FILM CLUB (КРУГ 5) (205. Dogtooth: 18.11-01.12.2024)

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Добар е, ама само толку, добар. Нешто над просекот и ништо повеќе. Кај мене не претставува проблем ако филмот е српски, арапски, ерменски или американски. Како што наброја Златикевичиус погоре има доста добри српски филмови, Ничија Земља мислам дека долго ќе ми биде фаворит, ми се свиѓаше кога го гледав прв пат, кога бев копиљ и кога ништо не разбирав од филмови, одамна го немам повторено, ама дефинитивно еден од најдобрите ќе ми остане.
Е сега за Клопка. Уште од старт некако се предвиде целава атмосфера во филмов, што ќе се случи следно, па сега ќе им се деши нешто страшно, па сега овој што се јави на огласот ќе бара од татково да направи некое кривично дело, па после нема да може да го најде и да си ги земе парите. Се беше некако по шаблон правено, by the book како што кажавте погоре.
Ја сфаќам цела таа одбивност кон моменталното општество што сака да ни ја пренесе филмов, кога Мики Манојловиќ почна да кажува како секој живот во 9/11 нападите не бил испплатен на ист начин, кој како се вреднува во светов.
Глумата ми беше океј, Аница Добра некако повеќе на убавина ми се влечеше отколку на глума, малиов ми беше добар, ваљда има доста добра иднина во него. Камерата на моменти ептен ми се допаѓаше, како на пример сцената со базентот кога татково му отиде дома на типот што го унајми да си ги земе парите и дадоа камера од под вода, ме потсети на Breaking Bad и сцената со розевото мече после авионската несреќа. Не ја сфтив поентата на докторот и опседнатоста со Ренолчето ама добро.
Се на се, добар беше, не кружев околу стол додека го гледав, ама не верувам дека некогаш би го репризирал, можеби ако случајно го начекам по телвизија некогаш.
6/10
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Коа више збориме за српски филмови и Небеска удица е доста добар филм, бар според мене.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.634
Поени од реакции
31.847
Вечер че го гледам. Минативе денови не можев, се спремав за одбрана на магистерска, и се оттарасав конечно вчера. Taка да поредовен и попринципиелен ќе сум во иднина на темава :D
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.004
Поени од реакции
37.320
Вечер че го гледам. Минативе денови не можев, се спремав за одбрана на магистерска, и се оттарасав конечно вчера. Taка да поредовен и попринципиелен ќе сум во иднина на темава :D
ЧестиЧки! Значи од сега ќе треба да ти се обраќам со м-р @Erich Zann ?
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.634
Поени од реакции
31.847
ЧестиЧки! Значи од сега ќе треба да ти се обраќам со м-р @Erich Zann ?
Хех........нема потреба, ја немам таа потреба за потенцирање „титули'' :D

р-р викај ме, ретардистер Ерих Зон.:icon_lol:
 

Leo Bonnie

Кад се врате скитнице
Член од
20 декември 2008
Мислења
4.486
Поени од реакции
5.581

ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
9.172
Поени од реакции
25.324
Коа видов дека ќе го глуми филмов Живац од Кад порастем бичу кенгур знаев дека ќе биде добар филмот. До душа се сте опфатиле, да приказната е веќе видена ама зашто претходно сме гледале премногу холивудски филмови. Кога станува збор за Балканот, ова ретко е ваков филм да се види, сите знаеме какви се општо балканските филмови и тоа е за поздрав.
Глумата на сите ликови мене ми се свиѓаше, најдобра сцена ми беше последната дефинитивно. Се гледаше дека после сите гомна што му се десија на човеков бараше излез или спас од целата ситуација. Првин проба тоа да го направи во полицијата, па со кажувањето на жена. Од кога виде дека ништо од ова не му помогна отиде кај вдовицата, по што и тоа не помогна. На крајот единствениот спас го виде во братот на типот што го уби, затоа и мислам дека седеше уште на семафорот зашто знаеше што ќе се случи.
Оценка од мене 8/10.
 
Член од
1 декември 2010
Мислења
1.294
Поени од реакции
2.781
Каква кола вози ? дали докторот го праша тоа за да им ја процени финансиската состојба ? ? Па им ги кажа лошите вести после тоа.... на втората средба им ги соопштува вестите, па го прашува и каква боја е реното xD
Многу ме изнервира тој пријателот од кого побара позајмица, изгледаше како да има, а да не сака да му помогне, такви ги има насекаде околу нас и те тера да се запрашаш во таква ситуација кој би ти помогнал.
Цело време се прашував на кој се исповедува, дали на жена му, дали во полиција, дали прави видео и ич не помислив дека може тоа на вдовицата да го раскажува... целосно се заеба, го уби грижата на совест, на момент помислив дека сам ќе го повлече чкрапалото, ама му даде шанса на братот на Петар да се одмазди. Се на се, добар филм, не допре премногу до мене, ама 8ца мислам дека заслужува.
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.893
Поени од реакции
6.166
Иако не ми беше прв избор, содржината на Клопка е многу слична до еден немил настан кој се случи во не така дамнешно минато кај нас, случајот Тамара, од кој сите бевме фрапирани и гневни на општеството кај нас. За она општество кое дозволува да умре невино детенце за едни минимални 30к евра, пари кои богатите олигарси кај нас ги трошат за рамки за слики, за луксузни парчиња часовници, автомобили, пијанки и забави. И најлошото е тоа што ова е само еден случај кој доби малце повеќе медиумско внимание, колку ги има само кај нас за кои и не се знае....
Баш поради сето ова, се одлучив мојот избор да падне на него.
Сценариото имаше дупки во него, несомнено е тоа. Горе-доле и мојата оцена за истиот се поклопува со поголемиот дел од вашите оцени. Но, не можам да разберам како не успеа сторијата да допре до вас? И како само Злате успеа филмот да го поврзе со овој немил најстан кај нас...

