562
Le Trou (1960)

Две работи што остануваат во сеќавање од филмов: лошата организација на француските затвори и како се крши бетон. Не верувам дека дотогаш било снимано толку чукање и копање, а ни оттогаш.

Драмата сосема солидна со прилично напнати моменти како што има во вакви „прикрадувачки“ филмови. Сцената со чуварот што ги претресуваше кутиите со храна ептен ми се допадна.

Одлична атмосфера во целиот филм. Да не беше сниман според вистински настан многу работи немаше да изгледаат уверливо, но некогаш реалноста е поневеројатна од таа на филм.

Ликовите убаво насликани, всушност цело време навиваме за криминалците, кои се цело време солидарни и верни еден на друг дури и кога со тоа самите си штетат. Од друга страна го имаме ликот на еден млад буржуј кој во затворот е заради несреќен случај. Тука се наметнува моралната дилема дали треба да ги заштити цимерите по секоја цена или да ги издаде и да се спаси, со што всушност спречува бегство на криминалци од затвор.

7/10
 

Kajgana Shop

На врв Bottom