Што би направиле доколку вие како родител вашето дете се најде во таква ситуација? Гледаме дека системот не помага никако, пријателите исто така, баш тогаш, кога се најпотребни ги нема, донациите не се доволни, сумата не може да се собере. Бракот ви се распаѓа преку ноќ, тек тогаш ја разбирате цврстината на темелите на кој е основан. При прв ќорсокак, при прва тешка ситуација истиот крахира.
Останувате сами, очајни, обвинети од сите страни, немоќни да сторите било што да го спасите животот на она што ви е најмило. Завиени во темнина, полни со омраза кон се што ве изневерило, кон својата жена, кон пријателите, кон работодавците, кон државата, кон бизнисмените, директорите, олигарсите, кон сите оние кои цел ваш живот ги краделе вашите чесно заработени пари, вашата мака и пот, патем истите се заштитени како бели мечки, се забавуваат, веселат, се расфрлаат со пари, со богатство стекнато на плеќите на неколку стотици илјади како вас. Нивните деца секој ден лумпуваат по кафани, трошејќи енормно големи суми на пари на алкохол, дрога, блуд...
Можете ли да останете рамнодушни на тоа? Или ќе го покажете вашиот гнев?
Според мене, Клопка феноменално успева да го отслика нашето општество иако се работи за филм од соседството, разликите се минорни.Успева да ги одговори сите прашања и да ги прикаже најреално чекорите по кои се одвива сета таа ситуација.
Дали истите се исправни или не, дали треба да се одобрат или осудат, секој треба да си донесе сам свој заклучок.
Секогаш постои друг начин, полесен, подобар...


Оцена: 7.5 и по второ гледање. :)
 
Последно уредено:

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.494
Поени од реакции
9.494
Јaс не гледaм прoблем вo мене зoштo филмoт не ме дoпрел. Сум гледaлa цртaни штo пoвеќе ме дoпреле.
И сегa мислaм декa јaс личнo се зaлетaв сo oсумкaтa.
Бaш декa oбрaбoтувa тaквa рaнливa темa, требaлo и мoрaлo дa биде пoдoбaр. А пoштo дoпрел сaмo дo двaјцa oд десет тукa кoи гo гледaле, и сaмo тие двaјцa ги приближил дo вистински нaстaни, тoгaш дефинитивнo е зa 6.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.004
Поени од реакции
37.320
Јaс не гледaм прoблем вo мене зoштo филмoт не ме дoпрел. Сум гледaлa цртaни штo пoвеќе ме дoпреле.
И сегa мислaм декa јaс личнo се зaлетaв сo oсумкaтa.
Бaш декa oбрaбoтувa тaквa рaнливa темa, требaлo и мoрaлo дa биде пoдoбaр. А пoштo дoпрел сaмo дo двaјцa oд десет тукa кoи гo гледaле, и сaмo тие двaјцa ги приближил дo вистински нaстaни, тoгaш дефинитивнo е зa 6.
После јас сум ставал високи оценки по прво гледање... :P

Се шегувам, и јас осмицата само дека српски, а поинаков. ;)
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.634
Поени од реакции
31.847
Oдлично сценарио. Иако на моменти ми беше лесно да погодам во кој правец би одела приказната, но сепак на едно интересно и квалитетно ниво беше обработено.

Во приказната иди до израз сето срање и рушење на свет кога ќе биде доведен во прашње животот на најмилите. Е тука малку недостигаше повеќе приказ на срањениците според мене, бидејќи фокусот во приказната беше поставен во излезот од ситуацијата. Мислам дека ако режисерот и екипата посветеле барем додатни 10тина минути, кај емоционалната болка ќе допреа повеќе до публиката. Затоа и дел од форумџиите не почувствале некое негативно чувство и не допрел до нив филмот.

Од друг страна е тестирана човековата природа, до каде би одел човек со безумието во случај да мора да го спаси своето чедо? Интересна дилема, за спас на еден живот да се одземи друг живот, која лично мене ме задума како би реагирал јас во таква ситуација доколку сум родител.

Од друга страна на оваа друга страна пак е прикажана хуманоста и вербата во човештвото каде постојат луѓе кои сакаат да помогнат без да им биде нешто дадено за возврат, и иронијата на филмот поентира при крајот во овј елемент.

Особено интересен ми беше крајот, во кој главниот лик си пресуди според мене, дека мора да го жртвува животот за да се искупи од гревот. Чинам дека свесен беше кога го погледна братот на убиениот, дека во случај да се повртка минута повеќе во околината, ќе му го свирнат куршумот. И затоа пред семафорот онака дремеше во исчекување.

7.5 од мене. Се думав и до 8 да одам, ама само 8ки редам. Ќе ја дадев таа 8ца во случај да имаше подетална обработка на ликовите, тука ми фалеше тој елемент, подетална обработка на трансформацијата на ликовите, како дел и суштина од филмот, пропратно обработка на решението за излез од ситуацијата.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Ај нека биде добар некој да ми прати торент пошто не можам да најдам. Да не го глеам на јутуП на тостер снимка.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom